Поништените аболиции на Иванов важат, одлучи Уставниот суд


Уставните судии со пет гласа „за“ и три „против“ на денешната седница донесоа одлука да се запре постапката за оценување на уставноста на членот 11-а Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година. Овој член од Законот предвидува претседателот на Републиката да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок […]

Пратениците на Алијанса на Албанците и Алтернатива се против каква било форма на онлајн работа на Собранието


Пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива е против каква било форма на онлајн работа на Собранието, изјави денеска за МИА координаторот Скендер Реџепи предупредувајќи дека тоа не е во согласност со законите и Уставот на државата. Според Реџепи, зад можноста за онлајн гласање владејачките партии сакаат да го прикријат и онака кревкото мнозинство […]

Борисов се брани: Бевме исклучително добронамерни


„Бугарија најмногу од сите соседи како и пријатели од целиот Западен Балкан сакаше Република Северна Македонија да влезе во ЕУ“, рече премиерот Бојко Борисов за време на денешниот состанок на владата. Премиерот потсети дека Бугарија ја поддржа Република Северна Македонија за нејзино членство во НАТО. „Бевме исклучително добронамерни, загрижени и во разговорите што ги водевме […]

За Захариева македонското општество е тоталитарно


„Додека  други републики на поранешна Југославија им оддаваат почит на жртвите на режимот на Тито, во Скопје се велича неговото наследство“, изјави Екатерина Захариева во бугарското собрание и го искористи Љупчо Георгиевски и неговото тврдење за „длабока држава“   „Додека не добиеме законски гаранции – и од Скопје и во контекст на процесот на преговори […]

Што сакаме од Македонија? – прашува деканот на факултетот за словенска филологија во Софија


„Да се ​​сопне Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија не е само морално неодбранливо, тоа е геополитички глупаво“, пишува на својот блог Бојко Пенчев, литературен критичар и културолог, кој е и декан на Факултетот за словенска филологија на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија. Пенчев активен учесник во јавниот дискурс во Бугарија за повеќе […]

Ветото за Северна Македонија го осудува регионот на маргинализација во периферијата на Европа


Инцидентот со ветото над Северна Македонија е куриозитетен од многу гледишта. Ова го изјави за Бугарското национално радио, политикологот и предавач на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, доц. Проф. Даниел Смилов. Според него, ова е во спротивност со позициите што досега ги бранеше Бугарија. Тој потсети дека од 90-тите години Бугарија е земја што најактивно […]

Бугарија не бара компромис, туку исполнување на ултиматумот


Следниот Совет за општи работи, кој може да се случи оваа година и да одлучува за процесот на преговори на Северна Македонија со Европската унија ќе биде на 8 декември. По вчерашната блокада на Софија за преговарачката рамка, денешните реакции се дека вратите на Брисел не се затворени за Скопје. „Во никој случај не станува […]

Заев вели дека блокадата не е одлука на Борисов


Премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека не верува оти зад денешната одлука за блокада на Македонија во ЕУ стои неговиот бугарски колега Бојко Борисов и бугарскиот народ, туку дека таа е мотивирана од интересите на одредени политички струкури. Тој, сепак, не кажа на кои структури мисли, иако јавноста добро знае кои министри беа најгласни последниве […]

Заев: Нанесена ни е неправда, Европа не испорача тоа што најави


Со постигнатиот Договор со Бугарија покажавме европски вредности во духот на заедничката историја како подлога и база за градење на заедничка иднина, покажавме европски манири и вредности во делот на постигнувањето на Преспанскиот договор и навистина кога Европа требаше да испорача и стои зад европски вредности таа тоа не го покажува, затоа велам ова е […]

Османи: Пропуштена е едната шанса денеска, но втората ја имаме во декември


Денеска се пропушти шансата за усогласување на преговарачката рамка, следната е на состанокот на Советот за општи работи во декември. Никако не можеме да се откажеме, немаме алтернатива. Разговорите продолжуваат уште од денеска со цел да најдеме начин  да ги надминеме овие разлики во рамки  на позициите што ги има и  ги прокламира државата, изјави вечерва министерот за надворешни […]

Реакција на Владата: Одлуката на Бугарија е неуспех за ЕУ, за идентитетот и јазикот нема преговори


Според владини извори, македонскиот идентитет и македонскиот јазик не се предмет на преговори, а преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија   Блокадата на Бугарија за утврдување на преговарачката рамка за Македонија е неуспех за политиката на ЕУ за проширувањето, лоша порака за целиот регион и пораз за фундаменталните европски […]

ЕУ не се откажува од стaрт на преговорите со Македонија до крајот на годината


Германскиот министер за Европа и претседавач со денешниот министерски состанок на ЕУ, Михаил Рот, по денешната блокада за преговарачката рамнка за земјава од страна на Бугарија порача дека ЕУ не се откажува да помогне да се надмине спорот помеѓу Скопје и Софија и до крајот на оваа година да се усвои преговарачката рамка, јави дописничката […]

Рот: Проширувањето на ЕУ не смее да биде заложник на билатерални барања


Германскиот министер за Европа, Михаел Рот кој претседава со денешниот Совет за општи работи на ЕУ во Брисел, најави дека и покрај бугарското вето ќе ја стави точката за проширување на дневен ред, пренесе Дојче веле. – Ќе ги информирам моите колеги за процесот на проширување со Северна Македонија и Албанија. Уште на почетокот на […]

Фајон: ЕУ има обврска да ги почне преговорите со Македонија


Европратеничката од Словенија, Тања Фајон, попладнево за МИА изјави дека земјите членки на ЕУ не смеат повеќе да го одлагаат отворањето на преговорите за членство со Северна Македонија и ги повика да ја преземат својата одговорност, јави дописничката на МИА од Брисел. -Клучно е Северна Македонија да го продолжи својот пат кон ЕУ. Денеска Советот […]

Сулејман Реџепи се фали дека му помогнал на Пендаровски да биде избран


Поранешниот реис на Исламската верска зџаедница, Сулејман Реџепи, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 вели дека му помогнал на македонскиот претседател Стево Пендаровски да победи на минатогодишните избори, по што неговиот кабинет излезе со демант. Поранешниот поглавар на ИВЗ вели дека пратеници на Зоран Заев и Али Ахмети го молеле да обезбеди гласови за Пендаровски. „Миле […]

Болните пратеници ќе гласаат по Скајп


Претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека со дополнувањето на  Деловникот за работа на Собранието ќе им се  овозможи онлајн работа само на пратениците со позитивен тест за Ковид-19 или со решение за изолација. Во моментов шестмина пратеници не се во можност да учествуваат во работата на Парламентот поради Ковид-19. Спикерот за измените на Деловникот […]

Фуере: Тактиката на бугарската влада за Северна Македонија е неразумна и контрапродуктивна


Тактиката што во моментов ја користи Владата на Бугарија кон Северна Македонија е прилично неразумна и контрапродуктивна и може да има сериозни последици, не само за односите меѓу двете земји, туку и за целиот регион, и за политиката на проширување на Европската унија, смета поранешниот амбасадор на ЕУ во Скопје Ерван Фуере. Пристапот на бугарската […]

„ЕУобсервер“: Бугарија ги донесе Хитлер, Сталин и Тито на масата на ЕУ


Прво беше блокадата од страна на Грција, па француското вето за методологијата за проширување и сега дојде Бугарија, која сака во учебниците да пишува дека Тито соработувал со Сталин, а не дека ги прекина односите со него за да ја заштити автономијата на Југославија   Влијателниот бриселскиот веб-сајт „ЕУобсервер“ денеска пишува дека ЕУ се соочува […]

Владата денеска ќе расправа за брзите автобуси во Скопје


Владата на Северна Македонија ќе ја одржи редовната 21-ва седница, што ќе се одвива преку видеоконференциска интернет комуникација, соопштија од владиниот Сектор за односи со јавноста. На седницата меѓу другото ќе се расправа за задолжување кај ЕБОР за проектот брз автобуски превоз во Скопје. – На предлог на Министерството за финансии, Владата на дневен ред […]

Захариева: РС Македонија ќе има место во ЕУ кога ќе биде подготвена, во моментов не е


Рeпублика Северна Македонија ќе има место во Европската унија кога ќе биде подготвена. Во моментов, Бугарија смета дека не е подготвена, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева. – Бугарската дипломатија не може да си дозволи да води политика на оцрнување на друга земја, што, за жал, ја гледаме во Скопје. Ние сме земја-членка […]