Се уште постои оптимизам за прва меѓувладина конференција, на една седмица до состанокот на Советот на ЕУ


Се уште постои оптимизам кај македонски официјални претставници, на една седмица до одржувањето на состанокот на Советот на ЕУ за можноста да се даде зелено светло за преговарачката рамка за Северна Македонија, со што би се отворил патот за одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината, за време на германското претседателство со Унијата. […]

Георгиевски: Нашите историчари не излегуваат од југословенските шеми


  Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски во своето гостување во БГНЕС евоцираше спомени од својата младост, кога бил војник. -Бев војник во Штип. Цело време бевме убедувани дека мора да се бориме против Бугарија, дека таа може да нè нападне во секој момент. Не ни рекоа да се пазиме од Грците, Албанците, […]

Јан Коп: Преговарачката рамка е јасна, билатералните прашања не се дел од неа


Билатералните прашања не се дел од рамката. Рамката е многу јасна. Земјата треба да помине низ преговарачкиот процес и по одреден број години да влезе во Европската Унија, изјави холандскиот амбасадор во Северна Македонија, Дирк Јан Коп во интервју за телевизија Сител. Според амбасадорот, во моментов е невозможно е да се даде одговор дали до […]

Попов: Разговараме за патоказ за имплементација на Договорот со Бугарија


 Разговараме за практичен патоказ за имплементација на членовите од Договорот за добрососедство со Бугарија, изјави вечерва Зоран Попов, државен секретар од МНР, кој е дел од преговарачкиот тим со соседна Бугарија.Нема никакви тајни преговори, рече Попов, нагласувајќи дека има континуирани преговори со бугарското МНР. – Формата се уште не е утврдена. Се разговара за документ, […]

Заев бара пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да му откажат послушност на Мицкоски


Премиерот Зоран Заев вечерва на Фејсбук оцени дека обидите да се блокира работата на Собранието во услови на светска пандемија е опасно, срамно и неодговорно однесување. Ги повика пратениците од опозицијата да го преиспитаат својот став.   – Очигледно Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, отсуството на свој став, мерка, предлог или политика сакаат да го надоместат […]

Мицкоски за Бучковски: Тешко на Македонија со тандемот „лепливи прсти“


Тешко на Македонија ако решението е „тандемот лепливи прсти“ Заев и Бучковски. Ова е предвестие на катастрофата која не смееме да дозволиме да се случи. Затоа кога овие двајца се прашањето, одговорот е народот. Ова, меѓудродото, го вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својата реакција на информацијата дека Владата го именуваше поранешниот премиер и […]

Владата го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија


Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Владо Бучковски, кој во последно време постојано ја нагласува потребата за меѓусебно разбирање и развивање на пријателство меѓу Скопје и Софија, од сега ќе биде специјален претставник на македонската влада за Бугарија. Таква одлука донесе Владата на денешната седница. Бучковски е универзитетски професор по Римско право на Правниот факултет […]

Протест на ВМРО ДПМНЕ: Се бара оставка од Заев, Османи и Димитров


На протестот најавуван како блокада на Скопје излегоа едвај двестотини лица пред Владата и МНР   Оставка од премиерот Зоран Заев и од министрите за надворешни работи и за евроинтеграции, Бујар Османи и Никола Димитров, побара денеска ВМРО-ДПМНЕ на протестите пред Владата и пред Министерството за надворешни работи, поради, како што истакнаа, тргувањето со националните […]

Костадин Костадинов: Сѐ што излегува од устата на Мицкоски е лага


„Сѐ што излегува на устата на Христијан Мицкоски е апсолутна, ноторна лага, како последните обвинувања дека викендот наводно Македонија се раскрчмувала, за на крај да излезе дека немало никакви официјални разговори во Софија“, истакна портпаролот на СДСМ Коста Костадинов, за емисијата „Студио 10“ на ТВ24. Според него, опозицијата треба да биде коректив на власта, но […]

Џамбаски: Бугарија се граничи со самата себе


Ангел Џамбаски, заменик претседател на ВМРО-БНД и европски пратеник, во текот на своето гостување на бугарската телевизија СКАТ рече дека признавањето на македонското малцинство од страна на Бугарија би можело да биде условено од страна на Европската Унија и нејзините финансиски фондови.  Според Џамбаски европската резолуција ќе биде вечен политички срам. – Бугарските европратеници од […]

Маричиќ: Треба да сме оптимисти до крај за отворање на преговорите


 Министерот за правда Бојан Маричиќ вели дека треба да бидеме оптимисти до крај во врска можноста за отворање на преговорите со ЕУ во декември зашто е во наш интерес. Црвените линии, како што потенцира Маричиќ на гостувањето во Студио 10 на ТВ 24, не смеат да се преминат и верува во македонскиот тим дека ќе […]

„Катимерини“: Спорот на Македонија со Бугарија се сели во НАТО


Инсистирањето на Бугарија да ги блокира разговорите за пристапување во ЕУ со Северна Македонија ризикува да создаде нова пукнатина во југоисточното крило на НАТО. Две од земјите-членки, Грција и Турција, веќе се длабоко поделени. Се чини дека сега ќе се појават конфликти уште меѓу две земји поради двовековен етнички спор, пишува Ставрос Цимас во својата […]

Фотев: Бугарите се најпозитивни кон Македонците, неодговорни и глупи луѓе го расипуваат впечатокот


Бугарскиот профeсор и социолог Георги Фотев, во интервју за „факти.бг“, тврди дека Бугарите, откако влегле во ЕУ,  ја напуштиле „балканизацијата“ и дека над 80 отсто од нив имаат позитивни чувства кон Македонија,а обратниот впечаток се должи на тоа што пристап до медиумите имаат некои „неодговорни и глупи луѓе“. Податоците тој ги црпи од Студијата за […]

Годишното обраќање на претседателот Пендаровски на 16 декември


Претседателот Стево Пендаровски на 16 декември ќе се обрати пред пратениците на Собранието на Република Северна Македонија. Ова ќе биде второ годишно обраќање на Пендаровски во законодавниот дом откако е избран на оваа функција во мај 2019 година, а прво пред новиот состав на Парламентот. Според член 85 од Уставот Претседателот на Републиката го известува […]

Меркел: Се бориме за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија


Се соочуваме со потешкотии за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. Според неа, се уште има шанси тоа да се случи   Северна Македонија се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ, изјави канцеларката Ангела Меркел […]

Продолжува амандманската расправа за Буџетот за 2021, седница и на собраниската Комисија за надорешна политика


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска на Комисијата за финансирање и буџет продолжува амандманската расправа за Буџетот за 2021 година, а седница ќе одржи и Комисијата за надворешна политика. На дневен ред е на Комисијата за надворешна политика е Предлог на закон за ратификација на Дополнителниот Протокол 6 за трговија со услуги кон Договорот […]

Се бројат деновите до новиот состанок на Советот на ЕУ, Меркел порача дека се уште има шанса за првата меѓувладина до крајот на годината


Северна Македонија е во очекување на состанокот на министерскиот совет на Унијата на почетокот на овој месец и на можноста да се даде зелено светло за преговарачката рамка, а германската канцеларка Ангела Меркел вчера со порака дека земјава се уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на […]

Мицкоски утре ќе го блокира Скопје


Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за утре од 12 и 30 часот до 14 часот подготвуваат целосна блокада на Скопје. Мицкоски во најавата однапред се извини за хаосот кој ќе биде предизвикан. Демонстрациите на ВМРО-ДПМНЕ кои се насочени против Владата, се преговорите меѓу Македонија и Бугарија. -Ако денеска не успееме се плашам дека некоја од идните […]

Меркел: Се бориме за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија


Северна Македонија сè уште има шанси да ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со ЕУ, изјави канцеларката Ангела Меркел на денешната видео-конференција со парламентарците од европскиот континент, објави Дојче веле на македонски јазик. Сепак, канцеларката рече дека тие се соочуваат со потешкотии во врска со одржувањето на […]

СДСМ: Мицкоски, да не си паднат од Марс, преговори има два месеца


  Христијан Мицкоски да не се прави паднат од Марс, преговори со Бугарија течат веќе над два месеца, порачаа од СДСМ по упорните тврдења од опозициската партија викендов и денес дека во Софија се во тек преговори со кои се распарчува Македонија, се решава за нејзиниот идентитет, јазик и нација.   -Наместо да се крие […]