Ристо Никовски: Ние сме стратешки партнер на САД, но тие не се наш


  Вклучувањето на Македонија на списокот од 75 земји  за кои е суспендирано издавањето на имигрантски (иселенички) визи предизвика политички шок-бранови во земјата, затоа што беше неочекувано нашата земја да се најде во друштвото на земји од третиот свет. Плус и заради тоа што сме членка на НАТО и што имаме потпишано стратешко партнерство со […]

Жерновски го „пофали“ Мицкоски: Конечно најде стратегија да ги задржиш младите!


  Поранешниот амбасадор и член на СДСМ, Андреј Жерновски, ја коментираше одлуката на САД да ги замрзнат барањата за имигрантски визи на граѓаните од Македонија.  „Браво за Мицкоски! Конечно најде ‘стратегија’ како да ги задржи младите во Македонија – така што САД нема да им даваат визи. Не со подобри плати, не со квалитетно образование, […]

Како Македонија се најде во друштво на Судан и Сомалија?


  Одлуката на претседателот на САД да ја стави Македонија на листата на 75 земји за кои нема да се разгледуваат воопшто барања за имигрантска виза не е толку драматична по ефектите, колку што е драматична како порака за државата. Откако дојде на власт ВМРО-ДПМНЕ ова е најголемиот дебакл што го доживеа во надворешната политика, […]

ВМРО-ДПМНЕ појаснува: САД ги запреа само иселеничките визи, другите важат


  По изненадувачката вест од САД дека земјата ја ставила на список и Македонија за суспендирање на иселеничките визи и многуте реакции овде, ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека пласирал „тенденциозна манипулација со цел дефокусирање од сопствениот неуспех. Да разјасниме за јавноста и граѓаните СДС користи дезинформации за американската визна политика. Факт е дека не станува […]

Муцунски порача да се стрпиме шест месеци, САД ќе нѐ изненаделе со визната политика!


„Се работи за пауза за постапки поврзани со иселенички визи. Не станува збор за црна листа ниту за прекин. Тука мислам дека е коректно пред целата македонска јавноста да кажеме дека ова не влијае на сите други постапки за визи за во САД“, порача денес министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, околу вчерашната одлука на […]

Фрчкоски: Македонците без американски визи поради погрешната политика на власта


Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, денеска остро реагираше на одлуката на Соединетите Американски Држави да ја опфатат Македонија со мерката за суспендирање на обработката на визи, оценувајќи дека ваквиот чекор ја става државата во ист ранг со земји како Сомалија и Сирија. Според Фрчкоски, одлуката на САД, со која Македонија се најде […]

Левица: ВМРО-ДПМНЕ им даде пари на општините пред изборите, по гласањето – им ги зеде!


Левица го нарече предизборна манипулација давањето пари на општините за разни проекти пред изборите кои деновиве, откако ги добија мнозинството општини, со еден потпис ги повлекоа речиси сите.    „Во екот на локалните избори, владата на Христијан Мицкоски одобри средства на општините, а дел од нив беа и од унгарскиот кредит, за капитални проекти од […]

Предвреме повлечен бугарскиот генерален конзул во Битола


  БИТОЛА – Петар Петров е назначен за генерален конзул на Бугарија во Генералниот конзулат Битола, објавија бугарските медиуми. Петров е досегашен заменик- амбасадор на Бугарија во Скопје и речиси пет години е на служба во Македонија. Ова значи дека од функцијата генереален конзул предвреме си заминува досегашниот Николај Димитров. „Независен“ од свои извори дознава […]

Реакции за лидерската средба: Бегање од одговорност или од давање алиби за предвремени избори?


Типично бегање од одговорност, кога немате решение, кога немате легитимитет или кредибилитет нормално е дека ќе бараат начин како да избегнат соочување или размена на аргументите и фактите. Мислам дека тоа е погрешна стратегија, истакна пратеникот во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски во интервју, посочувајќи на одлуката на опозициската СДСМ да не учествува […]

Мицкоски: Техничката влада ќе се укине, СДСМ да каже дали на следните или на изборите по нив


  Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по тричасовната лидерска средба на која не учествуваа лидерите од коалицијата на СДСМ, соопшти дека постигнале согласност оти техничката влада треба да стане минато, т.е. да се укине. Иако одлуката може да се донесе со 61 глас, Мицкоски порача дека не сака решенија „на сила“ и му понуди компромис  […]

САД го замрзнаа издавањето имигрантски визи и за Македонија


  Сме биле во периметарот на Доналд Трамп, но изгледа не толку блиску. Стејт департментот на САД ја замрзна обработката на имигрантски визи за 75 земји во обид да се справи со апликантите за кои се смета дека веројатно ќе станат јавен товар. Меѓу тие земји е и Македонија. Прв веста ја објави мрежата Фокс […]

Филипче: Прво европски стандарди, па укинување на техничката влада


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја отфрли идејата за укинување на техничката влада дури и за изборите по следното парламентарно гласање, која произлезе од денешната лидерска средба на која тој не присуствуваше. Според него, укинувањето на техничката влада може да се случи само тогаш кога македонското општество ќе биде зрело и подготвено според европските […]

ДИК ги потврди новите градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа


Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги потврди имињата на Ваљбон Лимани и Исен Шабани од Национална алијанса за интеграција, Онер Јакуповски од коалиција „Твоја Македонија“ и Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, за нови градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово Ростуше и Центар Жупа.     Потпретседателот на ДИК, Абдуш Демири кажа […]

Костадин Костадинов го одмрзна членството во СДСМ, но останува на своите ставови и позиции


Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, соопшти дека по подолг период и лична одлука го одмрзнува членството во СДСМ, кое претходно го замрзна откако лидерот на партијата, Венко Филипче, не го предложи за уште еден мандат на локалните избори. „По доволно поминато време и по донесена лична одлука, одлучив да го одмрзнам моето членство во […]

(Во живо) Изјави по лидерската средба


По повеќе од три часа, заврши лидерската средба, на која точно напладне во Клубот на пратеници седнаа само петмина политичари. Освен Мицкоски (како претставник на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ), таму беа генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, градоначалникот на Тетово, Билал Касами; а од опозицијата лидерите на ДУИ и Левица, Али Ахмети и Димитар Апасиев. Во […]

Лидерската се сведе на средба на една мала маса


  По еднонеделна политичка врева околу неочекуваниот повик на премиерот Христијан Мицкоски за лидерска средба на која ќе се разговара за укинувањето на техничката влада, реформските закони и други прашања (промената на уставот не беше спомената) денеска точно напладне во Клубот на пратеници седнаа само петмина политичари. Освен Мицкоски (како претставник на коалицијата околу ВМРО-ДПМНЕ), […]

СДСМ вели дека тие што одат на лидерската ја легитимираат корупцијата


  СДСМ не оди на лидерската што ќе се одржи денеска и преку соопштение оцени дека оние што ќе бидат на тој состанок ги легитимирале криминалот и корупцијата. „Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во:  – Легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ. – […]

Али Ахмети ќе учествува на лидерската средба, одлучи ДУИ на седница на Генерален совет


Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва во Тетово одржа втор состанок на новиот Генерален совет на кој беше одлучено нивниот претседател да учествува на утрешната лидерска средба. Портпаролката на ДУИ, Арта Зендели Биљали по завршување на два ипол часовниот состанок рече дека била донесена едногласна одлука партијата да биде дел од лидерската средба, иницирана од […]

Лидерска средба ќе има утре, но главно во владин состав


  Утре во Клубот на пратениците ќе се одржи лидерска средба што ја свика премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но уште не се знае кој ќе дојде. Според досегашните најави на неа ќе бидат владините коалициски партнери, но не се знае кој од опозицијата ќе присуствува. Едно е јасно – СДСМ нема да […]

Лицето што скрши стакло на бугарската амбасада – не е етнички Македонец


 Лицето што скрши стакло на вратата на бугарската амбасада во Скопје не бил етнички Македонец и бил бездомник. Ова го објави Петар Колев, лидер на бугарска политичка партија во Македонија, во интервју за бугарски медиум, во рамки на драматизирањата во соседната држава на овој настан, кој наводно е доказ за омразата што системски се создава […]