Хју Грант стана вирален оти заспа зад кралицата Камила за време на Вимблдон


Лондон – На актерот Хју Грант малку му здодеа за време на најновото натпреварување на Вимблдон во среда, додека седеше во Кралската ложа на најголемиот тениски настан во Лондон. За време на натпреварот помеѓу тениските суперѕвезди Новак Ѓоковиќ и Флавио Коболи, камерата за емитување се фокусираше на Грант, кој видливо дремеше на своето место.   […]

Вардар, Работнички и Силекс стартуваат во квалификациите во Конференциската лига


Вицешампионот Силекс, третопласираниот минатата сезона во домашното првенство Работнички и освојувачот на македонскиот Куп, Вардар, денеска ги стартуваат квалификациите за пласман во групната фаза во Конференциската лига на УЕФА. Силекс од 20 часот му гостува на црногорскиот претставник Дечиќ во Тузи, додека во истиот термин Работнички ќе му гостува на белоруски Торпедо – Белаз на […]

ПСЖ го надигра Реал и победи со убедливи 4-0 за финале на Светското клупско првенство


Пари Сен Жермен (ПСЖ) е вториот финалист на Светското клупско првенство. Во полуфиналето, го победија Реал Мадрид со 4-0 и со тоа изборија финале со Челзи. Актуелните победници на Лигата на шампионите го надиграа Реал во секој сегмент од натпреварот и водеа со 3-0 до 24-тата минута со два гола на Фабијан Руиз и еден […]

Ѓоковиќ со пресврт до полуфинале на Вимблдон и спектакл против Синер


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е последниот полуфиналист на Вимблдон. Седумкратниот освојувач на Гренд слем на трева го победи Флавиј Коболи со резултат од 6:7, 6:2, 7:5, 6:4 и со тоа освои место меѓу првите четири. Во полуфиналето ќе се соочи со Јаник Синер, водечкиот тенисер на АТП ранг-листата.  Вечерва, Ѓоковиќ ја постигна својата 102-ра победа […]

Синер избори полуфинале на Вимблдон


Лондон – Најдобриот светски тенисер без многу проблеми стигна до полуфиналето на Вимблдон. Тој во денешеното четвртфинале го победи Американецот Бен Шелтон со 3:0 во сетови (7:6(2); 6:4 и 6:4) и се избори за своето второ полуфинале на Вимблдон. Неизвесност имаше само во првиот сет, кој Синер го доби во тај брејкот со 7:2 на поени, […]

Полуфинале за Швјонтек и Бенчиќ на Вимблдон


Ига Швјонтек и Белинда Бенчиќ изборија пласман во полуфиналето на Вимблдон откако во денешните четвртфинални дуели оставрија победи од 2:0 во сетови. Полската тенисерка Швјонтек ќе го игра своето трето полуфинале на Грен слем турнирите оваа година и прво полуфинале на Вимблдон откако со 2:0 (6:2 и 7:5) ја совлада Људмила Самсонова.  Нејзина ривалка во […]

Големи промени во ФФМ: Нова репрезентација и нов шеф на судиите


Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе неколку клучни одлуки кои носат значајни промени во структурата на македонскиот фудбал. Најважните одлуки се формирањето на нова репрезентативна селекција до 20 години, за чиј селектор е именуван Александар Таневски, досегашниот тренер на Беса. Покрај тоа, направена е и голема промена во судиската организација – за нов претседател […]

Три чекори до целта


Време е за нов предизвик, последниот што би можел да ја претставува „тишината пред бурата“. Денес во 16 часот, Новак Ѓоковиќ ќе стапне на Централниот терен на Ол Ингланд Клубот, каде што ќе се соочи со Италијанецот  Флавијан Коболи во четвртфиналето на Вимблдон. Ако победи, српскиот тенисер веројатно ќе се соочи со Јаник Синер и […]

Јокиќ нема да го продолжи договорот со Денвер ова лето


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одлучи да ги одложи преговорите за продолжување на договорот со НБА лигашот Денвер од ова лето за следното, пренесуваат денеска белградските медиуми. Договорот на Јокиќ со Денвер истекува за две години, а српскиот центар ќе има плата од 55,2 милиони долари во претстојната сезона, додека во сезоната 2026/27 платата ќе изнесува […]

Челзи прв финалист на Светското клупско првенство


Фудбалерите на лондонски Челзи се првите финалисти на Светското клупско првенство, откако синоќа во полуфиналето го совладаа бразилски Флуминенсе со 2-0. Челзи до место во финалето го однесе двојниот стрелец Жоао Педро, кој претходно во кариерата настапуваше за Флуминенсе. Англискиот клуб дојде во водство во 18 минута, а Педро со својот втор гол на натпреварот […]

Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон


 Актуелниот шампион на Вимблдон Шпанецот Карлос Алкараз избори полуфинале откако денеска го совлада Британецот Камерон Нори со 3:0 во сетови (6:2; 6:3 и 6:3). Ова беше воедно 19-та победа во низа за Алкараз на Вимблдон, кој е двократен победник на овој турнир во последните две години. Британецот Нори во денешното четвртфинале немаше шанси против вториот […]

Јаник Синер со неочекувана одлука


 Најдобриот тенисер на светот Јаник Синер беше принуден да донесе неочекувана одлука. Тој го откажа попладневниот тренинг, но сè уште е оптимист дека може да игра во четвртфиналето утре против Американецот Бен Шелтон. Синер во текот на денот направи и магнетна резонанца, но не беше виден на Вимблдон.  Италијанецот се жалеше на повреда на лактот, […]

Македонија со две екипи во Лига Европа во ракомет, Вардар и Алкалоид


 Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави екипите кои ќе играат во новата сезона во Лигата Европа. Македонија во второто по ранг натпреварување на ЕХФ ќе ја претставуваат Вардар и Алкалоид.  „Црвено-црните“ ќе играат директно во групите, заедно со уште 19 екипи, а Алкалоид како победник на Европскиот куп доби „вајлд карта“ за настап во Лига […]

Полиција: Жота го возел автомобилот, голема брзина причина за несреќата


  Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која било управувано возилото, објави денеска шпанската Цивилна гарда. Иако вештачењето сè уште е во тек, истражителите најавија дека одделно ќе ги анализираат […]

Форбс: Петте најплатени тенисер(к)и во светот


Време е да ги облечете вашите најдобри тениски дресови и да го испиете Пимс Купот: Вимблдон е тука. Вимблдон, третиот Гренд Слем тениски турнир, започна на 30 јуни и завршува на 13 јули. Некои големи играчи веќе се елиминирани од турнирот, вклучувајќи го третиот носител Александар Зверев, деветтиот носител Даниил Медведев и 12-тиот носител Франсес […]

Алкараз откри дека сè уште живее со мајка му


Лондон- Второрангираниот на Вимблдон, Карлос Алкараз е еден од фаворитите на прстижниот тениски турнир, и обезбеди четвртфинале по дуелот со Рубљев.  Но, ако не оди по негово, шпанската ѕвезда има грижливо семејство каде што ќе се врати. Алкараз живее во Ел Палмар, Мурсија, Шпанија, со своите родители, Карлос Алкараз Гонзалез и Вирџинија Гарфија Ескандон. Семејството […]

Вимблдон: Димитров доминираше над Синер, но поради повреда го предаде мечот


Најголем губитник на годинашниов Вимблдон е Григор Димитров од Бугарија, кој во осминафиналето против најдобриот играч на светот Јаник Синер од Италија при водство од 2:0 во сетови (6:3 и 7:5) во третиот сет при резултат 2:2 во гемови поради повреда мораше да го предаде мечот. Последниот поен во мечот го освои Димитров со ас […]

Тежок пад и откажување на победникот на првата етапа на Тур Де Франс


Јаспер Филипсен од Белгија, кој победи на првата етапа на годинашново издание на Тур Де Франс доживеа лош пад и се откажа од трката во третата етапа. Спринтерот Филипсен имаше одличен почетокот на трката и триумф во саботната стартна етапа, но денеска доживеа шок по падот и за него трката е завршена. Филипсен возеше во […]

Во регуларниот дел осум, а во плеј офот и плеј аутот по девет странски играчи


Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука по предлог на конференцијата на клубовите од машката Супер лига за зглемување на бројот на странски ракоемтари. Во текот на сезоната 2025/2026 бројот на странски ракометари на еден натпревар ќе биде девет ракометари за време на завршниот дел односно Плеј офот или Плеј аутот, додека бројот […]

Дончиќ ќе ја предводи Словенија на Еуробаскет 2025


Селектрот на словенечката кошаркарска репрезентација Александар Секулиќ го соопшти списокот од 19 играчи, за подготовките за претстојното Европско првенство 2025. Предводник на репрезентацијата ќе биде НБА ѕвездата во словенечкиот тим Лука Доничиќ. Словенија во првата фаза ќе игра во групата Д во Катовице, а противници им се Исланд, Франција, Полска, Белгија и Израел.  Играчот на […]