Илхан Ќучук вели дека Бугарија во очите на Европа веќе не е сила што балансира


Како што Бугарија влегува во своевидна политичка неизвесност, а ГЕРБ се откажа од мандатот да ја формира идната влада, некои политичари почнаа појасно да ги изразуваат своите ставови околу блокадата на Софија на европските аспирации на Скопје. Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук денеска за Бугарското национално радио изјави дека од недоразбирањето меѓу […]

Азири: Предлог-законот за државајнство, в понеделник, ќе го доставиме до владиното мнозинство


– Нашиот дел околу законот за државјанство е завршен, останаа само неколку технички интервенции и в понеделник на пратеничката група на СДСМ и на владиното мнозинство ќе им ја предадеме предлог-верзијата и очекуваме евентуално некоја забелешка, истакна денеска пратеникот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. Елми Азири на денешна прес-конференција во Собранието. Азири изјави […]

Заев го повика Груевски да си дојде дома


Би било поцелисходно Никола Груевски да си дојде дома и да продискутираме ако има што да каже, вака денеска премиерот Зоран Заев ја прокоментира фејсбук-објавата на неговиот претходник од Будимпешта. Заев нагласи дека Груевски има право да коментира како што мисли, но ако сака вистински да помогне,  многу поцелисходно би било тоа да го прави […]

Митрески: Се надевам дека по вакцинацијата ќе се нормализира работата на Собранието


 Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески денеска изјави дека сите пратеници на владејачката партија биле дојдени на вакцинација, но дека се консултираат со лекарите за тоа дали може да ја примат вакцината против Ковид-19. Пратениците од македонското Собрание денеска се вакцинираат со првата доза од вакцината Спутник V. -Од нашата пратеничка група сите […]

Мицковски се согласил место 20 отсто неодредени да стои „Албанци“ во Уставот?


Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијанса за Албанците, во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека можно е да има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива, и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски јавно се извинил за 27 април, и дека тоа е голема порака. Таравари рече дека Мицкоски бил подготвен да се тргне делот во Законот […]

Заев: Има доволна основа за разрешување на Пауновски


Премиерот Зоран Заев порача денес дека е недозволиво јавното полемизирање на првиот човек на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, како државен службеник именуван од Владата, при што порача дека му е пријател, но има доволна основа за негово разрешување, за што ќе решат службите.   -Не можете да си дозволите јавно да  коментирате  за нешто што […]

МЦМС: Митко Јанчев, Арбен Таравари и Максим Димитриевски најдобри градоначалници


Граѓаните се поделени во довербата за општините во кои живеат. Малку над половината (50,6%) имаат доверба за разлика од 47,5% кои немаат. Етничките Албанци (74,3%) и припадниците на другите заедници (59,1%) имаат поголема доверба во општините во кои живеат отколку етничките Македонци ((41,3%). Ова го покажаа резултатите од последното истражување на МЦМС „Доверба во Владата […]

Македонија ќе добие закон за потекло на имот


Македонија првпат добива Закон за потекло на имот, објави  вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски. – На наша иницијатива, а со експертска и техничка помош од Советот на Европа, првиот чекор е направен. Подготвена е физибилити студија за Законот за потекло на имот, која содржи компаративна […]

Димитров во Вилнус: Силна поддршка од Литванија за почнување преговори


Секое понатамошно неефектуирање на европската перспектива на регионот и неизвесноста на намерите на ЕУ, создава вакуум кој што може да биде пополнет од други глобални актери и ја поткопува улогата на Унијата на меѓународната сцена, со што добива и безбедносни димензии. Ова било истакнато на денешната средба во Вилнус меѓу вицепремиерот за европски прашања Никола […]

Османи во Приштина: Косово и Македонија добар пример за добрососедство


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја започна посетата на Косово со средба со  заменик-премиерката и министер за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала-Шварц. Притоа, беа реафирмирани исклучително добрите односи меѓу Северна Македонија и Косово, како и подготвеноста на двете страни за натамошно градење на блиско и трајно пријателство, во интерес на граѓаните на двете […]

Шаленберг: Скопје и Софија билатерално да го решат спорот, ако им е потребен посредник Австрија им стои на располагање


Без оглед кога и да се случи формирањето на новата влада во Бугарија, двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување со цел да се ослободи патот за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ што е можно побрзо. Охрабрен сум од фактот дека партиите […]

Латвија не се колеба околу преговорите на ЕУ со Македонија


  По латвискиот парламент, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денес во Рига оствари средба со домаќинот, министерот за надворешни работи на Латвија, Едгарс Ринкевичс.    Во контекст на поддршката за пристапување во ЕУ што пријателска Латвија во континуитет ја изразува кон Северна Македонија и подготвеноста за споделување на сопственото искуство […]

Заев потврди дека Шекеринска нема да биде во новото раководство на СДСМ


 Премиерот  Зоран Заев изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска и покрај нејзината најава дека нема намера да се кандидира за трет мандат на позицијата заменик претседател на партијата, додавајќи дека со неа и со огромен процент од раководството се договориле да го обноват партиското раководство.   – Радмила Шекеринска ја најави […]

Македонските и бугарските историчари денес ќе го „делат“ Гоце Делчев


 Учебниците за седмо одделение, како и прашањето за ликот и делото на Гоце Делчев се темите за кои разговараат историчарите денеска на 13. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Северна Македонија и Бугарија, кој се одржува онлајн. Комисијата претходно се состана кон крајот на февруари, а тогаш Министерство за […]

Интерпелацијата на Спасовски на дневен ред, но не се знае кога


– Интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, која е на дневен ред на денешната 39. седница, ќе се одржи откако, како што најави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе го усогласи терминот со поднесувачите на барањето, пратениците од Алијансата за Албанците и Алтернатива, и со министерот Спасовски. Џафери, кој беше гостин на […]

Брисел не знае дали да го признае или да го осуди нон-пејперот за Балканот


Поцврст став од Брисел  забележително недостасуваше минатата недела  против контроверзниот документ со кој се предлага промена на границите на Западен Балкан,  за да се смири нараснатата вознемиреност во регионот, пишува денес „Еурактив“. Сепак, според медиумот, регионалните и меѓународните актери со кои контактирале цврсто ги отфрлиле идеите од фантомскиот нон-пејпер. Словенечкиот премиер Јанез Јанша негира дека […]

Димитров во посета на Летонија и Литванија


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во работна посета на Летонија и Литванија, каде со високите претставници на двете земји ќе разговара во контекст на поддршка за европското досие на Северна Македонија. Како и во Германија, Словенија, Хрватска, Австрија, така и во овие две балтички земји, кои се дел од […]

СДСМ прослави 30 години задоволен од она што го направиле досега


Во дигитална атмосфера и со пораки на големо задоволство и историски пресек СДСМ денеска ги прослави 30-те години на своето постоење порачувајќи дека партијата како нераскинлив дел од ржавата е целосно посветена  на развојот и интеграцијата. Трите највисоки личности на партијата, претседателот Зоран Заев, заменик-претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Љупчо Николовски имаа свои обраќања […]

ВМРО-ДПМНЕ не сака партиски член да биде избран во регулаторна комисија


Пратениците попладнево ја продолжија 39-та седница и расправаа за Предлогот за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Гласањето за оваа точка дополнително ќе биде закажано. Пратениците од власта и од опозицијата имаа спротивставени ставови за предлогот Андреј Тасев да биде член на РКЕ. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ истакнаа […]

Собранието донесе одлука за прогласување кризна состојба на дел од територијата на државата


Собранието попладнево донесе неколку предлог-одлуки и еден дополнет предлог закон, кој се однесува на четвртиот пакет економски мерки, во рамки на 39-тата седница. На почеток, со 92 гласови „за“, ниту еден воздржан или против, беше донесена Одлуката за прогласување кризна состојба на дел од територијата, заради висок ризик од зголемен обем на влез и транзитирање […]