Османи: И Бугарија има интерес регионот да се интегрира во ЕУ


Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изјави дека е оптимист оти заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања ќе изнајде решение по прашањето за Гоце Делчев. -Верувам во стручниот и научниот капацитет на нашите историчари да изнајдат заеднички текст во тој дел, рече Османи на заедничката прес-конференција во МНР со генералната секретарка на Регионален […]

ВМРО-ДПМНЕ денес избира нов извршен комитет


За денеска е најавено заседание на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се очекува да биде изгласан нов состав на Извршниот комитет на партијата. Информациите се дека Извршниот комитет ќе биде помал од претходниот и во него ќе има неколку нови имиња со што ќе се даде дополнителна тежина и динамичност. Воедно, информациите се дека новиот […]

Утре ќе се бираат замениците-министри во Владата


Утре почнува собраниска седница на која треба да бидат избрани замениците-министри во Владата. На официјалниот сајт на Собранието, седницата е закажана за 11 часот. Предлогот со заменици-министри, Владата го достави до Собранието во петокот. Во одбраната за заменик-министер е предложен Башким Хасани, во Министерството за внатрешни работи Назим Буши, а во ресорот правда предлогот за […]

Ципрас ѝ препорача на грчката влада да се придржува до Договорот од Преспа


За одредените доцнења во имплементацијата на Договорот од Преспа, половина од одговорност е на Владата на соседната земја, а половина на нашата Влада, а Владата во соседната земја има и едно оправдување, не е само пандемијата, туку и фактот што долг период имаше техника Влада, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас на денешната прес конференција […]

Холштајн: Во интерес на Бугарија е да не го блокира проширувањето на ЕУ во овој регион


Билатералните проблеми не треба да бидат дел од преговарачката рамка за проширување на Европската Унија, смета германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн. Германската амбасадорка денеска во интервју за Радио Слободна Европа дава коментар на бугарскиот меморандум испратен до земјите-членки на ЕУ, при што напоменува дека Бугарија ги има кажано овие барања на другите земји-членки на […]

Пендаровски до Вартоломеј: Употребете го своето апелационо право, нашите граѓани од православна христијанска вероисповед да бидат еднакви со другите во светот


Историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето. Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици, истакна претседателот Стево Пендаровски во писмото кое го упати до Архиепископ […]

Добрососедските односи и ЕУ во фокусот на надворешната политика, недоразбирањата со Бугарија да се решат со интензивна комуникација


Еден од главните приоритети на надворешната политика во следниве четири години е унапредувањето на добрососедските односи, а во таа насока недоразбирањата кои настанаа со Бугарија изминатите денови поради бугарскиот меморандум испратен до земјите-членки на Унијата треба да се решаваат со интезивирање на меѓусебната комуникација и на политичко ниво и преку состаноци на Мешовитата македонско-бугарска комисија […]

Неблагодарно е јавните пари да се делат по етничка основа, смета вицепремиерот за економски прашања


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска истакна дека како Влада градат концепт на едно општество за сите и оти е неблагодарно јавните пари да се делат по етничка основа. Битиќи денеска на прес-конференцијата со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, на која беа презентирани резултатите и компаниите кои добија поддршка на Јавниот повик за […]

Османи: Разликите со Бугарија ќе ги надминеме со интензивна комуникација


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска нагласи дека е убеден оти стратешки интерес на Република Бугарија е Северна Македонија да биде дел од Европската Унија и верува дека сите разлики ќе ги вратат во рамката преку интензивна комуникација и преку продолжување на работата на комисијата. – Убеден сум дека пристапот е интензивирање на комуникацијата. […]

Не стивнуваат реакциите на бугарскиот меморандум: Остануваме посветени на добрососедство и соработка, но навредите не водат кон вистинско пријателство


Бугарскиот меморандум упатен до земјите-членки на ЕУ, со кој Софија го доведува во прашање македонскиот национален идентитет – македонскиот јазик го оквалификува како дијалект на бугарскиот, а македонската нација ја означува како творба на Тито, и натаму ги бранува духовите, а предизвика реакции и на странските дипломати. Премиерот Зоран Заев го повтори ставот на Влада […]

Димитров: Меморандумот од Бугарија засега не прави пречки во преговорите со ЕУ


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров оценува дека Меморандумот на Бугарија во определни делови е многу навредилив и дефинитивно не е во функција на градење на блискост, пријателство и на заедничка европска иднина. -Не можам да кажам дека читајќи го и препрочитувајќи го дека немам проблеми со текстот. Имам големи проблеми, во определени делови е […]

Османи: Не може да има разговор за идентитетските атрибути, но мора да има продолжување на сите обврски од Договорот за добрососедство


Имаме точно зацртана цел и стратегија што сакаме да постигнеме и по која цена сакаме тоа да го постигнеме. Целта ни е постигнување консензус по однос на текстот на преговарачката рамка и најдоцна до декември годинава да се одржи првата Меѓувладина конференција, а црвената линија ни е дека не може да има разговор за идентитетските […]

Македонски концепт: Односите меѓу Македонија и Бугарија се заложник на мафијата


Рамковната позиција и манифестот кон ЕУ на Република Бугарија претставуваат едностран чин на непријателство и суспендирање на илинденскиот договор за пријателство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Бугарската политика кон Македонија е воскреснување на живковизмот/болшевизмот во Бугарија, a актите кон Брисел се промоција на политиките на стариот СССР кон Балканот. Срамно е тоа да го […]

Во Собранието доставени предлозите за заменици-министри – еве ги нивните имиња


Владата во име на премиерот Зоран Заев, до Собранието ја достави листата со предлози за заменици-министри. За заменици-министри по одделни ресори се предлагаат: – Башким Хасани, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за одбрана; – Назим Буши, за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи; – Агим Нухиу, за заменик […]

Мицкоски ја жали Јанкулоска, но не и Груевски и Поповски


  Откако Врховниот суд денеска објави дека ги потврдил пресудите во случајот „Тенк“ за набавката на блиндираниот „мерцедес“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави оти Гордана Јанкулоска била судена без докази затоа што „не одбра да биде слуга во скутот на Заев“. Во реакцијата на Фејсбук, Мицкоски вели дека „Јанкулоска беше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ […]

Николовски ќе кастри од службени картички до непотребни институции


Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски, не е загрижен од можниот судир со многуте функционери во државата на кои сака да им ги скрати привилегиите, па и да ги остави некои без дополнителна или редовна работа. Тоа што сите пред него што се зафатија со корупцијата изгореа, не го колеба и тој е решен […]

Заев за бугарскиот меморандум: Владата останува пријателски насочена кон Бугарија


Тврдењата и изјавите што содржат навреди не водат кон вистинско пријателство. Пријателството е двонасочна улица и најмногу зависи од нас самите, од нашето почитување на европските вредности и принципи. Договорот за добрососедство е одраз на взаемно почитување и пријателство и подразбира и бара одговорност и учество од двете страни. Ова денеска на прес-конференција го изјави […]

СДСМ најавува одговорност за спорното рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ


Отворената истрага и сомневањата за неправилности во изборното рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажува дека во оваа партија ништо не променето, порачаа денес од владеечката партија со соопштение. -Јавно објавени информации говорат дека стотици илјади евра, пари од Буџетот, пари на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ потрошила за изборно рекламирање кај непознати интернет портали, без импресум и без […]

Холштајн: Билатералните проблеми треба да бидат надвор од преговарачката рамка


Германија и другите земји членки на Европската унија сметаат дека билатералните проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека тие проблеми треба да се решаваат билатерално, порачува германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн, коментирајќи го бугарскиот меморандум испратен до земјите членки на Европската унија. Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, Холштајн […]

Милошоски бара информација за меморандумот на Бугарија


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави документ кој содржи барање до Министерството за надворешни работи за достава на информација во врска со Меморандумот испратен од Бугарија до членките на Европската Унија. Тој бара министерот Османи да достави информација за како што пишува, […]