„Веселата“ математика за судството не ја мрда Македонија од европското дно


  Политиката не го дава правосудството. Вака накратко може да се прочита отпорот на владата да обезбеди соодветен буџет  за судството и за обвинителството кој би им гарантирал независност, а не да бидат предмет на постојани уцени и закани, поради кои не ќе можат да судат. Хронологијата покажува дека иако судството законски треба да добива […]

Мицкоски се претвора во Орбан, секој ден вербално се пресметува со судии


  Нема ден, а премиерот Христијан Мицкоски да не излезе со напад врз судиите или обвинителите во земјата, а паралелно од неговата партија се штанцаат исто такви содржини, иако таквите напади врз судството и обвинителството беа една од најлошите забелешки на ЕУ во последниот извештај за прогресот.  Денес, во изјава за новинарите Мицкоски во тој […]

СДСМ: Груевски командува, Мицкоски извршува државата да оди назад


  Опозициската СДСМ вели дека Македонија повторно се наоѓа во изолација додека целиот регион напредува и дека Никола Груевски од Будимпешта бил вистинскиот центар на одлучување во ВМРО-ДПМНЕ.  „Нема реформи во ниту една сфера, економијата тоне, странските инвеститори си заминуваат, власта сака повторно да го конторлира судството, целосно е заглавен европскиот пат на земјата. Власта вели […]

Стразбур бара дообјаснувања од владата за судењето на Јанкуловска


Европскиот суд за човекови права во Стразбур отворил постапка по жалбата на поранешната министерка Гордана Јанкулоска за случајот „Тенк“, за да оцени дали во предметот постојат сериозни индиции за можни прекршувања на правото на фер судење. Еден од клучните сегменти што го интересира Судот е користењето на прислушуваните разговори како докази од обвинителството. Одбраната на […]

„Системот го киднапираше театарот“: Реакција на Битолскиот театар откако МВР ја спречи претставата „Жиголо“


  Министерството за внатрешни работи го спречи одигрувањето на синоќешната претстава во Битолскиот народен театар, поради тоа што во Центарот за култура во Битола се одржуваше свеченост со висок безбедносен ризик, објави Театарот. Од Битолскиот театар настапија со силна критика велејќи дека „системот го киднапираше театарот“.  Вчера во Битола имаше низа свечености по повод одбележувањето […]

Министерот Трипуновски крие информации за скандалот со ИПАРД, обвинува СДСМ


  Две недели по мега-скандалот за ИПАРД, наместо да даде одговор на клучните прашања, министерот цветан Трипуновски бега од одговорност, бега од вистината за суспензијата на парите а бега и од одговори, рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Презентирајќи документ Кузеска соопшти што пратил Трипуновски на официјалното писмено барање за информаци со […]

Мицкоски убеден дека први ќе стигнеме до ЕУ


  Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот, истакна во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски на самитот во Тирана наречен „Нашиот пат кон ЕУ“. Нашата порака е дека Македонија исполнува и сега очекуваме од нашите партнери правичен и меритократски пристап, истакна […]

Гаши ја уверувал кинеската амбасадорка дека Македонија го поддржува концептот „Една Кина“


  Откако вчера во Скопје се одржа Бизнис форум со учество на дипломати на Тајван од Италија и во јавноста се постави прашањето дали Македонија ги отвора пак вратите за Тајпеј денеска претседателот на Собранието Африм Гаши ја прими кинеската амбасадорка Џијанг Сиаојан и ја уверуваше дека не постои промена во политиката на македонската држава. […]

Уставниот суд ги нарече „лаги и манипулации“ нападите од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ


  Реторика заснована на лаги и манипулации. Јавното напаѓање на судии и шпекулативните говори претставува директен напад врз институцијата што го штити Уставот Вака денеска Уставниот суд преку соопштение се спротивстави на оценките на одредени политичари дека поведувањето постапка за уставноста на линеарното зголемување на пензиите било политичка нарачка на „СДСМ преку Добрила Кацарска“. Според […]

Амбасадорката Дрекслер контра Мицкоски: Германија вложува пет пати повеќе во судството по глава на жител од Македонија


  Германија вложува во правосудството пет пати повеќе по глава на жител од Македонија. Вака на директен начин германската амбасадорка во земјава, Петра Дрекслер, одговори на тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека земјава издвојува поголем процент од БДП за оваа намена од голем број земји членки на ЕУ, притоа споменувајќи ја Германија. Во разговор за […]

ВМРО-ДПМНЕ упорно одбива да го зголеми судскиот буџет


Македонија е држава која се вбројува меѓу земјите кои издвојуваат значителни средства за правосудството и кои на судиите и обвинителите, согласно закон, им обезбедила високи примања.Секоја година од државниот буџет за македонското судството се одвојуваат дури 0,39% од БДП, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако Европската унија и даде на владата негативна оценка за состојбата во судството, […]

Премиерот Мицкоски на Самитот на лидери „Нашиот план до ЕУ“ во Тирана


Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе присуствува на Самитот на лидери „Нашиот план до ЕУ“ кој денеска ќе се одржи во Тирана, Република Албанија. Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на панел дискусијата насловена „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“.

Тајван се враќа во Македонија. Ѝ врти ли власта грб на Кина?


  Тајван се враќа во Македонија. Ова накратко е пораката од денешниот настан на Бизнис конфедерацијата на Македонија, која денес организираше настан со учество на преставници од официјалното дипломатско претставништво на Тајван во Италија, а на кој требаше да се пренесат искуствата на оваа земја околу „паметните градови“, како една од водечките земји во развој […]

Мицкоски би се согласил за максимум 0,35 отсто од БДП за судството


  Она што пред некој ден во интервју на Телма го објаснуваше со графикони премиерот Христијан Мицкоски денеска пред новинарите го потврди – тој не гледа причина за зголемување на платите на судиите и обвинителите. За него е прифатливо да се одвојува 0,35 отсто од БДП да се одвојува за судиите и обвинителите. Мицкоски ја […]

Мицкоски не сака друг партнер во владата, сегашните се доволни


  Владата не размислува за нов коалициски партнер и очекува поддршка од сите во Парламентот за реформските закони, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Тој не гледа причина пратениците во парламентот да не поддржат реформски закони и смета дека […]

Билатералните прашања треба да се решаваат билатерално: Извештај на Европскиот парламент за проширувањето


  БРИСЕЛ – Нерешените билатерални прашања меѓу членките од ЕУ и земјите кои не се членки на Унијата треба да се решаваат билатерално и тие не смеат да се користат како лост за блокирање на процесот на пристапување на земјите кандидати за членство, се наведува во Предлог-извештајот за Стратегијата на ЕУ за проширувањето на Европскиот парламент, […]

И ВМРО-ДПМНЕ бара правда за Кочани


Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со трагедијата во Кочани, велат денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. „Вистината мора да излезе на виделина, а државата мора да гради систем во кој нема да има повластени и недопрени, туку законот ќе важи за сите. Заради тоа овој случај е исклучително важен. Македонија мора […]

Беџети: Села ќе остане опозиција, ќе опстане и заедничката парламентарна група со ДУИ


Пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети, денес на прес-конференција изјави дека пратениците на ДУИ ќе продолжат да функционираат во рамките на Европскиот фронт.На прашањето за заминувањето на Зијадин Села, тој рече дека одлучиле да функционираат независно и дека повторно ја поздравуваат и поддржуваат соработката на опозициските партии. „Како што ја видов нивната изјава, тие ќе продолжат […]

Филипче негира дека има договор зад сцена со ВМРО-ДПМНЕ


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче,  ги демантираше шпекулациите за каков било таен договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во одговорот, тој потенцираше дека е апсолутно невозможно да постои договор со политичари кои поставуваат прашања „колку чинат животите на децата во Кочани” .   „Јасно демантирам – нема било каков скриен, таен, полутаен договор за било што […]

Амандманската расправа за Предлог-буџетот се претвори во препукување за меѓуетничките односи


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска втор ден продолжи амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година. Поднесени се околу 210 амандмани, а денеска беа разгледани неколку амандмани од опозицијата кои не беа прифатени. Со амандманите се бараа повеќе средства за Министерството за европски прашања, за Министерството за односи со заедниците, за одбележување на […]