СП 2026: Ромо донесе победа за Мексико


Гвадалахара – Фудбалерите на Мексико со победата од 1:0 над Јужна Кореја обезбедија пласман во следната рунда од Светското првенство. Тие ја постигнаа и втората победа и со шест бодови се на првата позиција во А групата. Стрелец на единствениот гол беше Луис Ромо во 50.минута. На првиот дуел од групата Чешка и Јужна Кореја […]

СП 2026: Канада го победи Катар со 6:0


Ванкувер – Репрезентацијата на Канада оствари убедлива победа од 6:0 против Катар на ноќешниот дуел од 2.коло од групата Б одигран во Ванкувер. Јунак на натпреварот беше Џонатан Дејвид кој постигна три голови, а репрезентацијата на Катар дуелот го заврши со девет играчи поради двата црвени картона на Хомам Ахмед (33.минута) и Асим Мадибо (51.минута). […]

СП 2026: Босна и Херцеговина убедливо поразена од Швајцарија


Лос Анџелес– Репрезентацијата на Швајцарија ја постигна првата победа на Мундијалот откако синоќа ја совлада Босна и Херцеговина со 4:1. По изедначеното прво полувреме, во вториот дел головите беа постигнати во последните 15 минути. Швајцарија првиот гол го постигна во 74.минута кога Јохан Манзамби одлично реагираше на една одбиен топка во противничкиот 16-тник и со […]

СП 2026: Во Атланта без победник Чешка и Јужна Африка одиграа 1:1


Второто коло на Светското првенство стартуваше со нерешен резултат откако во првиот натпревар Чешка и Јужна Африка одиграа нерешено 1:1. За две репрезентации ова е прв бод, откако во првото коло загубија. Чешка поведе во 6.минута со голот на Михал Садилек, додека Јужна Африка изедначи во финишот со голот од пенал на Техобо Монокоена во […]

Второ коло на СП, еве кој игра вечерва


Денес од 18:00 часот започнува второто коло од групната фаза на Светското првенство. Ќе играат Чешка и Јужна Африка, две репрезентации кои ги загубија првите натпревари од останатите противници од групата Мексико и Јужна Кореја. Репрезентацијата на Босна и Херцеговина вечерва го игра вториот натпревар на СП 2026 година. Противник ѝ е Швајцарија, а мечот […]

ФФМ се произнесе по апсењето на поранешниот претседател на федерацијата


 Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) издаде официјален став по апсењето на уште еден поранешен претседател. Денес се појавија информациите за апсењето на Илчо Ѓорѓиоски поради финансиски малверзации во времето кога бил на чело на федерацијата.  Од ФФМ го изнесоа својот став на темата. Тие не посочуваа имиња, меѓутоа нагласија дека веќе предале официјална документација до […]

Македонија со рекордни 130 учесници на Медитеранските игри Таранто 2026


Македонија ќе настапи со досега најбројна делегација од околу 130 учесници на претстојните XX Медитерански игри што ќе се одржат во Таранто, Италија, од 21 август до 3 септември, при што нашите спортистите ќе се натпреваруваат во повеќе екипни дисциплини. Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, на денешната прес-конференција нагласи дека очекува силен настап […]

Акција на ОЈО ГОКК и УФП на повеќе локации во Скопје поради сомненија за финансиски криминал во ФФМ


Како резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје. – Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена […]

Вторпат во историјата жена ќе биде главна судијка на натпревар од Светско првенство


Атланта – Жена судијка ќе го суди натпреварот Чешка – Јужна Африка. Тори Пенсо е назначена за главна судијка на натпреварот од Светското првенство 2026 година помеѓу Чешка и Јужна Африка. Триесет и деветгодишната Американка ќе стане втората жена што ќе суди на натпревар од Светското првенство за мажи. Натпреварот ќе се игра денес (18 […]

СП 2026: Колумбија сигурна против Узбекистан, Гана минимално ја совлада Панама


Мексико Сити – Репрезентациите на Колумбија и на Гана забележаа победи на двата натпревара од Светското фудбалско првенство 2026 играни ноќта среда кон четврток по македонско време. Колумбиската репрезентација го победи Узбекистан со 3:1 Мексико Сити. Головите за Колумбија ги постигнаа Даниел Муњоз, Луис Дијаз и Хаминтон Кампас. Стрелец за Узбекистан беше Абосбек Фајзулаев. Колумбија […]

Откриена причината за солзите на Меси во историскиот натпревар на Светското првенство


Лионел Меси ја предводеше Аргентина до победа во првиот натпревар на Светското првенство со хет-трик, но прославата на фудбалската икона беше обележана со солзи по првиот гол. Иако Меси спомена „тешки денови“ неповрзани со спортот по натпреварот, точната причина за неговите солзи не беше позната досега. Еден аргентински новинар ја откри. Аргентина, како бранител на […]

СП 2026: Кејн двоен стрелец во триумфот на Англија над Хрватска


Арлингтон – Англија ја победи Хрватска со 4:2 (полувреме 2:2) синоќа во својот прв натпревар од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026 година. Натпреварот се одржа на стадионот „AT&T“ во Арлингтон, САД. Хари Кејн постигна два гола за Англија. Тој реализираше пенал во вториот обид во 12. минута. Џуд Белингам и Маркус Рашфорд исто […]

Португалија – ДР Конго 1:1. Голем кикс на фаворитот, Роналдо невидлив против аутсајдерот


Во натпреварот од првото коло од Групата К на Светското првенство, Португалија и ДР Конго ремизираа 1:1 на стадионот во Хјустон. Ова е огромен успех за африканската репрезентација која освои бод против еден од фаворитите на целиот турнир. Португалија ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар и поведе преку Жоао Невес во шестата минута, […]

СП 2026: Скандал – фудбалер бил уапсен поради местење натпревари


Фудбалерот на Брегот на Слоновата коска Елие Вахи бил уапсен поради сомневање дека учествувал во наместени натпревари. Вахи бил уапсен пред три недели, а сега е дел од својата репрезентација на Светското првенство – Брегот на Слоновата коска. На дуелот од првото коло против Еквадор настапи 56 минути, а БСК победија со 1:0. Тој е […]

Вардар во конкуренција на шест екипи за четири вајлд карти од Лигата на шампионите


Европската ракометна федерација ЕХФ објави список на десет сигурни екипи за новата сезона од Лигата на шампионите, а во групите ќе играат вкупно 24 репрезентации. Десет сигурни учесници според рангирањето на федерациите се: Магдебург, Барселона, ПСЖ, Алборг, Келце, Веспрем, Динамо Букурешт, Спортинг Лисабон, Загреб и Колстад, како и шампионот на Европа лигата – Мелсунген. Македонскиот […]

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија


Македонската универзитетска репрезентација во карате постигна историски резултат на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во Бразилија.    Со освојувањето на златен, сребрен и два бронзени медали, Македонија се позиционира во генерален пласман на 4 -то место, како една од најуспешните нации на овој престижен настан одржан од 8 до 13 јуни 2026 година. македонските […]

„Тоа се работи на Меси“: Аргентинецот испратен со вулкански овации по победата над Алжир


  Долго откако се слегна прашината по победата на Аргентина од 3-0 над Алжир во групната фаза во вторник вечерта, играчот од средниот ред на Алжир и Баерн Минхен, Ибрахим Маза, изморено излезе од зад завесата и се приближи до микрофонот. Маза играше добро, дури и асистираше за поништениот прв гол на Алжир. Тој исто […]

Бернардо Силва потпиша за Реал


Мадрид го објави трансферот на фудбалерот за врска Бернардо Силва кој во шпанскиот великан доаѓа од Манчестер сити. Договорот помеѓу мадридскиот клуб и 31-годишниот Португалец е со важност до крајот на јуни 2028 година. Фудбалерот беше во Манчестер Сити од јули 2017 година. Во април 2026 година, тој објави дека ќе го напушти премиерлигашот. Во […]

Дали на Меси му беше простен црвен картон: Жестока дебата на Интернет


Лионел Меси чудесно го отвори Светското првенство на северноамериканска почва, станувајќи првиот играч во историјата што се појавил на шест различни светски првенства. Во првото коло од Групата Ј, бранителот на титулата Аргентина го победи Алжир со 3-0, а сите голови ги постигна Меси, кој постигна гол во 17-та, 60-та и 76-та минута. Многумина на […]

СП 2026: Австрија го победи Јордан


Австрија рано утрово го победи Јордан со 3:1 во првото коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Австријците поведоа со голот на Романо Шмид во 21. минута. Јордан израмни во 50. минута преку Али Олван. Автоголот на Јазан Ал-Араб во 77. минута донесе ново водство за фаворитот. Победата ја потврди 37-годишниот Марко […]