Вучиќ: Жалам што Скопје и Тирана не добија датум за преговори со ЕУ


Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека му е многу жал што ЕУ не им дала на Албанија и Северна Македонија датум за почеток на преговорите и дека не е фер кон тие земји и нивните граѓани. – Сметам дека е нефер и кон Тирана и кон Скопје, како и кон граѓаните и луѓето што […]

Премиерот Заев го прими Јанис Бутарис: Од исклучителна важност е градењето на заеднички капацитети за пристап и користење на фондовите на ЕУ за регионалната соработка


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев го прими поранешниот градоначалник на Солун, политичар и бизнисмен Јанис Бутарис, кој заедно со своите соработници остана во работна посета на Скопје откако вчера учествуваше на Првиот Економски Форум во Скопје во организација на Економскиот Форум од Делфи, Грција, и на Грчката Бизнис Асоцијација во Северна […]

Пратенички прашања во Собранието


Собранието денеска ќе ја одржи 44-та седница на која ќе се поставуваат пратенички прашања. Седницата за поставување пратенички прашања вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот. Предност за поставување прашања до премиерот и до министрите имаат опозициските народни избраници.

Заев загрижен дека самата ЕУ го зголемува евроскептицизмот кај нас


Одлуките кои не се одлуки, туку се нови блокади, како последната на министерскиот состанок на ЕУ, ја оддалечува Европската унија од Македонија и регионот, а не го приближува, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во емисијата „Топ тема“ на Телма. Тој е загрижен дека со ваквите одлуки се зголемува евроскептицизмот во државата и се овозможува на […]

Сијарто: Бараме Софија да дозволи почеток на преговори и паралелно решавање на спорот


Го почитуваме ставот на Софија дека прашањата кои тие сега ги наметнуваат се важни за нив. Нашето барање е да дадат доволно време да се најде решение за прашањето со Скопје и паралелно со тоа да започнеме преговори за зачленување во ЕУ. Овие две работи да течат паралелно, изјави министерот за надворешни работи на Унгарија, […]

Заев и Рама во еден глас: Европа има голем проблем – тоа е самата ЕУ


Остра порака на македонскиот и албанскиот премиер по вчерашниот неуспех на европските министри да ја тргнат блокадата на Бугарија. Балканот ги брани европските вредности, а не ЕУ, порачаа Заев и Рама   Европската унија нема ексклузивитет на Европа, особено кога не го испорачува она што го ветува. А европските вредности денес ги бранат земјите од […]

Рама: Ние успеавме, ЕУ не успеа


Албанскиот премиер во Скопје изјави дека пофер ќе било од ЕУ ако кажеле дека не се подготвени за проширување отколку да се поставуваат блокади   Ние повторно ќе треба да чекаме, но ќе продолжиме да го правиме истото и да се потпираме на себе, а не само на тоа што го кажува Брисел, изјави премиерот […]

(Видео) Изјави на Заев и Рама


На маргините на Првиот Економски Форум во Скопје изјава за медиуми ќе дадат премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев и премиерот на Република Албанија, Еди Рама Ние повторно ќе треба да чекаме, но ќе продолжиме да го правиме истото, и да се потпираме на себе, а не само на тоа што го кажува Брисел, […]

Дејвид Гир: Мора да останеме со чисти глави


Сите сакаме да го видиме отворањето на преговорите што е можно побрзо, но мора да останеме со чисти глави. Основите не се променети, заложбите од Солун се јасни и живи. Регионот на Западен Балкан е дел од Европа, неговото минато, сегашност и иднина се поврзани со ЕУ и логично е дека неговата иднина е во […]

ЕУ мора да се држи до зборот, вели германската амбасадорка


И германската амбасадорка Анке Холштајн се приклучи денес на фонот на странските дипломати во Скопје кои изразија жалење за новата бугарска блокада на Македонија во ЕУ. Приоритет на владите мора да бидат кредибилни и одржливи реформи, а ЕУ мора да стои на своите заложби. Пристапот „вие испорачувате, ние испорачуваме“ мора да важи. Важно е пристапните преговори […]

Димитров: Блокадата на С. Македонија е проблем и на ЕУ


Навистина е важно да видиме остварување на ветувањето за европерспективите на регионот дадено во Солун. Ова е проблем на ЕУ и оваа блокада не се однесува само за иднината на С. Македонија туку и на иднината на ЕУ во Западен Балкан, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на панел на Првиот економски форум Скопје. […]

Твитот на Заев за поддршка на фудбалерите ја налути Грција


Твитот на Зоран Заев: „Денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација“, толку ја налути официјална Атина што побара објаснување од македонскиот премиер и, како што тврди весникот „Катимерини“, придонел за дополнително одложување на веќе одложената ратификација на три меморандуми во грчкиот парламент поврзани со Преспанскиот договор. „Катимерини“ во ударниот текст […]

Галовеј и Силвестри: И покрај пречките, ЕУ агендата треба да продолжи


Сите јасно се согласуваме дека членстото во ЕУ е примарна цел и за Северна Макеоднија и за целиот регион. И покрај пречките што се појавувата на тој пат, не треба да се откажувате, порача британската амбасадорка Рејчел Галовеј во обраќањето на панел на Првиот Скопски економски форум. -Во изминатите три години Северна Македонија многу напредна […]

Брнз: Разочарани сме што членките на ЕУ не успеаја да ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија


 Остануваме разочарани што ЕУ земјите членки не успеаа да ја усвојат преговарачката рамка за Северна Македонија на вчерашниот состанок, но нема сомнеж дека државата ги исполни неопходните задачи за отворање на пристапните преговори со ЕУ и тоа е чекор што веруваме дека ќе ја зголеми рагионланата стабилност и ќе ги подобри политичката и економска активност, […]

Заев од првиот Скопски економски форум: Потребен ни е Балкан кој живее во сегашноста и гради просперитетна иднина


Северна Македонија ги негува европските вредности, демонстрира европски манири, политичка волја и гради добрососедски односи неопходни за економски просперитет и подобар стандард за граѓаните. Пораката од Делфи самитот во Атина, ја упатувам и од тука во Скопје – Потребен ни е економски просперитетен Балкан на 21 век, интегриран во ЕУ. Денес, ќе додам и Балкан кој […]

Петар Колев од ГДУ: Македонија намерно ја провоцира Бугарија за да не влезе во ЕУ


Петар Колев вели дека се надева оти бугарскиот претседател Румен Радев „нема да биде излажан“ од Зоран Заев   Се будат бугарските филијали во Македонија. Петар Колев, лидерот на партијата Граѓанско демократска унија, во текст напишан специјално за БГНЕС тврди дека Македонија намерно и наменски бара конфликт со Бугарија – за да не стане членка […]

Центар за култура Иван Михаилов: Тито никогаш не бил наш


Тито никогаш не бил наш, наши биле бугарските трупи кои ги оставиле младите коски на Црна, Кајмакчалан, Пелистер, Криволак. Ова е наведено во позицијата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола по повод, како што тврдат, неодамнешната посета на внукот на Тито во „античкиот бугарски град Охрид“.  Според нив, целта на оваа посета, за […]

„Политико“: Бугарија губи пријатели со голема брзина


Бриселски „Политико“ пишува дека по вчерашниот состанок на Советот за општи работи, на кој Софија повторно стави блокада за Македонија, Бугарија е изолирана. Во текстот насловен: „Заборавете на проширувањето, продолжува да вели Бугарија“, неколку дипломати на „Политико“ му изјавиле дека Софија продолжува да го блокира одржувањето на првата меѓувладина конференција поради домашни историски политики кои […]

Партиите блиску до договор за измени на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР


Работната група за подготовка на измените на Изборниот законик формирана од Министерството за правда е блиску до договор во однос на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираат за МИА од Министерството за правда, посочувајќи дека преостанува уште малку време за усогласување на ставовите бидејќи предлогот треба да биде доставен до Собранието. Во однос на изборниот модел, главниот […]

Седница на собраниската Законодавно-правна комисија


Во Собранието за денеска е закажано продолжение на 60.  седница на Законодавно-правната комисија. Комисијата треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, по скратена постапка, во второ читање (поднесен од: Дарко Каевски, Лолита Ристова, Марија Костадинова, Жаклина Лазаревска, Бисера Костадиновска Стојчевска, Даниела Колева, Драгица Ѓавочанова, Ненад Коциќ, […]