Бугарија нема да ја блокира Македонија во ЕУ, тврди Плевнелиев


Поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, смета дека Бугарија нема да ја блокира првата меѓувладина конференција на нашата земја со ЕУ, како што пред неколку дена најави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, доколку не се решат историските прашања во Мешовитата експертска комисија. „Некои политичари можат да кажат што мислат, но тоа не […]

Цветан Трипуновски бара апанажа за учество во техничката влада


Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ бара апанажа за учество во техничката влада, соопшти поранешниот министер за земјоделство, Трајан Димковски, на својот Фејсбук профил. „Човекот кој од прв ден ги лажеше земјоделците, се закануваше на вработените дека кога ќе дојдат на власт ќе ги брка од работа. А тој ти бил само љубител на народни пари, […]

Џафери размислува: Гласање во смени, од различни сали, во редуциран состав или онлајн?


Многу европски земји го прилагодиле начинот на работењето на нивните собранија поради епидемијата на корона вирусот. Некаде е редуцирано учеството на пратениците во работата, некаде се гласа онлајн, но генерално сите бараат решение како да се работи во оваа криза   Онлајн или клуч на врата на Собранието. Вака првиот негов човек, Талат Џафери, вчера […]

Немаат за леб, имаат за „мерцедес“


Опозиција каква што може само да посака секоја власт. Вака Андреј Жерновски реагираше на протестот на ВМРО-ДПМНЕ за поскапувањето на струјата објавувајќи ја фотографијата на која се гледа скап автомобил на кој стои патетична порака: „Заев полни џеб, народ нема за леб“. „Драги политички противници, едно конструктивно прашање до вас: Кој ви предложи да лепите […]

ВМРО-ДПМНЕ го напаѓа претседателот на РКЕ, а не му го знае презимето


ВМРО-ДПМНЕ два пати неделава протестираше против поскапувањето на електричната енергија и два пати ја блокираше улицата каде што се наоѓа Регулаторната комисија за енергетика, која ја обвинува за осиромашување на народот, но има проблем да го погоди презимето на првиот човек на Комисијата. Па така, денешното официјално партиско соопштение напишано на службен меморандум и потпишано […]

Експертските комисии со Грција и Бугарија продолжуваат со работа


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари одвоени средби со македонските членови на трите билатерални комисии и тоа на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања со Грција; на Меѓународната група на експерти за имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци со Грција, како и на Заедничката мултидисциплинарна […]

РКЕ не ги примила преставниците на ВМРО-ДПМНЕ поради короната


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги сопшти дека писменото барање што до нив го доставија претставници на ВМРО-ДПМНЕ во тек на денешниот протест е архивирано по стандардна процедура како и за сите правни и физички лица. – Поради состојбата со пандемијата и заштита на здравјето на граѓаните и вработените, РКЕ уште од март 2020 […]

Затворена врата за претставниците на ВМРО-ДПМНЕ во Регулаторната комисија


ВМРО-ДПМНЕ по вторпат неделава протестирaшe против поскапувањето на цената на струјата. Од опозициската партија денеска ја блокираа крстосницата и пристапните улици пред седиштето на Регулаторната комисија во центарот на Скопје. Дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ  влегоа во зградата каде се наоѓа Регулаторната комисија за енергетика, но набрзо излегоа со образложение дека никој не ги примил. […]

Милошоски: Прво треба собраниска одлука за формирање на комисиите, па потоа да се предлага составот


На барање пратениците од ВМРО-ДПМНЕ заради дополнителни консултации, само што почна со работа и го утврди дневниот ред Комисијата за прашањата на изборите и именувањата е на пауза. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека оваа комисија не може да дава предлози за персонален состав на другите собраниски комисии, што е прва точка на дневниот ред, бидејќи […]

Апанажа побарале 44 пратеници од минатиот собраниски состав


Доколку добие предлог од Владата за укинување на патните трошоци на сите избрани и именувани функционери, вклучувајќи ги и пратениците, претседателот на Собранието ќе достави предлог до пленумот за гласање. Но, вели Џафери, не очекува такво нешто, иако во јавноста некои пратеници најавуваа дека ќе се откажат од патните трошоци. Според него, поединечно барање на […]

Раководните лица кои не го испорачале она што се очекува, треба сами да си заминат, смета Битиќи


Раководните лица кои не го испорачале она што го очекувале граѓаните, не треба да очекуваат некој да ги смени, туку сами треба да си заминат, изјави денеска вицепремиерот задолжен за економските сектори Фатмир Битиќи. Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата во Владата, Битиќи рече дека следната недела почнува процесот на дефинирање на директори во третиот […]

Заев: Наскоро почнува реализацијата на четвртиот пакет економски мерки


Премиерот Зоран Заев денеска на Фејсбук напиша дека наскоро ќе започне реализацијата на четвртиот пакет економски мерки кој опфаќа директна помош за економијата и за граѓаните. – Ги опфаќаме најсиромашните, за да ја зголемиме нивната потрошувачката моќ, но и на компаниите за да даваат плати. Ќе продолжи и помошта за платите во најпогодените сектори. Ќе […]

Андреј Ковачев сега го нападна и АСНОМ – бил столб на антибугарството


Европратеникот од партијата на премиерот Борисов најави блокада на македонскиот пат кон ЕУ додека не се прифата нивните услови   Најпознатиот пратеник во Европскиот парламент од партијата на премиерот Бојко Борисов побрза да најави блокада на европскиот пат на Македонија веднаш откако Зоран Заев сношти рече дека е оптимист оти ќе се најде решение за […]

Џафери: Ако се укинат патните трошоци на пратениците, ќе барам укинување на службените возила на функционерите


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се закани дека ако Владата предложи укинување на патните трошоци на пратениците тој ќе излезе со контра предлог, да им се укинат сите службени возила на функционерите, па да одат на работа со тротинет. „Очекувам да не добијам таков предлог од Владата, а поединечно не очекувам некој да се откаже […]

Џафери најави седница на Собранието за понеделник, за потпретседателите чека писмен предлог


Талат Џафери повика на инвентивност во функционирањето на Собранието, а пред сѐ на комисиите, споменувајќи можност да работат во редуциран состав   Слободанка Јовановска Претседателот на Собранието, Талат Џафери, потврди дека политичките партии се согласиле околу составот на раководните тела и кој ќе ги предводи, така што тој очекува веќе денес да заврши со работа […]

Најавено конституирање на собраниските комисии


Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата се очекува денеска да одржат седница на која треба да се гласа за составот на парламентарните комисии. Претседателот на Комисијата Костадин Костадинов веќе потврди дека парламентарните партии постигнале договор за тоа кој ќе претседава комисиите. Потоа составот на комисиите треба да помине и на пленарна […]

Македонските официјални претставници веруваат во изнаоѓање решение со Бугарија, двете страни да излезат победници


Лавина реакции од македонски официјални претставници предизвика вчера изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, дека Бугарија ќе ја блокира првата меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, ако Мешовитата комисија не постигне согласност за отворените историски прашања. Главно сите сметаат дека ќе се изнајде заедничко решение со Бугарија, во духот на […]

Заев: Државата прогресира, а Мицкоски протестира заради фотелјата


Премиерот Зоран Заев вели дека не гледа „здрава логика“ да се протестира за покачување на струјата. Според него, струјата сега е поевтина во споредба со 2017 година. Во интервјуто на МТВ Заев рече дека просечната сметка за струјата во 2006 година била 822 денари, а во 2017 1.635 денари, односно зголемана за 100 проценти. Премиерот […]

Одлуката за училиштата ќе се раководи од здравјето на децата, вели Заев


  Македонија ги следи искуствата на другите држави околу враќањето на децата во училиштата и одлуката ќе биде донесена  внимателно и со сите премерувања на користа и можните ризици. Во интервју со повеќе новинари на МТВ премиерот Зоран Заев изјави дека ги гледаат искуствата од други земји, како германија или Израел, кои се соочија со […]

Димитров: Изјави што може да предизвикаат навреда или вознемиреност кај соседите не помагаат


Договорот за пријателство со соседна Бугарија зборува за заедничка историја што ги поврзува двата народа. Во 21 век во Европа, правото на самоопределување и самоизјаснување не може да биде спорно, изјави за Радио Слободна Европа вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, по изјавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Карачанов дека Бугарија ќе ја блокира […]