Астон Вила и Фрајбург во борба за пехарот во Лига Европа


Екипите на Астон Вила и Фрајбург се изборија за пласман во финалето на Лига Европа откако синоќа постигнаа победи на реванш полуфиналните дуели. Во пресметката на премиерлигашите и поранешни европски шампиони Астон Вила го победи Нотингем Форест со 4:0. Астон Вила поведе со голот на Оли Воткинс во првиот дел и на тој начин ја […]

Лејкерси немоќни без Дончиќ


Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер и Детроит Пистонс поведоа со 2:0 во полуфиналната серија од плејофот за титулата во НБА. Чет Холмгрен и Шаи Гилџус-Александар постигнаа по 22 поени за да го предводат Оклахома Сити до победа од 125-107 над Лос Анџелес Лејкерс, додека Пистонс ги победија Кливленд Кавалирс со 107-97 и го зголемија водството. […]

Ракометарите на Вардар со убедлива победа над првакот Е.Пелистер до шампионската титула


Ракометарите на Вардар во дуелот од 7.коло од плеј офот од Супер лигата вечерва го совладаа актуелниот првак Еурофарм Пелистер со 34:19 (18:12). Со новите два бода „црвено-црните“ стигнаа до 56 бодови или осум повеќе од вториот Охрид што воедно значи недостижна предност на три кола до крајот на првенството и нова шампионска титула за […]

Хаос во Реал Мадрид пред дуелот со Барселона


Нови непријатни вести стигнуваат од таборот на Реал Мадрид пред дербито во недела со Барселона. За време на тренингот во средата по еден груб старт дошло до тепачка меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени. Соиграчите успеале да ги раздвојат. Но, имало и „второ полувреме“ според „Марка“ Валверде одбил во соблекувалната да се поздрави со Чуамени, […]

Новиот светски шампион го напушти училиштето и избра нехумани услови со својот татко за да ги оствари своите соништа за снукер


Младиот Кинез Ву Јизе, импресивен 22-годишник кој стана нов светски шампион во снукер, се откажа од многу работи за да ги исполни своите соништа и да стане професионалец. Во понеделник, Јизе стана вториот најмлад играч во историјата на снукерот што стана светски шампион. Единствениот помлад од него на 21 година беше легендарниот Стивен Хендри во […]

Утре почнуваат „Плазма – Спортските игри за млади“


Над 27.000 деца од целата држава оваа година ќе учествуваат на „Плазма – Спортските игри за млади“, кои опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде ќшто е се натпреваруваат со врсници од регионот. По […]

НБА: Њујорк го зголеми водството, Сан Антонио израмни


Кошаркарите на Њујорк поведоа со 2-0 против Филаделфија во полуфиналната плејоф серија на Источната во НБА лигата, откако синоќа на домашен терен триумфираа со 108-102. Џејлен Бренсон беше најефикасен во редовите на Њујорк со 26 поени, додека Оги Ануноби реализираше 24 поени. Во редовите на Филаделфија, која играше без повредениот Џоел Ембид, најефикасен со 28 […]

Арсенал до финалето без пораз, ПСЖ постигна 44 голови


Финалето на 71. издание на елитното европско клупско фудбалско натпреварување ќе донесе пресметка меѓу Арсенал и бранителот на титулата ПСЖ. Финалето на Лигата на шампиони ќе се игра на 30 мај во Будимпешта на „Пушкаш Арена“. Лондонски Арсенал дојде до финалето без пораз, со 11 победи и три нерешени, и гол-разлика 29-6. Сепак, во нокаут […]

Почина кошаркарската и спортска легенда Владимир Цветковиќ


Владимир Цветковиќ, прославен југословенски кошаркар и долгогодишен генерален секретар на фудбалскиот клуб Црвена Звезда, почина на 85-годишна возраст. Ќе биде запаметен како елегантен играч под обрачот, но и како еден од креаторите на најголемите успеси на белградскиот клуб, со кој како службеник ги освои европските и светските шампионски титули. Целата своја играчка кариера, од 1959 […]

ПСЖ го елиминира Баерн и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите


Фудбалерите на ПСЖ се изборија за ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од полуфиналето против Баерн во Минхен. Победата од 5:4 на првиот дуел се покажа решавачка за пласманот на ПСЖ во финалето. За францускиот тим ова е трето финале, а второ во низа во најквалитетното фудбалско […]

Енрике: Му се восхитуваме на Баерн, но тоа е мотивација да бидеме подобри


Европскиот првак ПСЖ е на чекор до ново финале и шанса да ја брани титулата во Лигата на шампионите. Францускиот тим на првиот дуел имаше предност од 5:2, но не успеа да ја задржи и вечерашниот реванш во Минхен ќе биде исклучително тежок. –    Ќе играме во Минхен и ќе се стремиме да бидеме […]

ФИФА во проблеми. Две огромни земји нема да имаат пренос од Светското првенство?


Додека расте еуфоријата пред Светското првенство, кое започнува на 11 јуни, светското фудбалско управно тело ФИФА се соочува со неочекуван проблем. Иако договорите за телевизиско емитување се склучени со 175 земји, двете најнаселени земји во светот, кои сочинуваат приближно 36 проценти од светската популација, Кина и Индија, сè уште не им е загарантиран пренос. Според […]

Симеоне: Немам сила да продолжам


Атлетико Мадрид повторно го загуби трофејот од Лигата на шампионите, натпреварување кое Диего Симеоне сè уште не го освоил со „Колчонеросите“. Откако беше елиминиран од Арсенал по двата полуфинални натпревари со вкупен резултат 1-2, аргентинскиот тренер изрази жалење за поразот и даде интересна изјава. Видливо потресен, Симеоне кратко одговори кога беше прашан за иднината: „Дали […]

Лејкерси немоќни против Оклахома Сити


  Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер убедливо ја отворија полуфиналната серија од НБА плејофот на Западната конференција, победувајќи ги Лос Анџелес Лејкерс со 108:90 на домашен терен. Херој на натпреварот одигран во среда навечер беше Чет Холмгрен со 24 поени и 12 скока. Одлична поддршка за Холмгрен му дадоа Шаи Гилџус-Александар и Аџај Мичел, двајцата […]

Лавовска битка во Лондон: Арсенал прв финалист во Лигата на шампиони


Лондонски Арсенал е првиот финалист во фудбалската Лига на шампиони, откако вечерва на домашен терен го совлада Атлетико Мадрид со 1-0 и со вкупен резултат од 2-1 го елиминираше во полуфиналето шпанскиот клуб. До своето второ финале во клупската историја во елитното натпреварување, Арсенал дојде со голот на Букајо Сака во 44 минута. Арсенал во […]

Вардар го победи Монпеље, но недоволно за Ф4 во Европската лига


Ракометарите на Вардар 1961 со победа го завршија настапот на европската сцена, но триумфот вечерва од 27-24 над Монпеље во реваншот од четвртфиналето во ЕХФ Лига Европа, сепак, беше недоволен да ја надоместат негативата од десет голови и да се пласираат на завршниот турнир. Вардар одигра маестрални 40. минути пред своите гледачи, надополни седум голови […]

Сензација во пинг-понгот: Кина загуби по 26 години


Јужнокорејската машка репрезентација во пинг-понг ја победи Кина во тимско натпреварување за прв пат по 31 година во меѓусебните натпревари. Јужна Кореја ги победи светските шампиони Кина со 3-1 на Светското тимско првенство во Лондон во неделата. Со ова заврши неверојатната серија на Кина, која беше непоразена на светските тимски првенства од 2000 година. Тие […]

Рекордни 1,33 милиони луѓе се пријавија на Лондонскиот маратон 2027


 Рекордни 1,33 милиони луѓе се пријавиле за учество на Лондонскиот маратон во 2027 година, кој ќе се одржи на 25 април, со што е соборен претходниот рекорд поставен на овогодишното издание. Како што соопштија денеска организаторите, аплицирале вкупно 1.338.544 луѓе од целиот свет, во споредба со 1.133.813 минатата година, што е зголемување од 18%. „Овој […]

Тинејџерското француско велосипедско чудо, Пол Сексас, ќе учествува на годинашниот Тур де Франс


  Чудото во велосипедизмот, Пол Сексас, ќе го има своето деби на Тур де Франс оваа година, зголемувајќи ги надежите за првиот машки домашен победник на Франција од 1985 година. 19-годишниот возач на Декатлон-ЦМА ЦГМ предизвика интензивна дебата во Франција по блескавиот почеток на 2026 година, при што неговиот тим ги одмерува придобивките од раното […]

Минесота и Њујорк поведоа со 1-0 во полуфиналните серии од НБА плеј офот


Екипите на Минесота и на Њујорк поведоа со 1-0 во полуфиналето од плеј офот, откако ги совладаа Сан Антонио односно Филаделфија. Минесота успеа да направи подвиг со триумф на гостински терен и победа од 104:102 против Сан Антонио. Иако беше најавено дека нема да игра Ентони Едвардс се појави на теренот кај Минесота и реализираше […]