Костадиновска Стојчевска: Супер сум, џабе ми фрлате клетви


Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, откако денеска се појави во Собранието за да гласа за петтиот пакет мерки за помош на граѓаните облечена во скафандер, реагираше на бројните организирани напади на социјалните мрежи од приврзаници на опозицијата,  на кои тешко им падна што им пропадна блокадата на законодавниот дом.  -Ооооооо ботови партиски, следбеници, обожаватели, […]

Заев на Фејсбук: Мицкоски се дрзна гласањето за помош за граѓаните да го нарече тероризам


Премиерот Зоран Заев попладнево на својот фејсбук профил упати честитки до пратениците, претседателот на Собранието и до собраниските служби за усвојувањето на законите од петтиот пакет антикризни мерки.   – Упатувам честитки до пратениците од парламентарното мнозинство кои се справија со сите блокади и најдоа начин овие важни закони за граѓаните конечно да бидат усвоени. […]

Маричиќ: Во сите цивилизирани парламенти во Европа и регионот веќе се работи на онлајн седници во различни форми


 Министерот за правда, Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил го поздрави, како што вели тој херојскиот чин на пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска која е позитивна на коронавирусот, а во Собранието се појави во целосна заштитна Ковид-19 опрема, со цел да присуствува на седницата на која е предвидено да се усвојат законите за петтиот пакет финансиски […]

(Фото) Донесени законите од петтиот пакет економски мерки, на помош и пратеници позитивни на КОВИД-19


Пратениците во Собранието на Северна Македонија едногласно ги изгласаа законите од петтиот пакет економски мерки за помош на граѓаните и компаниите погодени од пандемијата со КОВИД-19. За таа цел мораа да присуствуваат и двајца пратеници од владејачкото мнозинство кои се позитивни на корона вирусот и кои во Собранието пристигнаа во скафандери и беа сместени во […]

Мицевски: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се во Собранието и ќе обезбедат кворум за петтиот пакет мерки


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска се во Собранието и ќе обезбедат кворум за 36. седница за гласање на петтиот пакет мерки за помош на стопанството и граѓаните, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на прес-конференцијата, што се одржа во пресрет на 36-тата седница, што претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за […]

Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска во скафандер со целосна заштитна опрема од Ковид-19 пристигнува во Собранието


Пратеничката во Собранието на Република Северна Македонија од СДСМ и коалицијата Можеме Бисера Костадиновска-Стојчевска која е позитивна на Ковид-19, пред малку на совојот Фејсбук профил објави дека во скафандер заштитена ќе оди во Собранието да учествува на денешната седница. -Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна КОВИД-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која […]

Рама: Бугарија ја блокира Северна Македонија за свои интереси


Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Бугарија го блокирала процесот на евроинтеграција на Северна Македонија за свои интереси. Ваква оценка тој изнел гостувајќи во телевизиска емисија кога зборувал за очекувањата на меѓувладината конференција. – Погледнете што се случува сега, во моментот кога нештата се готови, туп излегува Бугарија и ја блокира Македонија таму. Зошто Бугарија […]

Нов обид во Собранието да се донесе петтиот пакет антикризни мерки


Во Собранието денеска ќе има уште еден обид да бидат изгласани законите од петтиот антикризен пакет со што тој треба да стане функционален. На веб страницата на Собранието во 14:15 часот е закажана 36. пленарна седница на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет, а претходно во 14 часот е закажана 32. седница. Законите […]

Мицкоски им се „заблагодари“ на Пицула и Фајон со обвинување, откако тие ја бранеа Македонија во Европскиот парламент


Тонино Пицула и Тања Фајон заедно со уште двајца европратеници пред три недели поднесоа амандман во Европскиот парламент со кои се осудува бугарската политика кон Македонија, а сега Христијан Мицкоски вели дека Јанша му рекол оти тие и Заев заедно цртале нови граници на Балканот. Прилично кратковидо   Политиката и партиските врски често знаат да […]

Мухамед Халили е новиот претседател на Советот на амбасадори


За нов претседател на Советот на амбасадори денеска е избран Мухамед Халили, а за потпретседатели Елеонора Петрова и Александра Наќева-Ружин. Од Советот на амбасадори попладнево соопштија дека во Извршниот одбор влегуваат и амбасадорите Љупчо Арсовски, Ѓорѓи Филипов, Азис Положани, Тихомир Илиевски, Ѓорѓи Спасов и Зоран Јолевски. Новиот претседател е избран на денешното Годишно собрание одржано […]

Либералите од Југоисточна Европа ги нарекоа „болни умови“ креаторите на нон-пејперот


Мрежата на либералните партии за Југоисточна Европа го оцени како скандал појавувањето на нон-пејперот за менување на границите на Балканот, заклучувајќи дека е очигледно дека тој постои, но никој не сака да застане јавно зад него. За нив тоа се идеи на болни луѓе кои не само што цртаат нови граници на Балканот и развиваат […]

Османи го опомена Мицкоски да не го внесува нон-пејперот во внатрешните пресметки


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи го повика денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да не ги внесува шпекулациите околу нон-пејперот во внатрешно-политичката дебата во земјата, бидејќи може сериозно да ги наруши односите со Словенија, која е наша пријателска земја. Османи рече дека разговарач со словенскиот шеф на дипломатијата Логар и дека тој го уверил […]

Прекројувањето на границите на Балканот води кон дестабилизација, иднината е во ЕУ и во приклучување кон Шенген зоната


Секој обид за прекројување на границите ќе доведе до дестабилизација на Балканот, постои можност единствено за отстранување на границите и тоа преку членството во Европската Унија и влезот во Шенген зоната, порача вчера македонскиот државен врв во врска со наводниот нон-пејпер, кој словенечкиот премиер Јанез Јанша во февруари го испратил до Брисел и неколку дестинации […]

Постигнат договор за државјанствата, неизвесна работата на Собранието


Владата и опозициските партии на Албанците постигнаа договор за законот за државјанство. Детали ќе се соопштат откако предлогот ќе се стави на хартија, со точни правни формулации. На законското решение ќе работат предлагачите, ќе го достават кај извршната власт и потоа ќе биде претставено пред јавноста. Сепак, се уште е неизвесно кога Собранието целосно ќе […]

Села: Секој човек што е роден во земјата треба да е нејзин државјанин


Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села денеска рече дека нема да изнесува детали од разговорите со премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев за законот за државјанство и оти тие ќе бидат објавени најверојатно на почетокот на следната недела. – Со овој закон ние имаме цел најмалку, минимално, сите граѓани кои што живеат и […]

Отстранување на границите на Балканот само со членство во ЕУ и влез во Шенген механизмот, истакна Заев


Премиерот Зоран Заев вели дека Владата досега не го добила и немала можност да го види нон пејперот на словенечкиот премиер Јанез Јанша во која тој наводно пишува за промена на границите на Балканот. Република Северна Македонија, вели Заев е суверена земја, а нејзиниот интегритет е загарантиран и со Уставот, но и со Договорот за […]

Рот: Цртањето нови граници на Балканот е опасно


Германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот денеска на Твитер напиша дека цртањето нови граници на Балканот е опасно. „Регионално помирување и соработка се клучни за мирот, демократијата и просперитетот. Цртањето нови граници е опасен пат“, напишта Рот. Со пораката тој го поддржа официјалниот став на Европска Унија за Западен Балкан дека треба да се […]

Трајанов бара да се стави крај на бесконечните амандмански расправи


Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, достави иницијатива до претседателот на Собранието Талат Џафери, во која предлага како да се подобри  работата на Собранието во услови на пандемија. Според него, работата на Парламентот станува се посложена и потешка, при што пратениците и натаму се изложени на огромен ризик од инфекција. Досега над 30 пратеници биле заразени […]

Муцунски: Собранието не треба да биде вакво


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски го впери прстот во СДСМ  и ДУИ како одговорни што вчера во Собранието не беа усвоени новите економски мерки што очајно ги чекаат загрозените вработени и фирми. Тој виде срам во целата ситуација, но не и во неговата партија која, и покрај најавите за конструктивност, продолжува да ја блокира работата […]

Костадинова за тензиите во Собранието: ВМРО-ДПМНЕ остана насилничка партија


Марија Костадинова, пратеничка  на СДСМ, ја обвини денес ВМРО-ДПМНЕ дека  не може да ја напушти режимската, насилничка матрица. -Вчера во Собранието сведочевме на насилство, на физичко и вербално вознемирување врз колешка на нејзиното работно место. Пред целата јавност, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски безобразно го повреди интимниот простор на пратеничката Даниела Марковска. Мицевски се дрзна […]