Погба: Бев во депресија, почнаа да ми излегуваат рани на главата од стрес


Некогаш најплатениот светски фудбалер Пол Погба откри шокантни детали за неговата агонија пред и по позитивниот допинг тест.  Познато е дека доби четиригодишна суспензија, но одлежа само 18 месеци и моментално е без клуб, иако би можел да се врати на терените. Сепак, тој очигледно сè уште има последици од сето она низ кое поминал. […]

Денвер по десет години го избрка Мелоун, се јавија Меџик Џонсон и Шекил О′Нил


Екипата на Денвер Нагетс во следниот дел од сезоната во НБА-лигата ќе има нов тренер, затоа што го отпушти главниот предводник Мајкл Мелоун. Нагетси имаат скор 47-32 оваа сезона и се наоѓаат на четвртото место во пласманот на Западната конференција со само три натпревари до крајот на сезоната. Мелоун беше ангажиран во 2015 година и […]

РК Вардар: Изненадени сме од најавата на Алкалоид за жалба, да не бараат алиби за поразот


Во ракометниот клуб Вардар се изненадени од најавената жалба на Алкалоид по завршување на меѓусебниот дуел во првото коло од разигрувањето за шампионската титула. „Црвено-црните“ кои го добија натпреварот со 34:26 сметаат дека ривалот од Автокоманда бара алиби за поразот. – Изненадени од однесувањето на официјалните лица на нашиот градски ривал Алкалоид чии претставници после […]

ЛШ: Арсенал го декласираше Реал, Интер победи во Минхен


 Арсенал убедливо го совлада вечерва Реал Мадрид на домашен терен со 3-0 (0-0), додека Интер извојува гостинска победа над минхенски Баерн со 2-1 (1-0), во првите четвртфинални натпревари во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ). Арсенал пред своите гледачи во Лондон стекна убедлива предност пред реваншот преку двојниот стрелец Деклан Рајс, и двата од слободни удари […]

На Светското клупско првенство прв пат камери на телата на судиите


 Судиите на Светското клупско фудбалско првенство, што ќе се одржи во САД од 14 јуни до 13 јули, ќе бидат опремени со камери на телата и ќе применуваат ново правило за борба против задржување на времето од страна на голманите, објави денеска ФИФА. „Судиите на натпреварите ќе носат камери поставени на телото како дел од […]

Хуманитарен натпревар меѓу фудбалски великани на Македонија и Бугарија за поддршка на Кочани


Горан Пандев и Христо Стоичков ќе ги предводат селекциите на Македонија и Бугарија на хуманитарен натпревар, кој ќе се одигра на 27 април во Варна, а целиот приход ќе биде дониран за семејствата на настраданите и повредените во пожарот во Кочани во кој загинаа 61 лице. Организатор на хуманитарниот натпревар е фондацијата „Национали 94“, зад […]

Интер Мајами планира да му понуди договор на Де Брујне


Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујне би можел да ја продолжи кариерата во МЛС, пренесува „Мирор“. Интер Мајами е подготвен да му понуди договор на 33-годишниот Белгиец, но тој ќе мора да се соочи со конкуренција на екипи од Саудиска Арабија. На 4 април, Де Брујне објави дека ќе го напушти […]

Роналдо именува Топ 3 играчи во модерниот фудбал


 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо ги прогласи тројцата најдобри играчи во модерниот фудбал. -Во листата на првите тројца играчи би се вклучил себеси, Лионел Меси и Зинедин Зидан, изјави Роналдо за „Give me Sport“. Оваа сезона Португалецот одигра 33 натпревари за Ал Наср во сите натпреварувања, постигнувајќи 28 гола и четири асистенции.  Договорот на Роналдо […]

РФМ: Ракометарките ќе добијат награда од 1.5 милиони денари за пласман на СП


 Парична награда во износ од 1.5 милиони денари ќе добијат македонските ракометарки доколку успеат да се пласираат на Светското првенство, објави вечерва Ракометната федерација на Македонија (РФМ). Одлуката е донесена во пресрет на мундијалскиот бараж во кој противник на македонската женска ракометна репрезентација ќе биде Полска. Првиот натпревар е закажан за в среда во Битола, […]

Одржан 57. Државен шампионат во традиционално карате – кати


Во Будо центарот „Недеви“ викендот успешно беше одржан 57-от. МТКФ Државен шампионат во кати во традиционално карате.  На шампионатот учествуваа околу 90 каратисти од 15 клуба од Македонија.  Победници во кати во своите категории станаа:  сениорки: 1. Берта Милевска, 2. Јана Милевска, 3. Ива Ромевска – јуниори: 1. Матеј Мангаровски, 2. 2. Андреј Мишиќ, 3. […]

Кошаркарскиот тим на САД во „Куќата на славните“ на кошарката


Лос Анџелес – Кошаркарскиот тим на САД, кој го освои златото на Олимпијадата во 2008 година, ќе биде примен во „Куќата на славните“ на кошарката, објави „Баскет њуз“. Во составот на тогашната американска репрезентација беа: Коби Брајант, Двајт Хауард, Крис Бош, Двејн Вејд, Тејшаун Принс, Кармело Ентони, Мајкл Ред, Дерон Вилијамс, Карлос Бузер, Џејсон Кид, […]

Мурињо би можел да го напушти Фенербахче и да го преземе Бразил


 Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо може да го напушти турскиот клуб, објави „Todofichajes“. Бразилската репрезентација е заинтересирана за потписот на 62-годишниот специјалист, кој продолжува да бара нов селектор. Сепак, главната цел на Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) останува Карло Анчелоти. Мурињо е на чело на Фенербахче од летото 2024. Неговиот договор е до 30 јуни 2026 […]

Пет француски тенисери суспендирани поради местење натпревари


Светската агенција за тениски интегритет (ITIA) соопшти дека пет француски тенисери се казнети за прекршување на Антикорупциската програма на тенисот. Претходно, шефот на синдикатот, Григор Саркисјан доби пет години затвор за наместени натпревари, а голем број тенисери добија долгорочни дисквалификации. Јаник Тивант (38) доби доживотна забрана. Тој призна дека наместил 22 натпревари помеѓу 2017 и […]

Денвер загуби од Голден Стејт, Јокиќ постигна дабл-дабл


Голден Стејт вориорс ноќеска го победи Денвер нагетс на свој терен со 118:104 во натпревар од во регуларниот дел на НБА-лигата. За гостите од Колорадо ова беше трет пораз во низа. Ниту дабл-дабл ефектот на Никола Јокиќ кој постигна 33 поени и 12 скока не му помогна на Денвер да го избегне поразот. На Србинот […]

Шевченко ја обвини УЕФА дека не сака да има Украинец во раководството на организацијата


 Претседателот на Украинскиот фудбалски сојуз, Андриј Шевченко, кој не влезе во новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на европски фудбалски сојузи (УЕФА), ја обвини организацијата дека не сака да има претставник од земјата во раководството. Коментарите на Шевченко ги пренесе прес-службеникот на федерацијата. Конгресот на УЕФА се одржа на 3 април во Белград. Во […]

Де Брујне објави емотивно збогување со Манчестер Сити


Белгискиот играч за врска на Манчестер Сити, Кевин Де Брујне објави денеска емотивно писмо во кое потврди дека ова се неговите последни месеци во клубот. По десет години минати во синиот дел на Манчестер, Белгиецот реши да се прости од „Граѓаните“, нагласувајќи дека Манчестер стана негов дом, а од клубот и навивачите добил сè што […]

УЕФА има рекордни приходи


Успешното Европско првенство во Германија, за кое беа продадени 2,7 милиони билети, придонесе УЕФА лани да оствари рекордни приходи од 6,8 милијарди евра, од кои најголемиот дел, 73,1 отсто, се од медиумски права. И резервите во моментов се над посакуваната граница од 500 милиони евра, што значи стабилно работење до 2028 година. „Често слушам дека […]

Де Бруин пред неочекуван трансфер во второлигаш


 Кевин де Бруин би можел да го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната. Неговиот договор истекува, а тој се уште нема потпишано нов. Де Бруин се поврзува со американскиот Сан Диего, а се споменува и Неом СЦ, водечкиот саудиски второлигаш, кој е блиску до промоција во највисокото ниво на локалниот фудбал. – Моќен и […]

Шпанското обвинителство бара 4 години и 9 месеци затвор за Карло Анчелоти за финансиска измама


Мадрид –  Шпанското обвинителство побара четири години и девет месеци затвор за тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, кој е обвинет дека затаил повеќе од еден милион евра од шпанските даночни власти. Адвокатот на тренерот, Карлос Сабала рече дека случајот е „јавно понижување“. Италијанецот (65) е обвинет за затајување данок за време на неговиот прв […]

Полскиот репрезентативен пивотмен Виктор Јанковски го засилува Вардар


Од следната сезона нов член на Вардар ќе биде полскиот репрезентативен пивотмен Виктор Јaнковски. Дваесет и тригодишниот ракометар се согласи на тригодишна верност со македонскиот клуб.  – Јанковски е висок 200 см. и ќе биде важна алка во тимот, во одбрана и во напад. Покрај играњето во екипата на Квиџин каде сега настапува, Јанковски бил […]