Герасимовски: Поддршката од центарци за вториот круг се зголемува, победуваме во недела!


Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Поддршката од центарци во пресрет на вториот круг од локалните избори за Герасимовски значително се зголемува. Тој, на вчерашните средби доби поддршка да продолжи да ја води општината како во изминатите […]

Мицкоски очекува 59 градоначалници


Резултатите од првиот круг на локалните избори јасно покажуваат дека граѓаните го избрале ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како своја опција, порача денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во општина Лозово во рамки на изборната кампања, повикувајќи ги граѓаните за поддршка во вториот круг од локалните избори. Мицкоски изрази поддршка за кандидатот и актуелен градоначалник на Лозово, […]

Ивановска нема да им кажува на граѓаните за кого да гласаат: Секој граѓанин си е здраворазумен и има одговорност за својот глас


Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат, бидејќи секој граѓанин си е здраворазумен, има право на гласање и има одговорност кому ќе го даде својот глас, порача кандидатката за градоначалничка на Општина Центар, Билјана Ивановска, за која изборната трка заврши во првиот круг, денеска, на прес-конференција заедно со избраните советници […]

Вреди: Со својот речник, Али Ахмети стави катанец на НАИ


Во Вреди се „шокирани, но не и изненадени“, откако го слушнале Али Ахмети, кој, како што велат во соопштение, „повторно избувнува со банален, навредлив и недостоен јазик за човек кој некогаш тврдеше дека ги претставува Албанците“. „Од ‘загарите’ до ‘газиместан’, овој срамен јазик е најјасен доказ за губењето на контролата, паниката и политичкиот крај на […]

Се интензивираат активностите на противкандидатите за градоначалници на осум дена пред финалното гласање на 2 ноември


Изминаа шест дена од првиот круг налокалните избори 2025. Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември (недела), според податоците на Државната изборна комисија, во 32 општини и Градот Скопје. Во меѓувреме во Македонски Брод и за Могила двајца од кандидатите се повлекоа од трката за градоначалник во вториот круг на изборите, но од ДИК […]

Претседателот на скопската организација на СДСМ, Галетановски, поднесе оставка


  Пет дена по локалните избори претседателот на Градската организација на СДСМ на Скопје, Ѓорѓи Галетановски, поднесе оставка. Причините се во лошиот резултат на СДСМ на изборите во главниот град каде кандидатот за градоначалник, Каја Шукова, заврши на четвртото место, а СДСМ освои само пет советнички места. Оставката на Галетановски ја соопштија неколку медиуми, но […]

Ахмети го нарече ВЛЕН „здружение Газиместан“


  Али Ахмети, Лидерот на ДУИ, во прво обраќање по локалните избери рече дека не гледа потреба да се повлече од политиката бидејќи излегол како победник во првиот круг заедно со коалицијата Национална алијанса за интеграција. Тој ја нарече коалицијата ВЛЕН „здружение Газиместан“. Бидејќи губитникот излегува да тврди дека е победник. „НАИ на овие избори […]

Колкаво е разочарувањето на Мицкоски од Касами? Бараше почит, а не го добил


  Премиерот Христијан Мицкоски вчера на два пати со горчливи и предупредувачки зборови се осврна на изјавата на тетовскиот градоначалник (кој бара уште еден мандат) и лидер на Беса, Билал Касами, во која тој рече дека ќе го поддржат кандидатот на ДУИ во вториот круг во Кичево. Иако не го спомена по име Касами, Мицкоски […]

И Николоски го нападна Билал Касами


  Прво премиерот, а потоа вицепремерот му се нафрлија на градоначалникот на Тетово, Билал Касами откако тој изјави дека во Кичево коалицијата „Вреди“ ќе го поддржи кандидатот на ДУИ за вториот круг. Александар Николоски денеска му порача на Касами дека соработката во владата може да продолжи само врз „основа на принципи и вредност“. „Ветивме дека […]

Според Апасиев Мицкоски бил видовит – прв спомна политички глодари


„А ова било тоа, уствари, Мицика шо не’ викаше ПОЛИТИЧКИ ГЛОДАРИ… Пази што посакуеш, баце, може и да ти се оствари! Еве, цело Скопје со стаорци го напраивте од инат. Штеточини“, објави на Фејсбул лидерот на Левица Димитар Апасиев. По него испажа дека Мицкоски го најавил тоа што ќе го прави или барем бил видовит […]

Вреди контра Касами, ја отфрли поддршката за Дехари во Кичево


Коалицијата Вреди потсети дека побарала кандидатот на ДУИ за Кичево Фатмир Дехари да се повлече од изборната трка по објавените компромитирачки материјали и дека кичевци мора сами да ја донесат пресудата на гласањето на 2 ноември. „По објавувањето на компромитирачките материјали, коалицијата Вреди побара повлекување на кандидатот на НАИ од трката за да се заштити достоинството […]

Николоски со полна уста успеси: Бенефитите од средбите во Лондон ќе ги видиме наредните години


Македонија го имаше ексклузивитетот да има посебна билатерална агенда во рамки на Самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Лондон. Покрај тет-а-тет средбите со премиерот Стармер, билатералните средби со министрите во Владата, имавме чест да бидеме примени од страна на кралот Чарлс, а честа за Македонија е уште поголема, бидејќи имаше и двајца уметници […]

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети се повлекува


Дезинформација е дека лидерот на ДУИ Али Ахмети  ќе се повлече од политичката сцена по локалните избори, вели потпретседателот на партијата Арбр Адеми. – Не е точно дека претседателот Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката, изјавил Адеми за „Слободен печат“, во врска со пишувањата на медиумот на албански јазик „Фол“ дека […]

СДСМ очекува да освои повеќе општини отколку ВМРО-ДПМНЕ во 2017 година


СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е во паника бидејќи СДСМ е на пат да освои повеќе општини на овие избори отколку што ВМРО-ДПМНЕ успеала да освои на локалните избори во 2017 година. Од СДСМ сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека СДСМ останува најсилна опозициска партија. СДСМ како доказ за загриженоста на […]

Ахмети размислувал за повлекување по локалните избори


Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, сериозно размислувал да се повлече од активната политика, објави медиумот на албански јазик „Фол“.Според информациите на медиумот добиени од ДУИ, Ахмети веќе разговарал за оваа одлука со дел од своите најблиски соработници, како и со политички партнери од Албанија и Косово.   Конечната одлука се очекува […]

ВМРО-ДПМНЕ негира дека се договорени кампови за мигранти


СДСM не престанува со лаги, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека премиерот Христојан Мицкоски при престојот во Лондон се согласил во Македонија да се изградат кампови за мигранти. Лага и на денешната прес-конференција. И после едвај 120.000 гласови добиени додека е на пат на пасокизација, да ја доживее судбината на левата грчка […]

„Бурсток“, со која Мицкоски потпиша меморандум, не е компанија за воена индустрија, туку консултантска куќа


  Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во Лондон на самитот на Берлинскиот процес, денеска на Фејсбук објави оти потпишал „Меморандум за разбирање со американско-британската компанија ‘Бурсток’, која што ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари. Ќе имаме нови високоплатени 1.000 работни места и ова е само почеток“. Но „Бурсток“ не […]

Дали и „Лукоил“ во Македонија потпаѓа под новите американски санкции?


  Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАЦ), во рамките на Министерството за финансии на САД, во четврток воведе санкции врз руските компании „Роснефт“ и „Лукоил“. Како причина, ОФАЦ наведе дека „Русија не покажува сериозна посветеност на мировен процес што би ја завршил војната во Украина“. Руската компанија „Лукоил“ работи и во Македонија под името […]

Мицкоски: Опозицијата го иритира народот


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска, на прославата на државниот празник денот на ВМРО, 23 Октомври, ја нападна опозцијата велејќи дека доживеала политички нокаут и дека со „нереални математики дополнително го иритира народот“, и дека не научила ниту една лекција. „Нема пресметка во која тие би победиле на каков било начин. Тоа покажува дека сè уште […]

Мециновиќ гледа мобилизација за негова поддршка пред вториот круг


  „Во изминатите неколку дена гледаме голем прилив на нови поддржувачи. Многу граѓани кои досега не гласале за Левица, сега ја гледаат како најсоодветна опција во вториот круг“, изјави кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција. Тој вели дека левиот гласачки спектар цврсто се обединува околу нивната програма. Мециновиќ тврди […]