Влада: Прифатена оставката на Јовановска, мандатот на Тозија не е продолжен, разрешен Хајредини


Владата вечерва на седница донесе повеќе одлуки за именувања на директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва. Прифатени се оставките на досегашната директорка на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, на директорот на Државниот завод за индустриска сопственост Сафет Емрули и на заменик директорот на Агенцијата за иселеништво […]

Никола Попоски позитивен на Ковид-19


Поранешниот министер за надворешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Попоски вечерва соопшти дека е позитивен на Ковид-19. – Добив позитивен разултат на тест за ковид. Добар сум и немам симптоми. Не смееме никако да ја потценуваме епидемијата, напиша Попоски на Фејсбук.  

Дурловски не издржа во Собранието – се откажа од пратеничкото место


По два месеци поминати како пратеник Игор Дурловски се откажа од своето место во Собранието. Во објаснувањето на својот потег преку статус на Фејсбук тој вели дека „политичката прагма станува поважна од моралот“, иако не кажува конкретно на што и на кого мисли. Иако вели дека тоа што го зборувал сега не можел да го […]

Љупчо Георгиевски ја почна мисијата во Бугарија


Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-Народна партија, Љупчо Георгиевски, се сретна со шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева. Георгиевски пристигна во Бугарија за да помогне во решавањето на тековните спорови меѓу двете земји. „Јас и мојот тим денеска остваривме плодна средба со нашиот пријател од Република Северна Македонија и нејзиниот премиер од 1998 до 2002 […]

Заев разговараше и со Лајчак


На крајот на денот на интензивни онлајн-разговори со високите функционери на ЕУ, премиерот Зоран Заев имаше и видео-средба со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. На состанокот е изразена поддршка за напорите на Република Северна Македонија во процесот на европските перспективи. Пренесено е дека премиерот Заев ги има симпатиите и поддршката од […]

Заев: И да сакаме подобар договор од постојниот со Бугарија не можеме да постигнеме


Премиерот Зоран Заев одржа прес-конференција за медиумите откако денеска имаше онлајн состаноци со челниците на ЕУ. -Првата меѓувладина онлајн конференција на Северна Македонија со ЕУ ќе биде позитивен сигнал и до целиот регион. Изразивме надеж дека оваа подготвеност на Северна Македонија ќе се формализира и со освојување на рамката на почетокот на идниот месец, по […]

Владата не сака да наседнува на провокациите на Каракачанов


Министерот за надворешни работи Бујар Османи ја отфрли можноста Владата официјално да реагира на изјавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој се закани дека со инжинерски полк ќе дојде во Македонија и ќе ги урива спомениците на кои пишува бугарски окупатор. Според Османи, ние не треба да бидеме дел од овој предизборен дискурс во […]

Заев, Османи и Димитров до Сасоли: Подготвени сме за успешна приказна во проширувањето


Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска остварија онлајн средба со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, во рамките на целодневната агенда за видеоконференциски разговори со највисоките претставници на институциите на ЕУ, на која заеднички е констатирано дека во годишниот извештај на Европската комисија за […]

Борел го охрабри Заев да продолжи со исполнување на ЕУ реформите


Кабинетот на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, по видео средбата со премиерот Зоран Заев, порача дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија и ја охрабри Владата за реформските напори, јави дописничката на МИА од Брисел. Премиерот Заев заедно со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи […]

Законот за заштита од заразни болести  пред пратениците на 27 октомври 


Измените и дополнувањата на Законите за заштита на населението од заразни болести, ребалансот на Буџетот и законот за заштита од дискриминација се очекува да бидат на дневен ред на собраниската седница закажана за 27 октомври. Доколку се постигне договор меѓу парламентарните партии би можело на дневен ред да се најде и изборот на уставен судија. […]

Меѓувладина конференција до крајот на годинава – очекуваат Заев и Мишел


 Најважните приоритети на Република Северна Македонија во актуелниот период е да биде усвоена Рамката за преговори со ЕУ од страна на Европскиот Совет и одржувањето на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ до крајот на годината под претседателството на Германија, беше истакнато на разговорот на премиерот Заев со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, […]

Спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 23 часот


Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) информира дека согласно со новите мерки за заштита од КОВИД-19 и ограничување на работното време на угостителските објекти, и спортските обложувалници нема да нудат угостителски услуги по 23 часот. – Во целост ја разбираме епидемиолошката состојба во земјата и даваме поддршка на институциите во борбата за справување со вирусот. Откако […]

Вархеји: Односите со Западен Балкан се приоритет на ЕУ


Комесарот за проширување Оливер Вархеји, на денешната министерска конференција Европска Унија – Западен Балкан, потврди дека приоритет на Европската комисија се односите со регионот. – Кога станува збор за миграциите, подобрување на соработката е клучна за зајакнување на способностите за управување со границите и борбата против криумчирањето, напиша Вархеји на Твитер. Тој заедно со еврокомесарите […]

Левица до Собранието поднесе декларација за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии


Двајцата пратеници на Левица денеска до Собранието поднесоа Декларација за осуда на бугарските национал-шовинстички претензии. Пратеникот на Левица, Димитар Апасиев објасни дека Декларацијата содржи 10 точки и дека се очекува таа да биде на дневен ред на 20-та седница на Собранието, што би се одржала на почетокот на ноември. За оваа Декларација во следните денови […]

Заев, Димитров и Османи на онлајн средба со Борел


Првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ ќе биде позитивен сигнал и до целиот регион, истакнале премиерот Зоран Заев, вицепремиеот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, на денешната онлајн средба со високиот претставник за надворешна политика и за безбедност, и потпретседател на Европската Комисија Жосеп Борел. Средбата е дел […]

Џафери: Лаптопите биле швајцарска донација за Собранието, не за пратениците


Околу набавката на сто лаптопи  во вредност од по илјада евра во време кога училиштата немаат доволно опрема за онлајн настава, претседателот на Собранието Талат Џафери денес порача дека набавката е дел од соработката со швајцарската амбасада и е објавена од поодамна од Бирото за јавни набавки. Според него, уште лани во јуни го презентирале […]

Седници на три собраниски комисии


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Комисијата за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите и Законодавно-правната комисија. На својата прва седница Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, ќе рагелда преставка од граѓанин. […]

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија


Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел на германското претседателство со ЕУ е да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на годината и оцени […]

Димитров за „Политико“: Не е во ред македонскиот јазик да биде пречка за нашата европска иднина


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров истакна синоќа декa Северна Македонија е посветена на имплеметација на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија и оти Софија одигра клучна улога во повторно актуелизирање на прашањето за проширување на Европската Унија, но напомена дека досегашниот успех ќе биде ставен во ризик доколку не се најде […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира и на Денот на ВМРО


Нa 23 октомври -Денот на македонската револуционерна борба и на денот кога е формирана Македонската револуционерна организација, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ќе организира протест со автомобили. Протестот, како што наведуваат, ќе биде против мафијата, за правдата и слободите. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека протестот в петок ќе започне во 12 часот, од две собирни точки во Скопје, […]