Јана Бурческа, поп-пејачка: Дона е најубаво на мајка


Сцената ја замени со домот, елегантните тоалети со фармерки, пеењето со успивањето на новородената ќерка. Поп-пејачката Јана Бурческа (24), препознатлива по убавиот глас и става, ужива во улогата на мајка. Бебето Дона има седум месеци и најубави сини очи. Вели, личи на мажот ѝ и на целата негова фамилија. Дебито на сцената ѝ беше во […]

Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на „Нетфликс“


Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и неговата сопруга Мишел, потпишаа повеќегодишен договор со компанијата „Нетфликс“  и ќе бидат  продуценти на некои идни филмови и серии. – Поранешниот претседател и неговата сопруга ќе имаат опција да продуцираат и документарни филмови, соопштија од „Нетфликс“ . Обама на своите соработници им соопштил дека со ова нема намера […]

Потврдена програмата со учесниците за „Скопје колинг 2018“


Фестивалот го отвораат „Axwell & Ingrosso“ на 21 јуни, на 22 јуни доаѓаат „Мorcheeba“, а истата вечер  е и големата француска атракција „Nouvelle Vague“, која ќе настапи заедно со „Morcheeba“ истата вечер, соопшти организаторот  „Авалон продукција“. На 23 јуни е вечерта резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден […]

„Јагуарот“ го откри подарокот од принцот Хари: Синиот прстен на леди Дијана на прстот на Меган


Англија- Отмениот „Јагуар“  додека се возеа на вечера во Фрогмор Хаус, на забавата на принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс, по свадбата, го откри подарокот на принцот Хари за Меган. Огромен син камен блескаше на прстот на војвотката на Сасекс. Фустанот со макси должина на дизајнерката  Стела Макартни беше надополнет со сатенски чевли од „Аквазура“ […]

Фестивалот „Ентер Фест“ се одложува за 29 август до 2 септември


Музичкиот фестивал „Ентер Фест“ ќе се одржи од 29 август до 2 септември. Организаторите информираа дека терминот на одржување на фестивалот, што претходно беше закажан од 29 мај до 3 јуни, е презакажан поради најавените врнежи. Фестивалот треба да се одржи на две сцени надвор и внатре во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Сите […]

Официјални фотографии од свадбата на Хари и Меган: Тоа е љубов


Англија– Новата брачна двојка во кралскиот дворец, принцот Хари и Меган Маркл, објавија официјални фотографии од венчавката во замокот Виндзор, која се одржа во саботата. Војводата и војвотката од Сасекс објавија три официјални фотографии, забележани на денот на нивната венчавка. Фотографиите се дело на фотографот Алексеј Љубомирски, кој исто така беше официјален фотограф и на […]

Вечниот ерген Хју Грант се жени на 57 години


Англија – Актерот Хју Грант, кого го сметаа за еден од вечните ергени во Велика Британија, одлучи да се жени. За 57-годишниот актер ова е прв брак, а негова избраничка е 18 години помладата шведска ТВ- продуцентка Ана Еберштајн. Двајцата подолго време живеат заедно, а Еберштајн е мајка на три од петте деца на актерот. […]

Хуманитарна аукција за матурантите од СОС Детското село


Студентите од Факултет за дизајн и мултимедија при ФОН Универзитетот, утре, на 23 мај од 19 часот во џус барот „Диван“ во Капитол мол, ќе одржат аукција на специјално дизајнирани чанти. Целиот приход од продажбата на чантите ќе се донира за матурантите од СОС Детско село Македонија. Кампањата е наречена „Креатори на насмевки“ , а […]

Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на Netflix


САД– Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и неговата сопруга Мишел, потпишаа повеќегодишен договор со компанијата Netflix и ќе бидат  продуценти на некои идни филмови и серии. Поранешниот претседател и неговата сопруга ќе имаат опција да продуцираат и документарни филмови, соопштија од Netflix. Обама на своите соработници им соопштил дека со ова нема намера да […]

Хороскоп: Непријатности за раковите, предизвици пред вагите


ОВЕН: Среќата и успехот не се денес на вашето мени, но запаметете дека најтемно е пред да зазори – имајте в предвид дека ова е само моментална состојба и не се грижете премногу. Не дозволувајте да бидете заведени од сензуални задоволства и опседнати со пари и моќ. Тајност. БИК: Денес е добро да внимавате на […]

(Видео) „Ај кју“ се најлошо облечени учесници на Евросонг 2018


Португалија–  „Ај кју“, годинешниот македонски претставник на Евросонг во Лисабон, Португалија се прогласени за најлошо облечени учесници на настанот. Станува збор за наградата Барбара Декс, која што уште од 1993 година им се доделува на најлошо облечените учесници на Евровизија. Наградата го носи името според белгиската претставничка на Евровизија за 1993 година, Барбара Декс, која […]

Италијанската актерка Азија Арџенто: Харви Вајнстин ме силуваше во Кан


Франција– Годинешното издание на Канскиот филмски фестивал вчера заврши со вистинска животна драма што ги засени добитниците на највисоките награди. Италијанската актерка Азија Арџенто, членка на жирито, одржа моќен говор што ги занеми присутните и ги соочи со суровата реалност што резултираше со движењето #MeToo. „Во 1997 година Харви Вајнстин ме силуваше во Кан“, рече […]

(Фото) Ед Ширан триумфираше на наградите „Билборд 2018“


САД- Со пет  награди од 15 номинирани поп-ѕвездата Ед Ширан синоќа триумфираше на наградите „Билборд“ во Лас Вегас. Ширан ги освои наградите Топ музичар, Топ хот 100 музичар, музичар со најпродавани песни, музичар со нај песни на радио, и со топ радио песна „Chape of you“. Тејлор Свифт од пет номинации, освои две награди: топ-музичар […]

Концептуална продавница за борба против униформираноста


Во што е разликата помеѓу обична и концептуална продавница? Во првиве просторот е поделен на рафтови и делови во зависност од видот на производите. И нема никаков концепт кој ја спојува целината. Во концептуалните продавници или „concept store“ целината е во идеологијата на продуктите и на идејата за продажба. Во нив производите што се изложени […]

Меган како невестата Џенифер Лопез од „Организаторка на венчавки“


Англија- Едноставна, со пик силуета и должина до колената, а во горниот дел отворена кај рамениците беше венчаницата на Меган Маркл, војвотката од Сасекс, со потпис на „Живанши“. Контрастно на едноставниот крој на венчаницата, велот беше фантастичен – долг и украсен со везени цветови. Маркл исто така носеше на главата тиара, позајмена од кралицата на […]

Првиот танц на Хари и Меган како маж и жена на хит на Витни Хјустон


Англија– Меган Маркл и нејзиниот сопруг, принцот Хари го изиграа првиот танц како маж и жена на хитот на Витни Хјустон , “I Want to Dance with Somebody,” од 1987 година. Откако заврши церемонијата на венчавањето, војводата и војвотката од Сасекс го напуштиле замокот Виндзор, и во „Јагуар“ се упатиле на вечера во Фрогмор Хаус, […]

Хари и Меган го одложија медениот месец заради роденденот на принцот Чарлс


Англија– Британскиот принц Хари и принцезата Меган го одложија медениот месец за да можат да присуствуваат на роденденот на принцот Чарлс, кој е само неколку дена по нивната венчавка, викендов во замокот Виндзор. Хари и Меган утре ќе присуствуваат на 70.роденден на принцот Чарлс. Тоа ќе биде прв кралски настан на кој тие официјално ќе […]

Хороскоп: Што ви кажуваат ѕвездите за денес


ОВЕН: На самиот почеток на оваа недела би можеле да се соочите со неповолни вести околу работата, финансиите или физичкиот свет. Не се препуштајте на сензуални уживања, луксуз и екцеси, заборавајќи на должностите во светот околу вас. Растрошност и дефокусираност. Мера. БИК: Со Меркур и Уран во својот знак доаѓате до една фаза кога постигнувате […]

(Фото) Кои славни гости дојдоа на свадбата на Хари и Меган?


Англија- Познатата американска телевизиска ѕвезда Опра Винфри, фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија, актерот Џорџ Клуни и сопругата Амал, актерката Пријанка Чопра, актерот Идриз Елба, тренисерката Серена Вилијамс, пејачите Џејмс Блант, Џос Стоун  и Елтон Џон беа меѓу  славните  ѕвезди кои пристигнаа на свадбата на принцот Хари и Меган Маркел. Светската јавност најмногу […]

Меган Маркл блесна во венчаница на „Живанши“


Англија– Дизајнерите како Ралф&Русо, Ердем, Оскар дела Рента и Барбери беа на приоритетните листи на прогнози, но наспроти нив – Меган Маркл за најважниот ден од својот живот, на свадбата во замокот Виндзор, избра венчаница од Живанши. Едноставна, со пик силуета и должина до колената, а во горниот дел отворена кај рамениците. Контрастно на едноставниот […]