Вардар со полна мрежа се враќа од Лозана, заврши со настапот во Конференциската лига на УЕФА


Македонскиот претставник во Конференциската лига на УЕФА Вардар го заврши настапот сезонава во еврокуповите. „Црвено-црните“ се елиминирани од швајцарската екипа Лозана која во реваншот од второто квалификациско коло забележа победа од 5:0 и со тоа ги анулираше 2:1 за Вардар од првиот дуел во Скопје. Дека се решени да ја анулираат предноста на Вардар, домашните […]

Алкалоид на висински подготовки во Маврово


 Освојувачот на Европскиот куп на ЕХФ македонскиот тим Алкалоид ја стартуваше втората фаза од подготовките. Салата во Автокоманда ја замени со Маврово, каде избраниците на Кирил Лазаров ќе се подготвуваат со фокус на физичката подготовка.  Еден од помошниците на Лазаров, Петар Баснарков е задолжен за текот на подготовките барем за овој дел, а тој е […]

Навратилова: Радукану треба да ја преземе контролата врз својот живот, да се погрижи самата да одлучува


Мартина Навратилова зборуваше за честите тренерски промени на британската тенисерка Ема Радукану.  – Треба да се посветите на една личност најмалку една година. Ако ја пронајдете вистинската личност, која имате храброст да ја запознаете и разберете што може да даде во вашата игра, тогаш треба да се посветите на неа и да работите. Во исто […]

Бушар го одигра последниот натпревар во кариерата


Монтреал- Поранешната тенисерка број 5 во светот, Ежени Бушар го одигра последниот натпревар во кариерата. Триесет и едногодишната Канаѓанката ноќеска загуби од 20-тата тенисерка во светот, Белинда Бенчиќ, во натпреварот од второто коло на турнирот во Монтреал – 2:6, 6:3, 4:6. – Пораснав играјќи на овие терени, гледајќи го овој турнир. Тенисот ми даде толку […]

Легендата на Јунајтед спаси млад човек од самоубиство: Го видел на мостот и веднаш го запрел возилото


Прославениот ас на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија, се соочи со непријатна ситуација по која стана херој во својот Еквадор. Спаси млад човек во главниот град Кито откако забележа дека сака да се самоубие. Откако ја заврши кариерата пред четири години, Валенсија (39) се врати во родниот Еквадор, каде што живее денес. Таму доживеа голема непријатност […]

Шкендија победи во Букурешт, оди во следната рунда од ЛШ


Тетовска Шкендија вечерва оствари победа од 2:1 на гостувањето во Букурешт против екипата на ФЦСБ во реванш дуелот од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите. Македонскиот првак така со вкупни 3:1 го елиминира шампионот на Романија и избори нови два натпревара во најквалитетното натпреварување.  Романската екипа поведе во 28.минута со голот на Јури Цисоти, […]

Кривична за сопствениците на отпадот што гореше во Визбегово


Полицијата поднесе кривична пријава против двајца велешани и едно правно лице поради пожарот во нелегален отпад во Шуто Оризари Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(40) и А.Н.(46), двајцата од Велес и правно лице со седиште во Шуто Оризари поради основано сомнение за сторено кривично […]

Два НБА натпревара во Европа


НБА лигата соопшти дека два натпревара од регуларниот дел од новата сезона ќе се играат во Европа. Во јануари 2026 година Мемфис и Орландо ќе одиграат еден натпревар во Берлин – 15.јануари и на 18.јануари во Лондон.  Натпреварите ќе се играат во Убер Арената во Берлин и во О2 Арената во Лондон. Воедно раководството на […]

Одредени двојките од првото коло од Купот на Македонија


По извлекувањето на двојките за првото коло од новото првенство, беше извршено и извлекувањето на паровите за првото коло од Купот на Македонија. Освојувачот на Купот Вардар во првата рунда е слободен.  Куп на Македонија,прво коло: Башкими Јаболчиште – Детонит Плачковица Шкендија Арачиново – Саса Беласица – Арсими Јенимаале – Шкендија Карбинци – Работнички Евротип […]

ЕМОФ Скопје 2025: Статистика што инспирира над 4.000 спортисти, 15 спортови, 50 делегации


На Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025 одржан од 20 до 26 јули учествуваа повеќе од 4.000 млади спортисти од 50 различни европски делегации во 15 различни спортски дисциплини, меѓу кои меѓу кои атлетика, пливање, џудо, велосипедизам, баскет 3×3, стрелаштво, гимнастика, маунтајн бајк, пинг-понг, кајак кану слалом, бадмингтон, таекводно, кошарка, ракомет и одбојка. […]

Жрепката за СП 2026 може да се одржи во Лас Вегас


Лас Вегас ќе биде домаќин на ждрепката за Светското првенство во ФИФА во 2026 година. Според „TUDN“ церемонијата на извлекување на групите ќе се одржи на 5 декември. Местото на одржување ќе биде „Сфера“ – музичка и забавна арена во Парадајс, источно од Лас Вегас Стрип. Светското фудбалско првенство во 2026 година ќе се одржи […]

Волонтерите собраа преку 2 тона пластичен отпад за време на ЕМОФ


Викендов заврши Европскиот младински европски фестивал, кој за првпат се одржа во Македонија, а Скопје и Куманово во изминатите седум дена беа домаќини на преку 4.000 млади спортисти од целиот континент. За време на фестивалската недела, натпреварувачите рушеа рекорди во нивните дисциплини, но паднаа и многу еко рекорди. Во духот на тимската игра и оставањето […]

Македонските одбојкарки со оптимизам ги очекуваат дуелите со Грција и Австрија


Македонската женска одбојкарска репрезентација ги комплетираше еднонеделните тренинзи во Маврово и од оваа седмица во Скопје ги продолжува подготовките за двата евроквалификациски дуели против Грција и Австрија на почетокот на следниот месец. Од македонскиот табор истакнуваат дела оптимизмот, како и желбата и докажување е на високо ниво, а најважното е дека сите на број, се […]

ПСЖ не успеа да се договори со Донарума


Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, би можел да го напушти клубот, објавува „Ле Паризиен“. Преговорите со 26-годишниот Италијанец за продолжувањето на соработката стигна до ќорсокак.  Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Челзи се заинтересирани за голманот. Во услови на лоши преговори со Донарума, Пари Сен-Жермен размислува да го потпише Лук Шевалие од Лил. Донарума одигра 47 […]

Осака ја прекина соработката со Муратоглу


Париз– Јапонската тенисерка Наоми Осака (27) одлучи да ја прекине соработката со познатиот француски тренер Патрик Муратоглу. „Ти благодарам Патрик. Беше одлично искуство да се учи од тебе. Ти си еден од најдобрите луѓе кои сум ги запознала и сигурна сум дека ќе се сретнеме повторно“, објави четирикатната грен слем шампионка. Осака и Муратоглу ја […]

„Ако престанам сега, сè е залудно“: Дончиќ за физичката трансформација со режим на исхрана и тренинзи


Лука Дончиќ со години е критикуван за неговата физичка подготвеност. Коментарите дека е „вон форма“ или „прекумерна тежина“ станаа вообичаени за една од најголемите ѕвезди во НБА. Сепак, словенечкиот кошаркар одлучи да стави крај на ваквите приказни, и како што открива во големо интервју за списанието Men’s Health, неговата трансформација е вистинска и импресивна. Дончиќ […]

Комо се договори со Милан за трансферот на Мората


Италијанскиот фудбалски прволигаш Комо го договори со Милан трансферот на шпанскиот напаѓач Алваро Мората. „Договорот за Мората е готов. Се договоривме за условите и постигнавме договор со Милан за секој детаљ од договорот“, изјави денеска претседателот на Комо, Мирван Суварсо. „Во моментов само чекаме Милан да разговара со Галатасарај, ние си ја завршивме работата“, додаде […]

Македонските одбојкари на двомеч со бугарската репрезентација


По комплетирање на првиот микро-циклус од подготовките во Маврово за квалификациските натпревари со Грција и Грузија за пласман на Европското првенство 2026, машката сениорска репрезентација на Македонија денес отпатува за Софија каде ќе одигра пријателски натпревари со селекцијата на Бугарија. Натпреварите се играат во салата „Левски“ во Софија. Првиот натпревар е закажан за 29 јули […]

Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер


Македонскиот боксерски судија Стефан Цубалевски беше нападнат од страна на азербејџански тренер за време на финалето на Европско младинско првенство кое се одржа во Златибор, Србија. Инцидентот (во видеото на 3:32.00) се случи вчера во финалето до 75 килограми во кое боксуваа Виктор Мајсторовиќ од Србија и Јусуф Агакишијев од Азербејџан. Тренерот на Агакишијев незадоволен […]

Тадеј Погачар владее во Париз откако го освои Тур де Франс по четврти пат


Тадеј Погачар ја запечати својата четврта победа на Тур де Франс во Париз по последната етапа од Мант-ла-Вил до Шанзелизе. 26-годишникот, кој ја освои трката во 2020, 2021 и 2024 година, лесно го победи својот најблизок ривал, Јонас Вингегард, со речиси четири и пол минути, во она што двајцата возачи го признаа како најтешкото издание […]