Заев го покани Ердоган да дојде во Македонија


    Премиерот  Зоран Заев за време на еднодневната работна посета на Турција се сретна со претседателот на земјата Реџеп Таип Ердоган.На работната вечера во Истанбул, на која присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, премиерот Заев и претседателот на Турција Ердоган разговараа за взаемните пријателски односи исполнети со динамична соработка во повеќе области. Премиерот […]

Јанушев: Единствено зелено кај ДУИ е бојата на еврата


Единствено зелено што гледам во некоја конотација во однос на зелената боја помеѓу СДСМ и ДУИ, е зелената боја на еврата, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, Игор Јанушев во однос на ребрендирањето на владејачката партија ДУИ, на чело со Али Ахмети кој денеска истакна дека во фокусот на неговата партија ќе биде зелената […]

За Александар Николоски ДУИ била зелена партија затоа што почнала по шумите


Вториот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска дополнително ја оддалечи својата партија од ДУИ оценувајќи дека интегративците се обиделе да се трансформираат во зелена партијата, но тоа било враќање на корените затоа што излегле од шумите за време на конфликтот во 2001 година. Според него, најавата на Али Ахмети дека ДУИ сега по етничките и […]

Заев и Филипче на работна вечера со Ердоган


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на покана на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска отпатува за Истанбул, каде што вечерва ќе има работна вечера со претседателот Ердоган. Заев и министерот за здравство Филипче беа пречекани од заменик-гувернерот на Истанбул Зекерија Гунеј. Се очекува да се разговара за повеќе области […]

(ВИДЕО) ДУИ стана зелена партија, Ахмети прозборе на македонски


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја објави најавуваната убава вест и тоа го направи за првпат на еден настан на ДУИ на македонски и на албански јазик, обраќајќи им се директно на граѓаните.  -Почитувани медиуми, драга младино, почитувани граѓани, добар ден – се обрати Ахмети на почетокот, завршувајќи во ист стил и на крајот од […]

Заев: На маса е португалскиот предлог којшто е добра основа за решение


 Премиерот Зоран Заев денеска, одговарајќи на новинарски прашања, повтори дека несериозни изјави, особено од претседателот на најголемата опозициска партија, во врска со прашањето со Бугарија, може да предизвикаат само штетни последици и закочување на процесот на евроинтеграции на Северна Македонија. Повтори и дека ништо не се крие и не се разговара поразлично и оти на маса […]

Дали почна предвремена кампања во јуни за локалните избори во октомври?


На повеќе од четири месеци пред најавениот термин за локалните избори – втората половина на октомври, веќе се познати имињата на дел од кандидати за градоначалници главно од најголемите политички партии, коишто веќе започнаа неформална кампања. Веројатно пописот закажан за септември во комбинација со олабавување на ковид мерките придонесоа за тоа. Нема разлика дали станува […]

Заев: Не правиме нов договор со Бугарија, се бараат формулации за преговарачката рамка со ЕУ


Премиерот Зоран Заев, во одговор на новинарски прашања за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека се водат тајни преговори со Бугарија, и дали опозицијата е запознаена со разговорите, изјави дека не се преговара за нов договор со Бугарија, туку се бараат формулации за преговарачката рамка со ЕУ. Повтори дека не се преговара за македонскиот идентитет и македонскиот […]

Заев негира дека со ДУИ ќе кандидираат Албанец за градоначалник на Скопје


  Премиерот Зоран Заев денеска на прес конференција, по прашање од новинарите околу утрешното изненадување, потврди дека не се работи за заеднички кандидат Албанец за градоначалник на Скопје. -Не се работи за тоа, се работи за нешто кое што претставува модернизација на нашиот коалиционен партнер, порача Заев. Албанските медиуми претходно пишуваа дека поранешниот министер за […]

ЕУ одби пристап до содржината на словенечкиот нон-пејпер за Балканот


По формално новинарско барање преку воспоставените правила за достап до информации за увид во содржината на словенечкиот нон-пејпер кој ја разбрани балканската јавност пред еден месец, службите на Советот на ЕУ одбија, но потврдија дека документот постои, јави дописничката на МИА од Брисел. Во одговорот на генералниот секретаријат на новинарското барање за увид во словенечкиот […]

Шекеринска: Наместо да обвинува, опозицијата барем еднаш да помогне


Со Софија разговараме како да го надминеме впечатокот кој тие го имаат дека спроведувањето на Договорот за пријателство не е на посакуваното ниво, и да добиеме поддршка за почеток на преговорите, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска. -Мислам дека сите овие прашања се прашања коишто треба да ги поставите на луѓето коишто се вклучени во […]

Атина сака да се надминат разликите меѓу Софија и Скопје


Грчкиот заменик министер за надворешни работи Константинос Власис во интервју за бугарскиот дневен весник „Труд“, вели дека Грција силно ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан, позиција што ја потврдија премиерите за време на нивниот состанок минатата година. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Власис за „Труд“ посочува дека  меѓу соседни земји и […]

Османи: Oпции за почеток на преговори се јуни или декември


Тоа што нас не штити во спорот со Бугарија се принципите, не само нашите, туку, пред се европските и тоа е нашата најсилна страна во овој спор, смета министерот за надворешни работи Бујар Османи. -Се обидуваме тие принципи да ги аргументираме и пред Бугарија и пред нашите пријатели. Правдата е само еден од принципите, но […]

Заев не бега од дуел со опозицијата


Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека е подготвен за дуел до опозицијата, посочувајќи дека многу е важно да се посветат на работите што се договорени на последната лидерска средба. Таму, како што рече, имаме договорени сериозни работи кои носат свои обврски. – Дуел секојпат е прифатлив, тоа може да значи информација повеќе за граѓаните, комплетно […]

Издавањето пасоши на Македонците им се удри од глава на „каракачановците“


САД ја стресоа Бугарија, а и целиот регион. Ставањето на неколку високи бугарски  функционери на листата на санкционирани, заедно со нивните семејства, и најавувајќи заплена на имотот, САД пратија порака што ќе ги снајде сите кои мислат дека функцијата служи за корупција. Иако се негира офиијално, листата е објавена и гласно промовирана од САД пред […]

Уште еден нон-пејпер за Западен Балкан, овој пат од пет земји на ЕУ


Дали политиката на ЕУ кон Западен Балкан почна да се води од нон-пејпери? Три, четири, пет досега – некои од непознати автори (како оние за промена на границата), некои сп адреса, како оној на Загреб и Жозеп Борел, а на нив имсе придодаде уште еден, на пет земји членки на ЕУ. Според пишувањето на регионалните […]

Рот: Грција и Германија го поддржуваат членството на Македонија и Албанија во ЕУ


Поддршка за членството на Северна Македонија и Албанија во ЕУ изрази денеска германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот по средбата во Атина со алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитиадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина. – Двајцата го поддржуваме патот на Албанија и Северна Македонија кон членство во ЕУ, што ќе ја […]

Комисијата за здравство не го прифати предлог-законот за максимални цени за лекување и тестирање на пациенти со Ковид-19 во ПЗУ


Собраниската Комисија за здравство на денешната седница не го прифати Предлог-законот за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање на пациенти со Ковид-19 во приватните здравствени установи, во прво читање, поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Кoмисијата и владиното мнозинство сметаат дека таков предлог-закон веќе е усвоен од Собранието, изјави […]

За Радев најголемата цел била младите од Бугарија и Македонија да не се мразеле


Португалскиот претседател, кој е во посета на Софија, изјави дека историјата на Балканот им е важна не само на земјите на ЕУ, туку и на кандидатите за членство   Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека неговата земја има најголем интерес за евроинтеграцијата на нејзините соседи, но дека на проширувањето на ЕУ не треба да […]

Парламентарното мнозинство може само да се зголемува, а не да се намалува, смета Заев


Премиерот Зоран Заев смета дека парламентарното мнозинство може само да расне, а никако да се намалува и, како што рече, во тоа е уверен пред се поради добрите политики кои ги спроведува власта во сите сфери. Тој вели дека нема потреба да се оди на предвремени парламентарни избори и оти власта треба да истера еден […]