Шиц: Разговорите мора да се продолжат, и Бугарија сака С Македонија да се приклучи во ЕУ


Германија – Германија многу посакуваше до крајот на годината да се одржат првите меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија, но за жал не е можно да се увери Бугарија да даде согласност, па разговорите мора да се продолжат наредната година, при што постојано стававме јасно до знаење дека за билатералните прашања, особено историските разлики, нема […]

Тензично во Собранието, опозицијата против договорот со „Макпетрол“


До кога ќе траат седниците и дали треба да се најавува нивното пролонгирање беше тема за кавга синоќа во Собранието, која беше дополнета и со опструирање од страна на ВМРО-ДПМНЕ на одлуката за купување на гасоводот од „Макпетрол“. Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски снимаше и објави видео од седницата, тоа го налути претседателот на  […]

Каракачанов почна да ги политизира бугарските вакцини за Македонија


Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за бугарската телевизија БНТ рече дека најавената донација на вакцини за Македонија од Бугарија не е за соседи, туку за сонародници кои живеат надвор од ЕУ. „Тука не станува збор за соседи, туку за сонародници. И не само во Македонија, туку и западните покраини во Украина и […]

Македонија подготвена за преговори, во фокусот на надворешната политика решавање на прашањето со Бугарија


Северна Македонија е подготвена за почеток на преговори со Европската Унија, земјата стори се што треба за да почне отворањето на поглавјата, фокусот и натаму е евроинтеграцијата, а одложувањето на преговорите беше грешка на самата Унија. Ова вчера го посочи шефот на дипломатијата, Бујар Османи, кој реферираше пред пратениците во Комисијата за надворешна политика за […]

Австрија ќе одвои 1,2 милиони вакцини за Западен Балкан


Австриската влада одлучи 5 проценти од вакцините кои ќе ги добие од Европската унија во шемата за вакцинацијата да ги одвои за земјите од Западен Балкан. Според планот на ЕУ, во Австрија треба да бидат алоцирани 24 милиони дози, што значи дека има доволно за двојното вакцинирање на 9-милионската нација. Затоа Виена одлучи 5 проценти […]

„Призма“: Предводник на „Шверцери“ и пејач го советуваат вицепремиерот Груби


Омер Буњаку, предводник на „Шверцери“, и Шпат Касапи, популарен пејач, од 13 ноември годинава се советници на првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем, Артан Груби, пишува „Призма“. Биографијата на Буњаку е кратка, има едвај 70 збора, а половина од нив се потрошени да се опише ангажманот како актуелен советник на Груби. Тој, […]

Мас: Германија не се откажува од изнаоѓање решение за спорот меѓу Скопје и Софија


Германија ќе продолжи да се залага за изнаоѓање решение за бугарско-македонскиот спор и по завршувањето на германското претседателство со ЕУ на крајот на оваа година, вели германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас во интервју за „Дојче Веле“. – Ние сме последните кои кочат кога станува збор за оваа тема. Во суштина, кога се работи […]

Денес осум години од Црниот понеделник


Денеска се навршуваат осум години од „црниот понеделник“ кој се случи на 24 декември 2012 година, кога тогашната опозиција СДСМ организираше протести против поднесувањето на владиниот предлог-буџет за 2013 година, каде со непрекинато зборување се обидеа да го одложат ова гласање.Од партијата вчера истакнаа дека овој ден го паметат како „голем удар врз демократијата, врз […]

Османи со извештај за надворешната политика пред пратениците


Извештајот на министерот за надворешни работи Бујар Османи за остварувањето на надворешната политика и меѓународната положба на Република Северна Македонија, е на дневен ред на  денешната седница на собраниската Комисија за надворешна политика. Се очекува, меѓу останатото, Османи да се осврне и на активностите на македонската дипломатија по ветото од Бугарија за одржување на меѓувладината […]

Ѓулистана Марковска: Не може Мицкоски да не сака да оди на лидерска кај претседателот


Во контекст на случувањата со ветото на Бугарија за Македонија на патот кон Европската унија, поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, не може да се сложи со однесувањето на сегашниот претседател на опозициската партија, Христијан Мицкоски. Таа, во „Само вистина“ рече дека лидерска средба на ниво на партии, како што бараше Мицкоски, е сепак пониско ниво од […]

Бучковски уште не ги добил забелешките и предлозите од Софија


 Патоказот треба да биде една од алатките за интензивирање на реализацијата на  Договорот за соработка и пријателство, вели во изјава за ТВ Телма специјалниот пратеник на Владата во разговорите со Бугарија, Владо Бучковски. -Во интензивна комуникација што ја правиме со Министерството за надворешни работи на Бугарија  очекувањето од наша страна е да ги добиеме евентуалните […]

ВМРО-ДПМНЕ се потресе што се уште не дошле вакцините во Македонија


Колку животи ќе згаснат, а колкумина ќе останат со тешки последици заради доцнењето на вакцините на Филипче? – праша драматично ВМРО-ДПМНЕ, која најде нова тема за препукување со власта, иако измина само еден ден откако вакцините на Фајзер и Бионтек почнаа да се дистрибуираат во Европската унија.  „Последните вести за справувањето со пандемијата одат вака: […]

Алијанса за Албанците: Aлбанскиот јазик да стане задолжителен и за Македонците


Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива е против новиот концепт за основно образование, со кој албанскиот јазик е наведен меѓу изборните предмети. Според опозициската коалиција, владата со ова хибридно решение се обидува да го прикрие предизборното ветување дека во рок од 100 дена од владеењето албанскиот ќе стане задолжителен предмет за учениците неалбанци, почнувајќи од […]

СДСМ бара Николоски и Мицкоски да им се извинат на граѓаните за лажните вести


Откако амбасадите на Чешка и Словачка остро ја демантираа изјавата на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, дека неговата партија е многу заслужна за блокадата на овие две земји за блокадата на заклучоците на ЕУ, СДСМ побара од него и од Христијан Мицкоски да им се извинат на граѓаните. „Студија на ЕУ го нотираше Христијан Мицкоски […]

Сашко Николов официјално градоначалник на Општина Штип


Новиот градоначалник на Општина Штип, Сашко Николов денеска го доби уверението од членовите на Општинската изборна комисија. На предвремените избори за градоначалник на Штип, што се одржаа на 13 декември, за Николов гласаа 11.477 граѓани и тој беше избран во првиот круг. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на доделувањето на уверението. – Сакам да се […]

Борисов: Секогаш сме подготвени да ви помогнеме


Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, одговори на коментарот од премиерот Зоран Заев со кој се заблагодарува за донацијата на вакцината велејќи дека тие секогаш се тука да им помогнат на соседите и пријателите. „Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на нашите најблиски соседи и пријатели. Ова му го кажав на премиерот Зоран Заев, кој […]

Скопје не се откажува од комуникацијата со Софија, Борисов се надева на решение следната година


Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека продолжува комуникацијата меѓу Скопје и Софија во насока на изнаоѓање решение, додека бугарскиот премиер Бојко Борисов изрази надеж дека следната година ќе се најде заедничко решение за продолжување на процесот на интеграција на земјава во Европската Унија. – Комуникацијата помеѓу нас и Република Бугарија продолжува. Сметаме дека […]

Заев со јавна благодарност до Бугарија за вакцината


Премиерот Зоран Заев преку порака на Фејсбук изрази јавна благодрност до Бугарија за донацијата со вакцини, што ја изненади непријатно јавноста во Македонија, која очекуваше дека вакцини ќе добие од ЕУ – а не од земја што ни става вето за преговори и која секојдневно повторува што се ни дала досега.    -По одлуката за […]

Села хоспитализиран поради болка во градите


Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села поради болки во градите од синоќа е хоспитализиран на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. Портпаролот на партијата, Флакрон Беџети, информира дека здравствената состојба на Села е стабилна. Тој прво бил примен во охридската болница, но потоа бил префрлен на скопските клиники.

Словачка и Чешка: Не се точни информациите дека некој од Македонија влијаел на нашите одлуки за вето 


Амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш и заменик-амбасадорот на Чешка, Лубомир Пшенка, во заедничка изјава велат дека не постои ентитет од Северна Македонија што влијаел на одлуките на Братислава и Прага да ги блокираат предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето. Иако директно не се споменува никој јасно е дека тоа се однесува на изјавата на […]