Спас Ташев: Софија мора да ја смени политиката кон Скопје од пасивна во проактивна


Она што се случува меѓу Бугарија и Северна Македонија во моментов е логична последица од последните 30 години, смета д-р Спас Ташев од Институтот за население и хумани студии при Бугарската академија на науките (БАН), додавајќи дека Софија мора да ја смени својата политика кон Скопје од пасивна во проактивна. – Во последните 30 години, […]

Брисел сѐ уште се надева дека Скопје и Софија можат да постигнат компромис


Европската Комисија не се откажува од започнување преговори со Северна Македонија. Во Европската Комисија остануваат на ставот дека двете страни треба да изнајдат компромис и дека може да се надминат несогласувањата. – Ги охрабруваме двете страни да продолжат со напорите за изнаоѓање решение за нивните билатерални проблеми, рече за МИА портпаролката за проширување Ана Писонеро. […]

СДСМ го обвини Мицкоски дека е „мрачен некрофил“


Во редовната тура утрински соопштенија на партиите, владејачките социјалдемократи го обвинија лидерот на опозицијата дека бил „мрачен некрофил“ затоа што се радувал поради бројот на жртвите од Ковид-19. „Од почетокот на пандемијата досега, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажуваат дека здравјето на граѓаните им е на последно место. Ним не им е битно здравјето на […]

Собранието ќе ја започне 21. пленарна седница


Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја започне 21. седница на која на дневен ред се повеќе од дваесет закони, од кои дел се поднесени од пратениците од власта и од опозицијата. Се очекува пред утврдување на дневниот ред, листата на точки да биде дополнета. Пратениците треба да се изјаснат за потребата за […]

Ќе има ли решение до 17 ноември – Скопје очекува интензивирање на разговорите со Софија


Двете страни имаат право и обврска да ги застапуваат сопствените позиции, да ги заштитат своите национални интереси и да ги оправдаат политиките, но имаат обврска и да се грижат за пријателството, како и да ја гарантираат европската иднина на регионот. Ние сакаме решение и добро е тоа да се постигне до 17 ноември. Веруваме дека […]

И бугарските социјалисти се на истата позиција како Каракачанов и Захариева


Нема никаква разлика меѓу позицииите на Бугарската социјалистичка партија (БСП) и главните играчи во владата на Бојко Борисов – министрите за одбрана и надворешни работи, Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева, во однос на блокадата на Македонија. Тоа го соопшти европратеникот од БСП, Петар Витанов, денеска за бугарската национална телевизија БНТ. Витанов, со оглед на изборите […]

Заев: Moжната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ ја гледам како предност


Премиерот Зоран Заев вели дека легитимно право е на опозицијата како и со кого ќе коалицира, но најавената можна коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса на Албанците и Алтерантива ја гледа како предност за СДСМ. – Немам коментар затоа што сум предводник на позицијата, односно владеачкото мнозинството, а од другата страна е опозицијата и нивно легитимно […]

Заев: Нема да правиме шоу од преговорите со Бугарија


Премерот Зоран Заев денеска го повтори цврстиот став за македонскиоте идентитет, велејќи дека тој и гордоста „се и ќе останат големи како планина и без да мораме да правиме националистички спектакл од тоа“. Тој уште рече дека нема да „правиме шоу од овој сериозен момент за нашата европска иднина“, одговарајќи на тој начин на утринската […]

Од Бугарија се чекаат здрав разум и европски манири


Правиме се да излеземе од овие предизвици како победници, силни идни партнери и добри комшии, изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, коментирајќи ги  последните случувања на релација Скопје-Софија, но и последната изјава на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов. -Господинот Каракачанов има обврска и право да ги застапува бугарските позиции, како што ние […]

Дечев: Антибугарска кампања во Македонија има кај опозицијата а не кај власта


Постои тишина и изобличување на позициите на бугарските историчари и на други научници во врска со бугарско-македонскиот спор. Дури и медиумите се користат да разгорат одредена напнатост, оцени денес за бугарската секција на „Дојче Веле“  бугарскиот историчар Стефан Дечев. -Уште кога започнаа разговорите за минатото во Мешовитиот комитет за историски и образовни прашања, бугарската страна […]

Бугарија одработува за земји во ЕУ што не сакаат проширување


Измислуваме некакви смешни причини за блокада на македонското членство заради амбициите на Красимир Каракачанов. Освен тоа, сега ја вршиме и валканата работа на некои западноевропски земји кои не сакаат повеќе проширување на ЕУ, вели Ивајло Дичев, професор по културна антропологија на Универзитетот во Софија, во интервју за Радио „Фокус“. – Се отвори прозорец, историска шанса, […]

Бугарија побарала од Македонија да потпише документ со гаранции


Бугарија побарала од Македонија да потпише анекс или протокол во кој Софија добива гаранции дека Скопје ќе го почитува Договорот за добрососедство потпишан во 2017 година и нема да се обиде да го заобиколи. Некои од темите во него треба да бидат за проблемите на јазикот, идентитетот и историјата, рехабилитацијата на репресираните. Ова за бугарската […]

Продолжуваат преговорите меѓу Скопје и Софија до последната минута пред Советот на министри


Северна Македонија се уште е во неизвесна ситуација во однос на почетокот на преговорите за членство во Европската унија и не се знае дали Бугарија ќе го искористи своето право на вето. Седницата на Советот на министри за европски прашања е презакажана за 17 ноември, така што се уште постои простор за разговор помеѓу Скопје […]

Каракачанов: Не можеме да правиме компромис за прашања поврзани со бугарската историја


Бугарија не може да направи никаков компромис со прашањата поврзани со бугарската историја и со идентитетот на сите оние луѓе кои ги нарекуваме дел од нашата заедничка историја, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, коментирајќи ги денешните разговори на делегациите на Северна Македонија и Бугарија во Софија. – Ние го искажавме нашиот […]

И по Софија Заев и Борисов ќе продолжат да бараат решение


Долгонајавуваната средба на премиерот Зоран Заев со бугарскиот премиер Бојко Борисов не им стави, по се изгледа, крај на недоразбирањата меѓу двете држави. Официјални информации кога се одржала средбата, колку траела и што се разговарало на неа нема се уште, а место тоа стигна порака од извори блиски до Владата дека  таа останува посветена на […]

Борел бара да се отворат преговорите со Македонија и Албанија


Шефот на ЕУ дипломатијата Јосеп Борел преку видеопорака на Самитот во Софија во рамките на Берлинскиот процес побара да се задржи позитивниот тренд, вклучително и со отворањето преговори за членство со Скопје и Тирана. „Западниот Балкан е во срцето на Европа и нивната иднина е во Европската Унија, затоа нашиот ангажман бил и останува силен“, […]

Меркел: Планот за заеднички пазар на Западен Балкан е важна пресвртница


Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека планот за создавање на заеднички регионален пазар на Западнобалканската шесторка, што беше усвоен денеска на Самитот во рамките на Берлинскиот процес, претставува важна пресвртница и охрабрувачка порака. – Тоа ќе биде стимул за нашите економии од што ќе имаат корист и граѓаните и компаниите, нагласи Меркел по Самитот на […]

Димитар Бечев до Софија: Ако премногу ги затегнете врвките, ќе пукнат


Заев пристигна во Бугарија само три дена откако отворено ја обвини Бугарија за кршење на Договорот за соседство во 2017 година, а Бугарија не се обврза дека ќе ги поддржи прегоорите на Македонија и ЕУ, пишува бугарски „Дневник“. „Можеби ова беше погрешен потег на Заев“, оценува за весникот Димитар Бечев, виш соработник во Атлантскиот совет […]

(Видео) Меркел од Софија: Мора да се согласувате, не го заборавајте тоа


 Германската канцеларка Ангела Меркел на прес конференцијата по самитот во Софија рече дека овој самит е тежок, но покажале дека може да се организира и во вакви услови. Ова ќе даде импулс како за народите во регионот така и за компаниите, рече Меркел поздравувајќи ја согласноста околу зелената агенда, т.е. економија без јаглен двооксид […]

(ВИДЕО) Обраќање на Заев на Софискиот самит


Премиерот Зоран Заев се обрати на отворањето на самитот во Софија порачувајќи дека тоа што за прв пат од започнувањето на Берлинскиот процес ко-домаќини се една земја кандидат од регионот заедно со соседна земја-членка на ЕУ е јасен доказ дека регионот силно го прифати овој процес како свој, и дека со оваа соработка Северна Македонија […]