Ѓоргиев: Самокритичноста е основниот елемент кој ќе може да не придвижи напред


Апсолутно неприфатливо е политиката да ги решава историските спорови или историчарите да  ги решаат политичките спорови. Самокритичноста е основниот елемент кој ќе може да не придвижи напред, а не идејата дека ние ја поседуваме историската вистина за што било, и другата страна мора да ја прифати таа вистина. Тоа е патот кој не води никаде, […]

Заев: Владата им излезе во пресрет на општините кои долги години тонеа во долгови


Владата им излезе во пресрет на општините кои долги години тонеа во долгови, преку обезбедување 50 милиони евра неповратни средства, што им овозможи да се посветат на планови за развој на локалната самоуправа, изјави вечерва во Скопје премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на граѓанска трибина организирана од партијата под мотото „Најдоброто за нашата […]

Блинкен разговарал со Радев за блокадата на Македонија


Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска телефонски разговарал со бугарскиот претседател Румен Радев за неколку теми, меѓу кои и за европските перспективи на Македонија и Албанија и за бугарската блокада. Според соопштението од кабинетот на Радев „Ентони Блинкен изрази очекувања за забрзување на процесот на евроинтеграција за нашиот југозападен сосед. Заеднички став беше дека ова […]

Ангел Димитров очекува летово да се вразумиме


Досега бев убеден дека, и покрај сериозните проблеми, и покрај темелните разлики што постојат меѓу нас и нашите колеги од Скопје, ние сме Мешовит комитет за историски и образовни прашања, но од денешниот 14-ти состанок, почнувам да се прашувам дали навистина е така. Ова го изјави за БГНЕС копретседавачот на Заедничката експертска комисија за историски […]

Стоев: Бугарија прави се што може, чекаме конструктивен одговор од Македонија


Бугарија е отворена за активен дијалог и во изминатите денови се прави се што е можно од бугарска страна, како и од страна на Северна Македонија, за градење позитивна атмосфера и обновување на довербата во билатералните односи, ова го порачал шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев на средба во Софија со неговиот чешки колега Јакуб […]

Најтешки разговори досега за историските разидувања со Бугарија


Од македонска страна на денешната средба на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беа дадени предлози засновани на современите разбирања за историското образование поддржани од Советот на Европа и УНЕСКО, во кои се уважуваат различните погледи и толкувања за минатото и кои се покажале како применливи во надминување на спорови што произлегуваат од […]

Состанок на историската комисија за спорот со Бугарија


Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска го одржува 14. состанок, којшто е трет од предвидените пет за оваа година. На последниот, 13. состанок на Мешовитата комисија, одржан на 23 и 24 април во он-лајн формат, не беше постигнат никаков резултат, а се разговарало за македонските учебници за седмо одделение, додека […]

Порака од Вашингтон: Преговори со Македонија и Албанија без одлагање


Како што се доближува времето за носење одлука во ЕУ околу отворањето преговори со Македонија и Албанија така расте и притисокот на САД за давање зелено светло и отстранување на сите блокади во Унијата. Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, пред денешниот самит на Г7  и самитите на НАТО и ЕУ на кои ќе […]

Макрон: Заслужувате преговори без одложување (Видео)


Премиерот Зоран Заев е во Париз на работна вечера со претседателот на Франција Емануел Макрон. Пред вечерата тој и францускиот лидер дадоа изјави, при што Макрон порача дека нашата земја заслужува да ги почне преговорите со ЕУ без одложување. Притоа тој му се обрати директно на премиерот Заев оценувајќи дека со потпишувањето на Преспанскиот договор […]

Сервер: Очекувам САД да изврши зголемен притисок врз Бугарија


Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се очекува да изврши зголемен притисок врз Бугарија за откочување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, а извршната наредба на Бајден е со цел да врши притисок за подобрување на владеењето на Западен Балкан.    Ова денеска за МИА го изјави Даниел Сервер, експерт за Балканот од универзитетот „Џон Хопкинс“ во […]

Заев на средба со Макрон во Париз


Премиерот Зоран Заев денеска во Париз ќе оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Од владината прес-служба попладнево информираа дека во состав на владината делегација се и заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во рамки на посетата, со која се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи […]

Заев и Рама потпишаа договор за заеднички гранични и царински контроли


Премиерот Зоран Заев денеска во Тирана учествуваше на Самитот на земјите од Западен Балкан чиј домаќин беше премиерот на Албанија, Еди Рама. На маргините на Самитот двајцата шефови на влади го потпишаа Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија. Во изјавата за медиумите премиерот […]

Османи: Протерувањето на нашиот дипломат од Русија е неоправдано


Министерот за надворешни работи Бујар Османи жали за одлуката на Русија да протера македонски дипломат и смета дека таа е неоправдана. Овој потег на Русија, за Османи е само возвраќање на претходното протерување руски дипломат од Северна Македонија. – Жалам за неоправданата одлука на Министерството за надворешни работи на Русија, ова е само возвратна политичка […]

ВМРО-ДПМНЕ бара место службени да се купуваат амбулантски возила


Собранието денеска го одржа второто продолжение на 43-та седница на која беа разгледани само четири точки кои се однесуваат на работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Тоа се предлог-одлуките за давање согласност на Финансискиот план, на Стартешкиот план и Годишната програма за работатa на Државната комисија за жалби по јавни набавки за […]

ДУИ ја поздрави наредбата на Бајден


  ДУИ ја поздравува извршната наредба на претседателот Џо Бајден со која се предвидува замрзнување на имотот и забрана за влез во САД за сите оние кои го дестабилизираат Западен Балкан, се вмешани во корупција и ги ризикуваат демократските институции. Од ДУИ велат дека е за поздравување фактот што меѓу оние кои што ја загрозуваат […]

Советот на амбасадори ја поддржува Извршната наредба на Бајден


Здружението за меѓународна политика „Советот на амбасадори“ во целост ја поддржува констатацијата изнесена во Извршната наредба на претседателот на САД Џо Бајден дека во земјите на Западен Балкан има широко распространета корупција во разни влади и институции со што се отежнува и успорува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските интеграции, […]

Шекеринска: Тие што ловат во матно ќе се соочат со декретот на Бајден


 Декретот на американскиот претседател Џо Бајден покажува дека интересот на САД за Западниот Балкан не е изгубен, туку напротив се зајакнува, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Според неа декретот испраќа две пораки – дека договорите кои обезбедија решение на проблемите на Балканот се влог во безбедноста на Балканот и дека од сите земји […]

Русија возврати и протера македонски дипломат


Еден месец по протерувањето на нејзиниот дипломат од Скопје, Русија објави дека презела возвратна мерка против еден вработен во македонската амбасада во Москва. Соопштението на руското министерство за надворешни работи го пренесува агенцијата Риа новости. Според него, вршителката на должноста амбасадор, Оливера Чаушевска- Димовска, била повикана во министерството каде ѝ било кажано дека еден од […]

Премиерот Заев на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана


– Претседателот на Владата Зоран Заев денеска ќе оствари еднодневна работна посета на Албанија. Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев ќе учествува на Самитот на земјите од Западен Балкан, со кој ќе претседава албанскиот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и […]

Османи: 16 години сме со кандидатски статус заради билатерални прашања


Прашањата кои немаат поврзаност со процесот ни го попречуваат патот кон ЕУ. Ние 16 години сме со кандидатски статус заради билатерални прашања, изјави во Утрински брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи. -Во однос на критериумите земјите членки се стриктни и најголемите пријатели на државата во делот на владеењето на правото, реформите тие ќе бидат […]