Груби: Скопје и Софија треба да ги надминат несогласувањата, а Софија да дозволи почеток на пристапните преговори


Северна Македонија и Бугарија треба да ги надминат несогласувањата, а Софија треба да дозволи Скопје да ги почне пристапните преговори со ЕУ, вели првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби . – Северна Македонија и Бугарија треба да ги надминат несогласувањата, а Бугарија треба да се согласи со одржувањето на […]

Во нацрт-заклучоците за проширувањето на ЕУ вметната реченицата за „погрешно толкување на историјата“


Битката околу реченицата за „погрешно толкување на историјата“ на која инсистира Бугарија во заклучоците за Северна Македонија. сепак се најде во последната нацрт верзија, но не како што барала Софија, јавува дописничката на МИА од Брисел. Освен блокадата за усвојувањето на преговарачка рамка, Бугарија бара веќе неколку недели во крајните заклучоци за Северна Македонија да […]

Османи во Романија доби поддршка за евроинтеграцијата


Реафирмирање на силната романската поддршка за европската перспектива на Северна Македонија, но и отворање нови коридори на економска размена и унапредување и продлабочување на билатералната соработка беа тема на денешната средба на министерот за надворешни работи Бујар Османи со неговиот романски хомолог, министерот, Богдан Ауреску во рамки на еднодневната работна посета на Романија, -Како земја […]

Пендаровски: Полуписмени и шарлатани не смеат да ни решаваат за справување со Ковид-19


Претседателот Стево Пендаровски во редовното годишно обраќање пред пратениците упати силен апел празниците да ги прославиме во кругот на најблиските, бидејќи премногу луѓе изгубивме од епидемијата за да дозволиме нови човечки и семејни трагедии. Поминавме низ голгота што не паметат многу генерации зад нас, изгубивме над 2.000 граѓани, и кога издржавме цела година со мерките, […]

Царовска: Во услови на пандемија се трудевме да обезбедиме квалитетно образование


Организирање на учебната година, кога светот се соочува со пандемија од корона вирус, беше најголемиот предизвик за новата министерка за образование и наука, Мила Царовска, која смета дека со тој проблем, успешно се справиле. – Во сите наши постапки и одлуки се водевме од општиот, државниот интерес и правата и интересите на учениците, но и […]

Ѓоргиев: Има простор за подобрување и во македонските и во бугарските учебници


Синтагмата „заедничка историја“, која не е дефинирана во самиот Договор за пријателство, се претвори во една од главните пречки во работата на Комисијата, пред сѐ, поради едностраното толкување, дека всушност таа означува историја на еден народ, односно на бугарскиот, започнувајќи од IX век па сѐ до 1944 година. Таквото толкување е неодржливо и неприфатливо, и […]

Годишно обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието


Претседателот Стево Пендаровски денеска напладне ќе се обрати пред пратениците на Собранието на Република Северна Македонија. Ова ќе биде второ годишно обраќање на Пендаровски во законодавниот дом откако е избран на оваа функција во мај 2019 година, а прво пред новиот состав на Парламентот. Според член 85 од Уставот Претседателот на Републиката го известува Собранието […]

Проширувањето на ЕУ повторно на дневен ред – последни обиди да се тргне бугарското вето за Македонија


Во очекување на амбасадорскиот состанок на кој германското претседателство повторно ги враќа заклучоците за проширувањето на ЕУ, вклучително и за Северна Македонија, кои беа отстранети минатата недела поради блокадата на Бугарија за преговорите со Северна Македонија, шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева излезе со нови обвинувања против Скопје, а нејзиниот колега Бујар Османи со идеја […]

Османи-Петжичек: Поддршка за почеток на преговорите со ЕУ без одложување


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во рамки на работната посета на Република Чешка, оствари средба со својот домаќин, шефот на чешката дипломатија Томаш Петжичек, на која една од главните теми на разговор беа европските интеграции на Република Северна Македонија, особено во насока на поддршка за почеток на преговорите со Унијата без одлагање. -Со поддршка […]

Заев се откажа од лидерска по изјавите на Мицкоски


Премиерот Зоран Заев не гледа причина да свика лидерска средба по денешната објава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук. Одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата, Заев рече дека имал намера да свика лидерска средба на која би информирал за ситуацијата со Бугарија, но по објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрстијан Мицковски дека […]

Димитров: Немам и никогаш не сум имал друго државјанство освен македонското


Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров на својот фејбук профил денеска објави дека нема и никогаш немал друго државјанство освен македонското. Тој смета дека граѓаните апсолутно имаат право да знаат колку (и какви) пасоши имаат политичарите. „Поттикнат од иницијативата на новинарот Горан Михајловски, јавно соопштувам дека немам и никогаш не сум имал друго државјанство покрај македонското“, […]

ВМРО-ДПМНЕ го „замрзна“ Пендаровски


ВМРО-ДПМНЕ бара лидерска средба, а се труди да не се одржи. Сега им пречи ако неа ја организира претседателот Стево Пендаровски, кој според нив го загубил кредибилитетот за организирање на лидерски средби откако на 13 август го доделил мандатот на Зоран Заев без доказ за поседување на парламентарно мнозинство, по што ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнало односите […]

Захариева го споредува Тито со Хитлер, шири невистини за Македонија


Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во своето најново интервју за германски „Ди Велт“ вели дека во Скопје повеќе не е популарна откако реагирала против прославата на 40-годишнината од смртта на југословенскиот лидер Јосип Броз Тито. „Тоа покажува недостаток на плурализам. Кон мене беа прилично брутални кога се осмелив да го искажам своето неразбирање […]

Димитров за интерпелацијата: ВМРО-ДПМНЕ им се приклучи на центрите што работат против македонските интереси


Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, оцени дека најавената интерпелација од ВМРО-ДПМНЕ ја става опозициската партија во друштво на разни центри кои го напаѓаат него и кои директно се борат против македонските интереси. „Интерпелацијата со којашто ми се заканија денеска, во период кога државата е соочена со сериозни предизвици, а јас лично сум мета на […]

Николоски: Димитров му работи на Заев зад грб


Алексадар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина “ на Канал 5 изјави дека Никола Димитров му работи зад грб на Зоран Заев, бидејќи брифирал десетина новинари од таборот на СДСМ дека благодарение на него, лидерот на СДСМ и претседател на Владата не ги прифатил барањата на Бугарија за обезличување на Македонија и македонскиот народ. […]

Кворумот го одложи гласањето за пописот, за продолжување на кризната состојба …


Собранието на Република Северна Македонија денеска ја започна 25. седница, на која прва точка на дневниот ред е Предлог одлуката на Владата да се овозможи продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на државава до 30 јуни следната година. Но, оваа одлука не беше изгласана бидејќи во салата немаше доволен број пратеници. Не […]

Мицкоски за отчетот: Ова се сто дена фијаско на Владата


Изминатите 100 дена на Владата се вистинско фијаско и продолжение на низата која трае четири долги години – години на промашувања, криминал и неуспеси. Ова се најлошите 100 дена на кој било Влада во македонската современа држава. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги оцени првите три месеци од мандатот на актуелната Влада. Мицкоски на прес-конференција […]

Заев најави лидерска средба, Мицкоски условува за учеството


Премиерот Зоран Заев денеска најави дека доколку претседателот Стево Пендаровски nе организира лидерска средба поврзана со евроинтеграцискиот процес и ветото од Бугарија, дека самиот тој до крајот на годината ќе биде организатор на таква средба на која би се разговарало и за ковид-кризата. „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика претседателот на државата да свика […]

Заев ќе размисли за пријавување на двојните државјанства на функционерите


Премиерот Зоран Заев, на прес конференцијата за отчет на Владата, остави простор да се размислува и да разгледува евентуална законска регулатива пред стапувањето на функција во Македонија секој кандидат да мора да пријави дали покрај македонското има и други државјанства. Темата стана актуелна во земјата по фалбите од Софија околу тоа колку македонски државјани аплицирале […]