Кофод: Очекуваме што поскоро старт на преговорите за членство на Македонија во ЕУ


Импресионирани сме од темпото со кое се одвиваат реформите во Северна Македонија и со нетрпение очекуваме што поскоро да почнат преговорите за членство на земјата во ЕУ, наведе на неговиот твитер-профил министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод, по вчерашната средба со македонскиот колега Бујар Османи. – Импресионирани сме од темпото со кое се […]

Црвенковски без коментар за шпекулациите дека ќе формира нова партија


Поранешниот претседател Бранко Црвенковски останува на ставот да не дава изјави во јавноста по било кои прашања,  велат за МИА од неговиот кабинет, а во врска со шпекулациите во јавоста дека тој планира да формира политичка партија. Премиерот Зоран Заев денеска на прашање околу ставот дека Црвенковски ќе формира нова партија, изјави дека не верува […]

Руската амбасада ја честита и годишнинатата од кодификацијата на македонскиот јазик


Откако вчера на Твитер ја одбележа 118-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев и го означи како „македонски народен херој“, руската амбасада денеска преку истата социјална мрежа ја одбележа и годишнината од официјалната кодификација на македонскиот јазик. „Денеска е Денот на македонскиот јазик, востановен во чест на усвојувањето од владата на Народна Република Македонија на 5 […]

Шидер: Застојот во евроинтеграциите поради проблемот со Бугарија во спротивност со европскиот дух


Европратеникот Андреас Шидер денеска на средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери, во врска со застојот во евроинтеграцискиот процес поради проблемот со Бугарија, рече дека тоа е во спротивност со европскиот дух и дека не треба да претставува пречка за одржување на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во […]

Дали Пендаровски и Мицкоски в петок ќе испорачаат „бакнеж на смртта“?


Средбата делува изненадувачки, но ако се погледнат изјавите од нивните интервјуа на две телевизии минатата недела таа и не изгледа баш така   Две интервјуа во еден ден минатата недела ги одмрзнаа заледените односи меѓу шефот на државата и лидерот на опозицијата, откако тие навидум се најдоа на истата страна околу упадот во Собранието на […]

Пратениците гласаа за заостанатите точки 30-та и 34-та седница


Пратениците денеска во рамки на продолжението на 30-тата седница изгласаа дваесетина закони за коишто расправата беше завршена претходно, а потоа продолжија со изјаснување за закони од 34-та седница. На 30-та седница не се изгласани само два закони и тоа Предлог на закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, […]

Маричиќ: Реформите во правосудството препознаени од меѓународниот фактор


Извештаите на Стејт Департментот, Европската комисија, како и „Фридом Хаус“, ГРЕКО и повеќе други меѓународни организации и тела, покажуваат дека реформите во судството даваат резултати во однос на владеењето на правото, вели министерот за правда Бојан Маричиќ. Според министерот, полека се менува и перцепцијата на граѓаните за враќањето на правната држава. -Судството не е нешто […]

Заев очекува решение со привремената влада на Бугарија и вели не по секоја цена во ЕУ


По цена на македонскиот идентитет и македонскиот јазик не ни треба Европска Унија, затоа што ќе бидеме прашина изгубена низ ветрот и кој тогаш ќе влезе во ЕУ? Тоа сме го кажале и досега. Така ги постигнавме и големите договори, штитејќи ја нашата национална посебност – македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Затоа што е тоа […]

Заев: Приказни се информациите дека Црвенковски ќе формира партија


Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, ги нарече приказни информациите дека поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски ќе формира своја политичка партија непосредно пред внатрешните избори во владеечката партија. Сепак Заев ги упати новинарите за тоа да го прашаат Црвенковски, иако не верува дека тој  може да биде нешто друго освен СДСМ. -Претседателот Црвенковски […]

Најавено продолжение на три собраниски седници


Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да се одржат продолженија на три собраниски седници – 30-та, 34-та и 39-та. За дел од точките на дневниот ред на седниците е завршена расправата така што се очекува денеска пратениците да гласаат за околу четириресетина закони. На дневен ред на 30-та седница се предлог на закон […]

За Русија Делчев е македонски херој, а за Бугарија „бугарски револуционер“


Русија и Бугарија денеска на различен начин го оквалификуваа Гоце Делчев одбележувајќи ја 118-годишнината од неговото загинување. За Русија тој е „македонски херој“, додека за бугарската амбасада „бугарски револуционер“. Руската амбасада утринава на нејзиниот Твитер профил напиша: „Пред 118 години загинал македонскиот народен херој, Гоце Делчев. Идеалите на борбата за слобода, на кои овој извонреден […]

(ВИДЕО) Заев, Вархеји и Едштадлер од вакциналниот пункт: Ова е само почеток на помошта


„Ова е многу добар ден за Западен Балкан и прекрасен ден за Северна Македонија. Конечно можеме да ги испорачаме првите вакцини. Гледам зад параваните дека кампањата за вакцинација е почнат. Не беше лесно, работевме со огромна помош и напор на австриската влада за да се случи ова и да ви покажеме дека ни е грижа […]

Потврда од Данска – Северна Македонија ги исполнува копенхашките критериуми


Во рамките на работнатa посета на Кралството Данска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска се сретна со неговиот колега, министерот за надворешни работи, Јепе Кофод на која главна тема беа европерспективи и очекувања на Северна Македонија – имплементација на одлуката од март, мината година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина […]

Пендаровски на средба со европарламентарецот Шидер


Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Андреас Шидер, австриски европратеник и копретседавач со Мешовитиот парламентарен комитет Европска Унија – Република Северна Македонија. На средбата, претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени силната поддршка од Европскиот Парламент и дека истата придонесува за подобрување на политичката атмосфера во земјата и го забрзува процесот на пристапување кон Европската […]

Заев: Името и дејноста на Гоце Делчев се синоним на македонската државност


Името и дејноста на Гоце Делчев се вплетени во македонската историја како синоним за една автентична и искрена борба и пожртвуваност, како синоним на македонската државност кој има најголема моќ во паметењето на Македонците, напиша премиерот Зоран Заев на својата фејсбук-страница. -Денеска, на денот на загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, го чествуваме како инспиратор […]

Димитров: Време е да ги почнеме пристапните преговори со ЕУ


 Време е да почнеме пристапни преговори. Вистински тест за ЕУ е токму нашиот случај, бидејќи ние сме земја кандидат 16 години, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на заеничката кој по билатералната средба со австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер. Одговарајќи на новинарско прашање дали се очекува и други земји да […]

Османи ги заврши средбите во Берлин, продолжува во Копенхаген


 Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамки на работната посета на Германија денеска оствари средба со државниот министер за Европа во германското МНР Михаел Рот, на која, ја потенцирал важноста од имплементација на одлуката на советот на ЕУ од март минатата година, како важен услов за задржување на европскиот кредибилитет во регионот, особено кредибилитетот […]

Сто и четири години од раѓањето на претседателот Киро Глигоров, политичарите порачуваат да продолжиме по неговиот пат


По повод 104 години од раѓањето на поранешниот претседател Киро Глигоров, премиерот Зоран Заев и министри во Владата денеска во објави на Фејбук потсетија на неговите политики и дела со кои, како што оценија, придонесе за остварување  на стратешките цели на државата. – На денешен ден е роден Киро Глигоров (1917-2012), еден од великаните на […]

ЕК очекува почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија што поскоро


Белгија – По изјавата на германскиот министер за надворешни работи дека не треба да се раздвојат Северна Македонија и Албанија во преговарачкиот процес до ЕУ, со сличен став реагираше и Европската комисија, јави дописничката на МИА од Брисел. Портпаролката за проширување Ана Писонеро на денешниот редовен брифинг за новинари одговарајќи на прашање го повтори ставот на […]

Германија е категорично против какви било поместувања на границите на Балканот


Германија е категорично против какви било поместувања на границите, изјави денеска во Берлин германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар на нон пејперот што се појави минатиот месец, а во кој се предлага прекројување на границите на Западниот Балкан. […]