Мицкоски ќе ги враќа таблите што ќе ги смени Заев


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави дека кога ќе дојде на власт прва работа што ќе направи ќе биде да ги смени историските табли што премиерот Зоран заев сака да ги смени за да нема бугарски фашистички окупатор. -Јас сум подготвен, веднаш откако ќе те поразиме со народот, да ги исправиме сите твои историски и […]

Николоски до Захариева: Зошто Македонците не бараа пасоши пред Бугарија да стане членка на ЕУ? 


Во вчерашното интервју на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во емисијата „Стадион“ на Канал 77 и одговори на бугарската министерка за надворешни работи, Екатарина Захариева за нејзината изјава за заштита на луѓето кои поседуваат бугарски пасош во Македонија, од страна на бугарската држава.  Николовски ја запраша Захариева зошто овие луѓе не побарале бугарски пасоши пред […]

За Скопје не е јасно во што е проблемот, Софија ја дообјаснува позицијата


Сакаме да најдеме решение со Бугарија зашто сме пријатели, но не е јасно во што е проблемот, порача вчера премиерот Зоран Заев. Вели дека македонската страна нуди решенија за тргање на бугарската блокада и отворање на патот кон ЕУ и е согласна ако треба уште еднаш да се дефинираат работите содржани во Договорот за добрососедство. […]

Крихбаум: Ова што го прави Бугарија е крајно опасно


Ова што го прави Бугарија е крајно опасно, но Северна Македонија во никој случај не смее да се откаже, туку напротив со храбри реформи да покаже дека сака да стане дел од Европската унија, оценува во изјава за Дојче веле, Гинтер Крихбаум, претседавач на комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг од редовите на владејачката ЦДУ […]

Захариева: Нашата позиција не е лесна за разбирање, но ќе продолжиме да ја објаснуваме


Бугарија не го смени мислењето дека местото на сите земји од Западен Балкан е во ЕУ. Софија инсистираше на видливи резултати во спроведувањето на Договорот за добрососедство со РС Македонија. Тоа е позиција што ја предложи бугарската влада, а едногласно ја усвои парламентот, изјави бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева во инттервју за радио […]

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Шилегов плаќа услуги на својата адвокатска канцеларија, а тој демантира


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, плаќа услуги од неговата адвокатска канцеларија, а тој тврди дека тоа се лаги и манипулации. – Петре Шилегов како градоначалник на Скопје плаќа консултации за правни работи – внимавајте – сам на себе! Градоначалникот Шилегов склучил договор и го плаќал адвокатското друштво Шилегов. На Петре Шилегов […]

Од фабриката за лажни вести: ВМРО-ДПМНЕ си ја присвојува за себе блокадата од Чешка и Словачка


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, тврди дека нивната активност придонела Прага и Братислава да ги блокираат заклучоците на ЕУ за проширувањето изнесувајќи редица лажни вести и погрешни факти   Љупчо Поповски Македонската политика се претвори во вистинско лешинарство. Додека власта внимателно молчи, од ВМРО-ДПМНЕ во спринт побрзаа да наведат дека тие дури и повеќе и […]

Коневски го повикува Мицкоски на отчет


Чесно е Христијан Мицкоски конечно да свика вонреден Конгрес на кои ќе ги погледне во очи луѓето кои пред три години му ја дадоа довербата да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ и да даде отчет за сработеното. Ова го изјави поранешниот градоначалник на Општина Аеродром Ивица Коневски во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на радио „Канал77“. […]

Укинувањето на бугарското вето треба да биде врвен приоритет за ЕУ, велат европските Зелени


Она што го прави Бугарија околу прашањето за пристапувањето на Македонија во ЕУ е опасен преседан кој го нарушува кредибилитетот на Унијата во регионот и ја загрозува политичката стабилност во државата, вели пратеничката група на европските Зелени во Европскиот парламент. Во соопштението потпишано заедно од Тинеке Стрик,  портпаролка на Зелените/ЕФА за Северна Македонија, и Маја […]

Захариева барала од министерот на Словачка да ја објасни блокадата на „историјата“


Целосно изненадена од ветото на Прага и Братислава на заклучоците на ЕУ за проширувањето, бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, побарала од шефот на дипломатијата на Словачка, Иван Корчок, објаснување за ваквиот чекор. Во изјава за словачките медиуми Корчок потврди дека во четвртокот попладне (17 декември) имал долг телефонски разговор со Захариева, но не […]

Села ќе гласа за интерпелацијата на Димитров зошто тоа се очекува од опозиција


Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села ќе ја поддржи интерпелацијата на ВМРО-ДПМНЕ за вицепремуерот Никола Димитров. Тој во дебатниот магазин “Клик плус“ рече дека во Собранието пратениците на неговата партија ќе ја поддржат секоја иницијатива за интерпелација. „Ненормално е да не гласам за интерпелација покрената од опозициска партија. Ние сме опозициска партија и би […]

Захариева сега ќе се бори за носителите на бугарски пасоши во Македонија


Би било неразумно да очекуваме дека  ќе се промени бугарската позиција во наредните месеци, велат од Министерство за надворешни работи на Бугарија за софискиот дневен весник „Труд“, на прашањето какви активности ќе преземе Софија во следните 6 месеци за да се најде решение за Северна Македонија. Во одговорот додаваат и дека ниту една бугарска влада […]

Според Мицкоски „сваровски судиите“ сега служат на СДСМ


   Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реагираше со соопштение во кое тврди дека нема ништо од ветениот ветинг на судиите и дека, уште повеќе, и „сваровски судиите“ работат за премиерот Зоран Заев. -Зоран Заев ветуваше ветинг во судството. Ќе потсетам дека тоа минатата година беше главна тема.Ветинг нема да има  затоа што го држат на […]

Царовска: За прв пат воспоставуваме национални стандарди што секое дете треба да постигне со завршување на деветтолетка


Со новата концепција за основно образование за прв пат се воспоставуваат национални стандарди со кои се определуваат компетенциите што треба да ги стекнат учениците во текот на деветтолетката. Досега целото образование беше содржински насочено, а за прв пат се воспоставува образование коешто ќе гледа резултати од учење, што е меѓународен стандард, рече министерката за образование […]

Пендаровски: Бугарските барања излегуваат надвор од параметрите на договорот од 2017 година


Сите мислевме дека со тие забелешки на преговарачката рамка ќе можеме да ги почнеме преговорите, но тоа не се случи. Очигледно Бугарија ја научи лекцијата од Грција од пред десетина години, дека ако не блокира сега, нема кога, изјави вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски во гостувањето на телевизија Канал 5. Не би сакал, нагласи […]

Пендаровски: Веројатно Бугарија ги научи лекциите од Грција дека, ако не блокира сега, нема кога


Сите мислевме дека со тие забелешки ќе можеме да ги почнеме преговорите. Веројатно Бугарија ги научи лекциите од Грција дека, ако не блокира сега, нема кога, изјави вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски во гостувањето на телевизија Канал 5. Не би сакал, нагласи Пендаровски, да станеме неславни рекордери во чекалната, меѓутоа најтешката работа е првото […]

Пендаровски: Рекордно чекавме за НАТО, не би сакал и за ЕУ


„Очигледно Бугарија ја научи лекцијата од Грција од пред десетина години, која не блокираше на тогашниот НАТО самит во Букурешт. Нивниот резон беше дека ако сега не ги постават нивните услови, тогаш нема кога понатаму. Ако не ставеа на почетокот вето или блокада, тие се плашат дека нашата држава ќе напредува со текот на времето […]

Словачка ја помага Македонија да стане членка, Бугарија ја запира


Националната конвенција за Европската унија во Македонија (НКЕУ-МК) изрази благодарност за недвосмислената подршка дадена од страна на Чешка и Словачка за европска интеграција без крајно неразбирливите условувања за промена на историјата. -Би сакале да потсетиме дека преку оригиналната платформа за структурен дијалог позната како НКЕУ-МК се спроведува со подршка на SlovakAid и Словачката асоцијацијата за […]

Разговорите со Бугарија продолжуваат, но македонскиот јазик и идентитет не се на преговори, порача Заев


Премиерот Зоран Заев денеска од Ресен  порала дека разговорите со Бугарија продолжуваат, но потенцираше дека за македонскиот идентитет и македонскиот јазик ниту се преговора, ниту се разговара. Тој истакна дека иако горчината од блокадата дадена на 9 декември е присутна кај сите нас и разочарувањето е големо, сепак друг пат нема и тоа е патот […]

ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за Никола Димитров


Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија поднесоа интерпелација за работата на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров. Антонио Милошоски образложи дека Димитров треба да замине од функцијата поради игнорирање на парламентот, откако не дојде на Комисијата за надворешна политика, каде што требаше да ги образложи владините политики за спорот со Бугарија. Во образложението […]