Јана Белчева – Андреевска ќе ја предводи независната листа на советници во Центар


Јана Белчева-Андреевска, актуелен член на Советот на Општина Центар ќе ја предводи листата на независната граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ на локалните избори во октомври. Таа денеска заедно со кандидатите за советници проф. д-р Дивна Пенчиќ и Јане Димески ја претставија својата платформа, за која од утре ќе собираат потписи. „Во 2017 нѝ ветија работа […]

Османи побарал помош од Турција за евентуално извлекување на наши државјани од Авганистан


Министерот за надворешни работи Бујар Османи остварил контакт со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу од кого добил уверување дека доколку има потреба ќе помогнат при извлегување на македонските државјани од Авганистан. –  Со оглед дека Република Турција има широко дипломатско и логистичко присуство во Кабул, побарав евентуална асистенција доколку се појави потреба за извлекување и […]

Измени на Изборниот законик по локалните избори


Нема да има нови измени на Изборниот законик пред локалните избори на 17 октомври, иако партиите подолго време разговараа за нив. Ова денеска го најави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, повикувајќи се на разговор со претседателот на Собранието Талат Џафери. Партиите ги усогласуваат ставовите, но не можат да ги усогласат сите ставови, пред […]

Од утре се собираат потписи за независни листи на локалните избори


Постапката за собирањето потписи на избирачите за кандидирање на локалните избори започнува утре (16 август) согласно Роковникот на Државната изборна комисија, а завршува на 30 август на полноќ. Повеќе групи на граѓани најавија собирање потписи за учество со свои листи на локалните избори и тие веќе и се познати на јавноста. Потписите се собираат пред […]

Мета: Албанците се посветени на стабилноста на Македонија


    Албанскиот претседател Илир Мета порача дека имплементацијата на Охридскиот рамковен договор не приближува до ЕУ. „На 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, ценејќи го значајниот напредок досега постигнат во неговото почитување, ја охрабрувам неопходноста од целосна имплементација и интегрално заживување, како одлична можност за понатамошна консолидација на мирот и меѓуетничката хармонија, за зајакнување […]

Некои го славеа, некои го бојкотираа – Охридскиот рамковен договор и „празните столчиња“


Половина милион евра, над 200 гости од земјава и од странство, откажан концерт и неколку забележливи „празни столчиња“ на значајни личности директни учесници во креирањето и реализацијата на Охридскиот рамковен договор ја одбележаа вчерашната централна манифестација по повод 20 години од потпишувањето на документот кој ја смени „личната карта“ на земјата. Најзабележливо беше отсуството на […]

Даштевски:Подготовките за локалните избори ќе бидат навремени


Државната изборна комисија (ДИК) го потпиша договорот со германската компанија „Дермалог“, која треба да ги набави потребните терминали за читање отпечатоци од прсти и системот за нивно функционирање, а ќе се грижи и за нивно одржување во следните четири години односно четири изборни циклуси. Во интервју за МИА претседателот на ДИК, Александар Даштевски ги објаснува […]

Охридскиот договор – компромис што го издржа тестот на времето и го отвори патот кон НАТО и ЕУ


Охридскиот рамковен договор го издржа тестот на времето, иако е далеку од совршен. Тој го отвори патот на земјата кон евроатлантските интеграции, но процесот продолжува, а нашето патешествие како држава ќе се заокружи тогаш кога по полноправното членство во НАТО, ќе ја постигнеме и втората стратешка цел, да почнеме преговори со Европската Унија, беа пораките […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе се трка за Скопје со Даниела Арсовска


Aктуелната претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска ќе биде кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Како што велат високи партиски извори, Арсовска ќе настапи како граѓански кандидат, кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Инаку, од партијата се посочуваат и кандидатурите за овие пет општини: Орце Георгиевски – Кисела […]

Зелен хуман град тврди дека процентите за независните сепак ќе се менуваат


Граѓанската инмицијатива Зелен хуман град ја оценува како незапамтен удар на демократијата информацијата, како што тврдат, дека Изборниот законик ќе се менува штом пратениците се вратат од одмор на 17 август – со цел да се покачи прагот за потребни потписи среде почнат процес за собирање потписи. -Ќе се зголеми прагот во сите општини каде […]

Солана сигурен дека многу скоро ќе ги почнеме преговорите со ЕУ


Имавте многу тешкотии на вашето патување. Имавте потешкотии во врска со вашето име, кое беше решено. Имавте проблеми со вашиот јазик, кое што исто така е разрешено и по договорот со НАТО сигурен сум дека многу скоро ќе имате можност да започнете формални разговори со Европската унија, изјави поранешниот висок претставник на ЕУ Хавиер Солана, […]

Борел: Иднината на Северна Македонија и целиот Западен Балкан е во ЕУ


Пред 20 години Северна Македонија заедно со поддршката на ЕУ и меѓународните медијатори храбро избра компромис и одговорност. На нашиот континент, национализмот и етничките судири пречесто се користат за да се прават поделби и да се сее омраза, меѓутоа плурализмот е богатство и сила. Мотото на ЕУ е обединети во различностите, а со договорот токму […]

Ахмети: Поделбата на државата беше трагична и за Албанците и за Македонците


Да ги почитуваме постигнатите договори, да успееме заедниците во оваа држава да бидат господари на нивните судбини, да не ни пречи ниту јазикот, ниту културата на другиот. Скеое унапредување на јазикот и културата на другиот е напредок на државата. Колку е полојална државата кон граѓаните толку полојални се граѓаните во државата. Имаме уште многу да […]

Заев за Охридскиот договор: Градиме зрели политики место конфликти


 Одбележуваме значајна годишнина од договорот со кој беше обезбедена мирната иднина и натамошна демократска изградба на Северна Македонија со еднакво учество на сите нејзини етнички заедници. Договорот ги постави темелите врз основа на кои ние како новоформирана влада во 2017 година го градиме нашето заедничко – едно и еднакво општество, вклучувајќи ги и почитувајќи ги […]

Робертсон: Бугарија да ги послуша пријателите и да ја крене блокадата за Северна Македонија


Не треба само носталгично да се осврнуваме на Рамковниот договор кој беше уникатен пример за крај на еден конфликт. Договорите ги има премногу во историјата, но, она што луѓето вистински го сакаат е работа, добро образование за нивните деца и надеж за иднината. Тоа мора да биде чекор понатаму од Охридскиот договор и тоа е […]

Хари Костов го пофали Рамковниот, удри по расипништвото и корупцијата


Хари Костов, како поранешен министер за внатрешни работи во времето на потпишувањето на Охридскиот договор, по набројувањето на достигнувањата со него, даде оценка и за сегашната состојба во државата.  Според негова оценка, политичките партии кај нас се толку поделени што сега, по Охридскиот договор, треба да потпишат нов договор за остварување на неопходните реформи, зад […]

Груби: Без Охрид, ќе ги немаше Преспа и НАТО


   Денес сме собрани да се потсетиме на храброста на мажите и жените пред 20 години и да ја изразиме нашата најголема почит кон нив со ветување дека ќе го спроведеме и прифатиме духот на мирот договорен на 13 август 2001 година, истакна првиот вицепремиер Артан Груби на конгеенцијата по повод 20 години од Охридскиот […]

Пендаровски: Охридскиот договор веќе не се гледа како закана


Претседателот Стево Пендаровски на прославата на Охридскиот договор порача дека тој го издржал тестот не времето и дека и денес верува дека бил најдобриот можен одговор на политичкото раководство во тогашниот политички момент во земјата. Тој нагласи дека во ниту едно испитување на јавното мислење граѓаните не гледаат во него како безбедносна закана. „Факт е […]

Дваесет години Охридски рамковен договор


Со низа настани под слоганот „По Охрид“ во земјава се одбележува 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во 2001 година. Потписници на Охридскиот рамковен договор се тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери […]

Средба на Џафери со генералниот секретар на Муслиманската светска лига


 Претседателот на Собранието Талат Џафери, оствари средба со генералниот секретар на Муслиманската светска лига, Мохамад бин Абдул Карим Ал-Иса, кој е во посета на Република Северна Македонија. Џафери, како што информираат од неговиот кабинет, ја поздравил мисијата и напорите на генералниот секретар Ал-Иса за унапредување на меѓуверскиот дијалог, верската толеранција и мирната коегзистенција на глобално […]