Тошковски бил опериран, се јави од болница


Министерот Панче Тошковски, кој во последниот период видливо отсуствуваше од јавноста, се јави денес од болница. На својот Фејсбук профил тој објави дека бил опериран и добро се чувствува. -Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по […]

Орбан, Груевски и Радев во иста мисија – ќе ја запираат војната во Украина


  Едно дуо-трио се појави во јавноста последниве неколку дена кое на свој начин ја заплашува јавноста дека е можна нова голема војна во Европа во која ќе страда целиот континент – и малите и големите, доколку не се најде некакво решение за смирување на борбите во Украина и разбирање за руските интереси. И Во […]

Албанија го прослави со торта отворањето на последниот кластер од преговорите


Отворањето на последниот преговарачки кластер со Европската Унија Албанија го прослави во Брисел со торта. На седмата Меѓувладина конференција, официјално беше отворен Кластерот 5, кој ги опфаќа земјоделството и кохезијата.Со ова, Албанија за нешто повеќе од една година успеа да ги отвори сите шест преговарачки кластери, што беше оценето како напредок со „рекордна брзина“. Еврокомесарката […]

Филипче: По олку лош извештај на ЕК, може да добиеме и нови услови за преговори


  Лидерот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, порача дека извештајот на Европската Комисија е показател дека власта нема политичка волја да  продолжи со реформите. „Жалам што слушаме пораки на евроскептицизам тука во телата на Собранието, во кои што најмногу треба да се работи и на полето на реформите и на […]

Сиљановска за извештајот на ЕУ: Не е точно дека не сме ги ставиле на дневен ред уставните измени


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за земјава, нагласи дека по 16. пат, овој извештај како и претходните не говори само за евалуираниот, туку говори и за евалуаторот. Според неа, ако има оценка или […]

Гаши ги распиша локалните избори за Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа на 11 јануари


Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска за 11 јануари ги распиша локалните избори за четирите општини Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде на 19 октомври, прв круг на Локалните избори немаше доволен број излезени граѓани на гласање.  За 13 часот седница закажа и Државната изборна комисија, која треба да ги почне подготовките за […]

Мицкоски се прогласи ненадлежен за барањата на родителите од Кочани


 Прашањето за поддршката за формирање на собраниска анкетна комисија за истражување на случувањата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ треба да биде упатено до пратениците, смета премиерот Христијан Мицкоски. – Што се однесува за поддршката за анкетна комисија, тоа прашање мислам дека добро е да им го поставите на пратениците. Мислам дека ваков […]

Мојсоска: Доста со изговори, надзорна расправа и анкетна комисија за Кочани мора да има“


Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, денеска, на нејзиниот Фејсбук профил, порача дека власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема повеќе ниту еден аргумент да го одлага одржувањето на надзорна расправа за трагедијата во Кочани, имајќи предвид дека обвинителниот акт е поднесен пред повеќе од еден месец: „Власта е на потег… Надзорна расправа за трагедијата во Кочани мора […]

Во рамките на коалицијата траат разговорите за ресорите на Владата


 Во рамките на коалицијата траат разговорите, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање дали се утврдени ресорите со ВРЕДИ во контекст на најавените промени во составот на Владата.  Мицкоски, кој денеска беше на поставување камен темелник за изградба на нова детска градинка во Гази Баба, прашан дали ќе има промени на ресорите чии први луѓе […]

ВМРО-ДПМНЕ рони солзи: Венко Филипче не бил заинтересиран за СДСМ


  Тежок коруптивен скандал во Платежната агенција за земјоделството, очаен извештај на Европската комисија, странски компании со заминуваат од земјата, судиите му испраќаат писмо на премиерот дека им се смачило од неговите навреди, а ВМРО-ДПМНЕ секој ден рони солзи како реки дека Венко Филипче воопшто не бил заинтересиран за партијата што ја води – СДСМ. […]

Сајкоски: На конгресот на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесеме важни стратешки документи


Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител во рамки на Тема на денот се осврна на претстојниот Конгрес на партијата, како и на резултатот од локалните избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. „Подготовките за редовниот 18 Конгрес започнаа во јули согласно […]

Вадефул пред посетата на Западен Балкан: ЕУ не е далечно патување, туку конкретна перспектива


Шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул денеска изјави дека државите од Западен Балкан треба да ги спроведат понатамошни реформи, бидејќи тоа е од суштинско значење за да нивните долгогодишни напори за членство во ЕУ, но и да се спротивстават на обидите на Русија и Кина да извршат влијание во регионот, јави Германската новинска агенција (ДПА). […]

Кадровските промени во СДСМ и натаму во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ, ниту Трајановски не им е воља


Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и натаму продолжува да се бави со кадровските промени на опозициската СДСМ, овој пат со назначувањето на Александар Трајановски за потпретседател на партијата. Исто така, повторно побараа оставка од Венко Филипче. Како што наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение, најавите на Венко Филипче за промени во партијата засега почнаа и завршија со неговиот партиски другар, […]

Сопругата на Андреј од ДНК бара анкетна комисија за несреќата во Кочани


Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК, кој загина во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, денеска во обраќање пред Собранието ги повика пратениците да помогнат во потрагата по вистината за трагедијата. Таа во име на семејствата на загинатите побара пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за, како што рече, целосно […]

Кочани му порача на Скопје: Болката е наша, но борбата е заедничка!


„63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“.  Со ваков транспарент и слики од жртвите во пожарот во дискотеката „Пулс“ родителите од Кочани денеска го предводат протестниот  „Марш за ангелите“во Скопје. „Сенките“ се бројот на жртвите за кои, четири дена пред почетокот на судењето за случајот, родителите бараат правда. Одзивот на скопјани на […]

ВМРО-ДПМНЕ го разреши Стоилев од функцијата


Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа го разреши Илија Стоилев од претседателското место во Општинскиот Комитет во Свети Николе, по случајот на злоупотреба на средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Исто така е разрешен и Гоце Стоиловски од претседателската позиција во ОК во Македонска Каменица. Ова денеска го соопшти партијата заедно […]

Скандалот со ИПАРД се продлабочува, Трипуновски доделил земјиште на ќерката на Стоилев


Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство,  Љупчо Николовски, во вчерашаната емисија „Аргумент +“, на ТВ 24,  изнесе уште еден скандал поврзан со директорот на Платежната агенција, а во кој се открива поврзаноста на акуелниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски и директорот на Платежната агенција Стоилев, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА […]

Димитров: Политизацијата на историската комисија доаѓа од Скопје, а не од Софија


Напредок ќе има само ако во Скопје станат смирени и самокритични и  ако слушаат што вели ЕУ,  изјави во интервју за БГНЕС историчарот и дипломат  Ангел Димитров, копретседател на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија. Според него, политизацијата на заедничката историска комисија доаѓа од Скопја, а не […]

Директорката на Државниот архив ја разрешиле преку секретарката на премиерот


  Наташа Котлар-Трајкова, директорката на исклучително важната институција Државниот архив, била разрешена на еден прилично груб начин – преку секретарката на премиерот Христијан Мицкоски. Се разбира, секретарката не е таа што ја разрешила, туку само телефонски ѝ соопштила дека не е веќе директорка. Според информацијата на ТВ24, која прва ја објави веста, Котлар-Трајкова си била […]

Муцунски разговарал со американскиот заменик-државен секретар Кристофер Ландау


  Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски разговарал телефонски со заменик-државниот секретар на САД Кристофер Ландау, но од неговата објава не е јасно со каква цел и што постигнал.   „Денеска остварив телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау.   Во разговорот ја потврдивме конструктивната и блиска соработка со САД, како […]