Зверев го израмни рекордот на Ферер за најмногу победи на Ролан Гарос од страна на играч без титула


Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во финалето на Ролан Гарос во 2026 година, израмнувајќи го достигнувањето на поранешниот шпански број 1, Давид Ферер. Во полуфиналето, третиот светски број го победи Чехот Јакуб Меншик со 7:5, 6:2, 3:6 и 6:3. Натпреварот траеше 2 часа и 59 минути. Оваа победа беше 44-та на Зверев во сингл […]

Шевченко: Ќе се обидеме да освоиме едно од првите три места


 Македонската Дејвис куп репрезентација од среда до сабота ја очекуваат мечевите од Третата Европска група од Дејвис купот. Според новиот формат на натпреварување по поразот од Кипар на почетокот од годината нашите тенисери имаат нова шанса за пласман во Втората Светска група, а на натпреварувањето во Кишињев, Молдавија ќе настапат осум репрезентации кои ќе бидат […]

На дел од делегацијата на иранската репрезентација, одбиени американски визи пред СП 2026


На дел од делегацијата на иранската репрезентација, вклучувајќи ги и членовите на тренерскиот штаб, им беа одбиени американски визи пред Светското првенство, објави АФП, повикувајќи се на иранската амбасада во Турција. На 3 јуни, иранскиот амбасадор во Турција објави дека играчите на репрезентацијата добиле визи. Американскиот амбасадор во Турција денес објави дека играчите и помошниот […]

Антонели победи на квалификациите за ГН на Монако


Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, победи на денешните квалификации за шестата етапа од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Монако. Антонели извози најбрз круг со време од 1:12.051 минута. Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, заврши втор (+0.043 секунди), додека возачот на Ферари, Луис Хамилтон, заврши трет (+0.228 секунди). Четвртото место му припадна […]

Андреева го освои Ролан Гарос


Руската тенисерка Мира Андреева го освои Отвореното првенство на Франција 2026. Во финалето на „Ролан Гарос“, осмата светска тенисерка попладнево ја победи Маја Хвалинска од Полска во два сета, со 6:3 и 6:2. Мечот траеше 1 час и 23 минути. Русинката сервираше еден ас, направи две двојни грешки и реализираше четири од седум брејк топки. […]

Јамал прв Шпанец прогласен за играч на сезоната во Ла Лига


Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, е прогласен за најдобар играч во шпанската лига за сезоната 2025/26. Осумнаесетгодишниот Јамал стана првиот Шпанец кој ја освоил наградата.  Наградата за играч на годината во Ла Лига се доделува од 2009 година. Лионел Меси ја освоил наградата девет пати, Карим Бензема двапати, а Кристијано Роналдо, Антоан Гризман, Јан Облак, […]

Брансон ги собори Сан Антонио Спарс во последните секунди. Њујорк Никс водат со 2:0 во финалето на НБА


Големото финале на НБА во 2026 година е во полн ек, а Њујорк Никс поведоа со 2:0 против Сан Антонио Спарс во борбата за трофејот на Лари О’Брајан. Со победа од 105:95 во првиот натпревар, Никс веднаш ја одзедоа предноста на домашниот терен, а потоа во драматичниот крај на вториот натпревар славеа со 105:104. Тимот […]

Јубилејно „Охрид трчаТ“ со рекордни 2.700 учесници од повеќе од 30 држави


Охрид од денес до 7 јуни е домаќин на јубилејното 10-то издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“, најмасовната спортска манифестација во градот, која годинава обединува над 2.700 учесници од повеќе од 30 држави. На денешната прес-конференција организаторите порачаа дека „Охрид трчаТ“ одамна ја надминал рамката на обичен спортски настан и прераснал во платформа за промоција […]

СП2026: Иранските фудбалери сè уште без американски визи


Иранските фудбалски репрезентативци, кои сè уште чекаат американски визи за Светското првенство, ги предадоа своите пасоши во Амбасадата на САД во Турција, објави денеска челникот на Иранската фудбалска федерација. Претстојното Светско првенство ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, но САД, каде што Иран треба да игра три натпревари од групната фаза, сè уште […]

Како од бајка: На раб на депресија, не можеше да си дозволи хотел, а сега е во финалето на Ролан Гарос


Маја Чвалинска (24) стана првата жена во историјата на Ролан Гарос што стигна до финалето на турнирот од квалификациите. Кога утре ќе излезе на централниот терен против импозантната Мира Андреева, неверојатната полска тенисерка, тоа ќе биде нејзин десетти натпревар на овогодинешниот Ролан Гарос. Таа игра во Париз речиси три недели; од 18 мај, кога го […]

Тениска бајка: Од квалификации до финале на Ролан Гарос


Полската тенисерка Маја Хвалинска продолжува со изненадувањата на Ролан Гарос откако синоќа се избори за саботното финале. Таа со 2:0 во сетови (7:6 и 6:4) за два часа игра ја совлада Дијана Шнајдер. Полската тенисерка во моментов се наоѓа на 114.место на ВТА листата и со пласманот во финалето влезе во тениската историја. Таа само […]

Брегот на Слоновата Коска ја шокираше фудбалската репрезентација на Франција среде Нант


Француската фудбалска репрезентација синоќа претрпе пораз во пријателскиот натпревар во Нант, каде што беа поразени со 2-1 од Брегот на Слоновата Коска. Иако „Сините“ водеа на полувреме со голот на Рајан Черки (45′), „Слоновите“ го свртија резултатот во второто полувреме со головите на Гела Дуе (53′) и Амад Дијало Траоре (84′). Овој пораз ја прекинува […]

Човекот што ги погоди последните три светски шампиони откри кој ќе го освои Светското првенство во 2026 година


Доколку неговите предвидувања се покажат точни, нè очекува еден од највозбудливите турнири во историјата на фудбалот. Јоаким Клемент, математичар познат по правилното предвидување на победниците на последните три Светски првенства, објави ново предвидување за Светското првенство во 2026 година. Според неговиот модел, холандската репрезентација би можела да стане нов светски шампион. Неговата анализа не се […]

Столе Димитриевски останува во Валенсија до 2028 година


Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски ќе остане во редовите на Валенсија до јуни 2028 година, откако шпанскиот прволигаш објави попладнево дека ја искористил опцијата за продолжување на соработката за уште две сезони. Димитриевски дојде во Валенсија во 2024 година и откако подолг период беше резервен голман, на средина од изминатата сезона се избори […]

Завршни подготовки за светското универзитетско карате првенство во Бразилија


Македонската универзитетска репрезентација ги привршува последните подготовки пред настапот на Светското универзитетско првенство во карате, кое од 8 до 13 јуни ќе се одржи во Бразилија, во организација на FISU. На шампионатот се очекува учество на околу 1.500 студенти-спортисти од повеќе од 40 земји, што го прави еден од најсилните универзитетски спортски настани во светот.  […]

Перез го враќа Мурињо на клупата на Реал Мадрид


Актуелниот претседател на Реал Мадрид гФлорентино Перез го претстави својот главен адут во трката за позицијата на врвот на клубот – тоа е тренерот Жозе Мурињо. Португалецот на клупата на „кралскиот клуб“ од 2010 до 2013 година. Објавата на социјалните мрежи се појави во моментот кога противкандидатот на Перез Енрике Рикелме гостуваше во емисија. Во […]

Њујорк го доби првиот финален дуел против Сан Антонио


Кошаркарите на Њујорк ја продолжија победничката серија во плеј офот од НБА лигата откако ноќеска победија како гости во првиот финален натпревар против Сан Антонио и поведоа со 1-0 во финалната серија. Ова за Њујорк е 12.та победа во низа во плеј офот. Првиот дел им припадна на домашните кошаркари, кои водеа на полувреме со […]

Нова сензација на Ролан Гарос! Сабаленка испадна уште во четвртфиналето


Руската тенисерка Дијана Шнајдер направи едно од најголемите изненадувања на овогодинешниот Ролан Гарос. Во четвртфиналето, таа ја победи светската тенисерка број 1 Арина Сабаленка со 3-6, 7-5, 6-0 по големиот камбек за да се пласира во полуфиналето на Парискиот гренд слем. Натпреварот на Централниот терен „Филип Шатрие“ беше обележан со исклучително тешки временски услови. Силните […]

Спортот е дипломатија – ќе се формира и регионален центар


 Спортската дипломатија како алатка за градење доверба, поврзување и економска соработка беше во фокусот на Самитот за спортска дипломатија што денеска се одржа во Скопје, каде беше најавено формирање регионален „Western Balkan Sport Diplomacy Hub“, со цел унапредување на соработката меѓу земјите од регионот и пошироко. Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, истакна дека […]

Испишана историја на Ролан Гарос


Јакуб Меншик испиша историја на Ролан Гарос. Имено, 20-годишниот Чех го победи Жоао Фонсека со 6:4, 6:3, 7:6(3) и за прв пат во својата кариера стигна до полуфиналето на Гренд Слем. Меншик со тоа стана првиот тенисер роден во 2004 година или подоцна кој стигнал до првите четири на Гренд Слем турнир. Тој, исто така, […]