До детаљ замаглено: Колку е богат Христијан Мицкоски?


  Информацијата на компанијата IFL Watches за вредноста на часовниците на 20 лидери на НАТО (што прв ја објави порталот „Рацин“) повторно на дневен ред го постави прашањето за тоа колку е богат премиерот Христијан Мицкоски, каков имот има, кога го заработил и како. IFL Watches вели дека Мицкоски има часовник IWC вреден 6.900 долари. И дека […]

Филипче го нарече Николоски „независен аналитичар“, не направил ништо за камионџиите


  Пратеникот Антонио Милошоски побара од амбасадорот на Кипар за Македонија, Андреас Фотиу, да го стави на дневен ред во Брисел протестот на камионџиите кои за денес најавија блокада на границите кон ЕУ. Фотиу денес ги преставуваше приоритетите на кипарското претседателствување со Унијата, но место за реформи мораше да слуша колку не правиме ништо за […]

СДСМ тврди: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење


СДСМ соопшти денес дека проектот ЗНАМ, според нив, сателит партија на ВМРО-ДПМНЕ, се дели и веќе е целосно маргинализирана. -Нивната улога беше за раситнување на СДСМ а сега служат само за да гласаат Закони по налог на ВМРО и да ѝ дадат легитимитет на кражбата и корупцијата преку криминални тендери. Бидејќи ЗНАМ веќе се разитнува, ВМРО […]

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски пред да влезе во политиката има добро заработено во енергетиката


  Работејќи во бизнис секторот на енергетика пред да влезе во политиката Христијан Мицкоски има добро заработено соработувајќи со познати светски фирми, одговара ВМРО-ДПМНЕ околу наводите дека нивниот лидер има многу скап часовник, меѓу најскапите од лидерите на НАТО. „СДС изгледа мислат дека имаат многу јака тема за соопштение, па се фатија за вредноста на […]

СДСМ: Само по скапите часовници на Мицкоски сме меѓу првите во светот


СДСМ реагира дека само по скапите часовници на премиерот Христијан Мицкоски сме меѓу првите во светот „Компанијата IFL Watches објави ранг листа на часовници кои ги носат шефовите на држави и влади на НАТО и колку чинат.Мицкоски со еден негов часовник од 6.900 доалри е на врвот на таа листа, помеѓу топ пет, со најскапи […]

(Видео) Филипче: Конгресот е многу успешен, усвоен е Извештајот за локалните избори, партиските тела добија доверба


Денеска на 21. Конгрес на СДСМ во работниот дел кој беше затворен за јавноста, беше усвоен Извештајот за локалните избори што се одржаа минатата година, а поддршка добија и телата и органите на партијата, соопшти вечерва партискиот лидер Венко Филипче. „Од формален аспоект Конгресот беше успешен. Беше усвоен Извештајот за локалните избори во 2025 година […]

ВМРО-ДПМНЕ му забележува на Филипче зошто во говорот не кажал лош збор за Заев


Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција до медиумите, говорот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на 31. Конгрес на партијата го оцени како „празен“.  Притоа, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, Филипче во говорот за отчет пред Конгресот не објаснил зошто е петта партија во Скопје и трета во Македонија, како и дека не се оградил, ниту кажал […]

СДСМ е факелот што го покажува патот кон излезот, порача Филипче на конгресот на партијата


  Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, денес во својот говор на 31. Конгрес на партијата што се одржува во Скопје ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ за предавство на националните интереси, најавувајќи борба во која ќе бидат разобличени лагите на власта и во која ќе понудат решенија за подобра иднина за граѓаните и […]

СДСМ: Орбан го шири влијанието на Балканот


СДСМ со длабока загриженост ги следи најновите случувања во регионот, кои откриваат како унгарскиот премиер Виктор Орбан го шири своето влијание врз клучните економски и енергетски сектори на Балканот, се посочува во соопштението од СДСМ.  Од СДСМ посочуваат дека во Давос, премиерот Мицкоски немаше средба со ниту еден висок европски или светски лидер. Видеата кои […]

СДСМ го одржува 31. Конгрес


 Социјалдемократскиот сојуз денеска во Скопје во хотелот „Александар Палас“ ќе го одржи 31. Конгрес. Според информациите од СДСМ, на Конгресот ќе има отворен и работен дел. На почетокот ќе има отворен дел од конгресот, по што ќе следува и обраќање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче кое што медиумите ќе можат целосно да го проследат. […]

Фатон Сељами е нов Народен правобранител


  Собранието денеска го избра Фатон Сељами од Тетово за нов Народен правобранител. За изборот на Сељами гласаа 89 пратеници, шест беа против, а од пратениците што припаѓаат на заедници што не се мнозинство, 28 беа „за“, осум „против“. Сељами е дипломиран правник, магистер по правни науки, со положен правосуден и нотарски испит. Народниот правобранител […]

Одбиени сите амандмани на СДСМ за измените на Кривичниот законик


  Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, денеска на прес-конференција изјави дека владините партнери ги одбиле сите амандмани на нејзината партија околу измените на Кривичниот законик. „На денешната комисиска расправа, тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ  ги одби сите амандмани на СДСМ за Кривичниот законик. Одбија враќање на членот 353 – злоупотреба на службената положба и овластување, на решението […]

Мојсоска: Одбиени амандманите на Левица за да продолжи неказнивоста за корумпираните


ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за политички систем, на која на дневен ред беше амандманска расправа за Предлог-измените на Кривичниот законик, гласаше против амандманите предложени од Левица, со кои се бараше заострување на казнената политика за кривичните дела сторени од страна на службени и одговорни лица кои вршат јавни функции. Во своето излагање на […]

Левица го поддржа ВМРО-ДПМНЕ и помогна да се изгласа законот од „Безбеден град“


  Левица и ВМРО-ДПМНЕ денеска се најдоа на иста страна за еден многу битен закон со кој може да стартува проектот „Безбеден град“. Собранието денеска со 81 глас „за“ и 19 „против“ и воздржани го изгласа предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка. Со ова се отвора патот за почеток […]

ДУИ: Периметар дипломатијата доживеа дебакл во Давос


  Демократската унија за интеграција оценува дека поради погрешните потези Македонија е во длабока меѓународна изолација, каква што државата не памети во поновата историја. „Резултат на оваа промашена политика е дебаклот што премиерот и владината делегација го доживеаја на Светскиот економски форум во Давос – дипломатски пораз кој ја маргинализира и ја става во подредена […]

И со новите измени ВМРО-ДПМНЕ се бори за корупцијата, а не против неа


  Една од најтрагичните фигури на македонската политика, Гордана Јанкулоска, се појави денес во јавноста за да каже голема мисла – дека сите во поранешното СЈО биле „црпнати“ и дека ја утнале мисијата. Ако некој не се сеќава, се работи за поранешна министерка за внатрешни работи, за политичар образуван на еден од врвните универзитети во […]

Јанкуловска дели „правда“, кажува што треба да се суди и што не!


Дел од предметите кои се актуелизираат денес се застарени и никогаш не требаше да бидат предмет на кривично гонење доколку надлежните институции се придржуваа до законот, правдата и правото, наместо да постапуваат по политички диктати, вели поранешната министерка за внатрешни работи, Горана Јанкулоска, во јавна реакција, коментирајќи го предметот „Талир“ на некогашното Специјално јавно обвинителство. […]

ВМРО-ДПМНЕ ги уценува Шилегов и Деспотовски со кривични пријави, тврди СДСМ


  СДСМ тврди дека Петре Шилегов и Јован Деспотовски биле уценети од ВМРО-ДПМНЕ со кривични пријави и затоа тие работеле на ослабување на партијата. И дава свои толкувања на критиките на Деспотовски и Шилегов на работењето на парртијата: „Против Јован Деспотовски е поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција со сомневање за злоупотреба на […]

Филипче вели дека не поднесува оставка, целта му е општеството да заздрави


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска порача дека нема намера да се повлече од функцијата бидејќи, како што истакна, неговата главна цел е да продолжи да се бори за „заздравување на општеството, искоренување на корупцијата и враќање на државата на европскиот пат“. На прес-конференција Филипче нагласи дека тековните критики кон него и кон партијата доаѓаат […]