Кошаркарите максимално се подготвуваат за дуелот со Ирска


Македонската машка кошаркарска репрезентација влегува во завршниот дел од подготовките за последните два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Пред избраниците на селекторот Жозе Мариа Берокал се дуелите со Ирска и Луксембург, од чии исходи ќе зависи конечната позиција на табелата во групата „А“. Македонската селекција е на чекор од обезбедување на […]

Англија повеќе не ја сака својата химна пред натпреварите, повеќето сакаат промена


Химните добија посебно внимание на Светското првенство во 2026 година. Пред секој натпревар, камерите долго време се задржуваат на лицата на играчите, навивачите пеат со сета сила, а овој краток ритуал често открива многу повеќе од вообичаениот протокол. Некои пеат со сета сила, некои молчат, некои имаат свои навики. Кристијано Роналдо, на пример, ја пее […]

Меси: Ќе играм уште неколку години


 Најдобриот аргентински фудбалер, 39-годишниот Лионел Меси откри колку долго планира да игра фудбал. Меси денес наполни 39 години. – Дали планирам да играм уште неколку години? Да, да. Ќе играм уште некое време, сè додека можам да бидам корисен, сè додека се чувствувам добро физички и им помагам на моите соиграчи… Ќе продолжам да играм, […]

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА


Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објасни зошто паузите за вода се воведени на сите натпревари од Светското фудбалско првенство во 2026 година. – Главната причина е топлината, но исто така мора да разбереме дека во натпреварување како Светското првенство, кое се одржува во текот на 39 дена, тимовите потенцијално можат да одиграат осум натпревари во […]

Лансирани патики што личат на фудбалска топка


Најк го лансираше Total 90 во изданието „бело/црно“, со кожен горен дел со шестоаголни шевови во наједноставната комбинација на бои досега. Моделот ги задржува асиметричните врвки и рамниот гумен ѓон, карактеристични за серијата Total 90 lifestyle, додека белата и црната завршница дополнително го нагласуваат моделот на шевови што имитира фудбалска топка, пишува Hypebeast. Дизајн инспириран […]

СП 2026: Колумбија ја победи ДР Конго и избори плејоф


Запопан – Колумбија рано утрово ја победи Демократска Република Конго со 1:0 во второто коло од групната фаза на Светското првенство во фудбал 2026. Натпреварот се одигра на стадионот „Акрон“ во Запопан, Мексико. Даниел Муњоз го постигна единствениот гол, по додавање од Хуан Кинтеро, во 76. минута. Колумбија има шест бода и е лидер во […]

Франција без Дешам против Норвешка, го напушти СП поради смртта на неговата мајка


Селекторот на француската фудбалска репрезентација Дидие Дешам привремено го напушта Светското првенство поради смртта на неговата мајка Жинет и се враќа во Франција за да присуствува на погребот. Поради тоа, тој нема да го води тимот во последниот натпревар од групната фаза против Норвешка, кој се игра во петок во Бостон. Француската фудбалска федерација (ФФФ) […]

СП 2026: Англија и Гана ремизираа, Хрватска минимално ја совлада Панама


Фоксборо/Торонто – Англија ремизираше 0:0 со Гана синоќа во второто коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026 година. Натпреварот се одигра во Фоксборо, САД. Англичаните имаа само три удари кон голот на Гана, додека африканската репрезентација само еднаш шутна кон противничкиот гол.  На другиот натпревар од втората рунда во оваа група, Хрватска ја победи […]

СП2026: Португалија убедлива против Узбекистан, Роналдо испиша историја


Хјустон – Во воведниот натпревар од 2 коло во групата К на Светското првенство, Португалија извојува синоќа во Хјустон убедлива победа над Узбекистан со 5-0, а двојниот стрелец Кристијано Роналдо (41), стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал гол на шест различни мундијалски турнири. Португалија дојде во водство веќе во 6. минута преку Роналдо, кој […]

СП2026: Инфантино и Трамп ќе го врачат победничкиот пехар


Њујорк – Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, гостувајќи во емисија на американската телевизиска станица Фокс, изјави вечерва дека заедно со претседателот на САД Доналд Трамп ќе го врачат трофејот на победникот во финалето на Светското првенство. „Претседателот и јас ќе уживаме во финалето заедно и ќе му го врачиме трофејот на победникот, заедно секако“, рече Инфантино […]

ФИФА ќе ги менува правилата за пенал-рулетот во екот на Светското првенство?


ФИФА размислува да ги промени правилата за изведување пенали на средина од Светското првенство за да ги направи пофер натпреварите во елиминацииите кои ќе завршат нерешено и по продолженијата. Според „Тајмс“, управното тело на фудбалот сака да спречи еден тим да добие двојна предност со тоа што ќе го добие првиот удар и ќе ја […]

Барселона потпиша договор со Египќанецот Абделкарим


Шпанскиот првак Барселона го потпиша тригодишен договор со египетскиот напаѓач Хамза Абделкарим, објави денеска клубот од Ла Лига. Осумнаесетгодишниот египетски репрезентативец дојде во Барселона како позајмен фудбалер од Ал Ахли во зимскиот преоден рок, со опција за откуп на крајот од сезоната. Абделкарим постигна шест гола во 11 настапи за тимот до 19 години на […]

Поразот на Јордан доведе до стампедо во главниот град: Пријавен смртeн случаj


Едно лице загина, а осум се повредени по стампедото на навивачите во центарот на Аман за време на натпреварот од Светското првенство помеѓу Јордан и Алжир во вторник наутро, објави Јорданската новинска агенција. Инцидентот се случил на плоштадот Хашемит, каде што голема толпа се собрала во главниот град за да го гледа поразот на Јордан […]

УЕФА ригорозно ги казни великаните за кршење на финансиските правила


Телото за финансиска контрола на клубовите на УЕФА (CFCB) ја заврши својата проценка на клубовите кои беа предмет на договор за спогодба и мораа да исполнат одредени финансиски цели за сезоната 2025/26. Неколку клубови беа казнети за непочитување на правилата, додека други ги исполнија своите обврски и излегоа од режимот на спогодба, соопшти УЕФА. Марсеј […]

Расистички коментари на фудбалски експерт на РТС за време на мечот на Белгија


  Поранешниот напаѓач на СР Југославија и Атлетико Мадрид, Раде Богдановиќ, предизвика контроверзии на српската телевизија откако изјави дека „црните играчи немаат концентрација повеќе од 60 до 80 минути“ за време на натпреварот помеѓу Белгија и Иран на Светското првенство. 56-годишниот Богдановиќ го даде овој коментар во емисија за Светското првенство емитувана на јавниот радиодифузен […]

Сензационална размена во НБА. Адетокунбо ги напушта Бакс по 13 години


Милвоки Бакс ги разменуваат иконите на франшизата Јанис Адетокунбо и Боби Портис со Мајами Хит во замена за Тајлер Херо, Кел’ел Вер, Хаиме Жакес Џуниор, Каспарас Јакуционис, три пика од првата рунда на драфтот, еден пик од размена и еден пик од втората рунда, потврдија извори. Со оваа сензационална размена, Хит добиваат нова суперѕвезда и […]

СП 2026: Алжир поуспешен од Јордан


Санта Клара – Алжир утрово го победи Јордан со 2:1 во натпревар од второто коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026 година. Натпреварот се одигра на стадионот „Левис“ во Санта Клара. Низан Ал-Рашдан, го отвори резултатот во 36. минута за водсво на Јордан. Неговиот гол беше единствен во првото полувреме. Во второто полувреме, […]

СП 2026: Халанд двоен стрелец во триумфот на Норвешка над Сенегал


Ист Радерфорд – Норвешка го победи Сенегал со 3:2 ноќеска во натпревар од второ коло во групната фаза на Светското првенство во 2026 година во второто коло.  Два гола за Нопрвешка постигна Ервинг Халанд, еднаш погоди Маркус Холмгрен Педерсен.  За Сенегал двата гола ги постигна Исмаила Сар. Франција и Норвешка се на првите две позиции во […]

СП 2026: Франција убедлива против Ирак


Филаделфија – Француската репрезентација ноќеска го победи Ирак со 3:0 во второто коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026 година. Натпреварот се одигра на „Линколн Фајненшл Филд“ во Филаделфија. Во 14. минута, францускиот капитен Килијан Мбапе го отвори резултатот. Неговиот гол беше единствениот во првото полувреме. По првото полувреме, беше издадена портокалова тревога […]

Неверојатната игра на Меси. Тој постави четири нови рекорди, потврдени се и од Гинис


Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, продолжува да пишува историја на Светското првенство. Во победата на бранителот на титулата од 2-0 над Австрија во групната фаза од натпреварувањето, Меси ги постигна двата гола и со тоа постави четири нови рекорди, кои беа потврдени и од Гинисовата книга на рекорди. Аргентина ја обезбеди победата на натпреварот одигран […]