Германските социјалдемократи ќе бараат укинување на ветото во ЕУ, како она на Бугарија


Директорот на Фондацијата „Фридрих Еберт, Жак Папаро, изјави дека во Германија не го разбираат однесувањето на Бугарија и нејзината блокада на Македонија   Доколку победат на изборите в недела, а Олаф Шолц стане канцелар на Германија, социјалдемократите ќе побараат во ЕУ да се укине принципиот на едногласност во ЕУ при донесувањето одлуки. Со тоа би […]

Довжан : Сите во ЕУ се надеваат дека дијалогот Софија-Скопје ќе даде резултати


Државниот секретар за европски прашања на Словенија, Гашпар Довжан, кој денеска претседаваше со Советот за општи работи на ЕУ, рече дека на денешниот состанок на министрите на ЕУ се разговарало за кредибилитетот на ЕУ на Западен Балкан. Запрашан како ЕУ планира да го зајакне својот кредибилитет во регионот со оглед на билатералната блокада наметната од […]

Половина од партиите кандидирале само мажи на изборите


Огромен родов дисбаланс може да се забележи во кандидатите за градоначалници на претстојните локални избори кои ќе се одржат на 17-ти октомври, каде 92% од кандидатите се мажи и само 8% жени. Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), на изборите за локалната власт ќе се тркаат 299 кандидати за градоначалник во 81-та општина […]

Радев се потсмева со ЕУ, бара од Брисел да се почитувале човекови права во Македонија


Радев барал од Вархеи европските институции да се ангажирале на почитување на правата на „120.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија“   Бугарија очекува ефективни дејствија од институциите на Европската Унија за валоризирање на вредностите на демократијата и почитувањето на човековите права во Република Северна Македонија. Ова го изјави претседателот на Бугарија Румен Радев денеска […]

ДИК го утврди редоследот на кандидати на гласачкото ливче на локалните избори 2021


Државната изборна комисија денеска на седница со жрепка го утврди распоредот на кандидатите на гласачкото ливче за избори за градоначалници и членови на советите на општините и на Град Скопје. Со извршената ждрепка е утврден следниот редослед на листите на кандидати во гласачкото ливче за Локалните избори 2021 година: ИМЕ НА ПОДНОСИТЕЛ БРОЈ ВО ГЛАСАЧКО […]

Османи: Разговорите со Бугарија продолжуваат и без политичка влада во Софија


Разговорите со Бугарија за надминување на разликите и деблокада на нашата евроинтеграција продолжуваат и покрај тоа што се уште нема политичка влада во Софија, вели шефот на дипломатијата Бујар Османи. -Комуникацијата продолжува помеѓу министерствата за надворешни работи и во овој период се разговара. Моја и наша одлука како Влада е дека заради тоа што нема […]

Мицкоски повторно по поддршка кај Орбан


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот на партијата, Александар Николоски, денеска оствариле средба премиерот на Унгарија и претседател на сестринската партија ФИДЕШ, Виктор Орбан. На средбата се разговарало за актуелни теми и прашања. -Една од темите беше справувањето со ковид кризата која преставува заеднички предизвик на државите од Европа, при што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ […]

БСП сака да знае што ќе прави „Промената продолжува” во однос на Северна Македонија 


БСП е отворена за дијалог и барање решенија, но ќе почека да види што нуди новиот проект на двајцата поранешни привремени министри Кирил Петков и Асен Василев, изјави за БНТ лидерката на бугарските социјалисти, Корнелија Нинова. Според дописникот на МИА од Софија, БСП на предвремените парламентарни избори на 14 ноември ќе учествува во истиот формат […]

Пендаровски се сретна со Наталиа Канем, извршен директор на Фондот за население на Обединетите нации 


Претседателот на државата Стево Пендаровски, за време на посетата на САД по повод неговото учество на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк оствари средба со Наталиа Канем, извршен директор на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА). На средбата, соопштија денеска од кабинетот на Пендаровски, се разговарало за актуелната соработка меѓу нашата земја и […]

И Заев и Мицкоски најавуваат победа на локалните избори, но кој ќе го добие Скопје?


Со оглед на тоа што официјално, опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема кандидат за градоначалник на Скопје, на претстојните локални избори, туку ја поддржува независната кандидатка Данела Арсовска, нејасно е како лидерот на партијата Христијан Мицкоски мери дека токму тие ќе бидат победници. Имено, и на синоќешниот ТВ дуел на Канал 5, Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе […]

Вархеи во Софија на разговори за бугарското вето за Македонија


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархејi ќе престојува во посета на Бугарија, објави Европската комисија.  Детали за разговорите не се соопштуваат, но упатените велат дека темата ќе биде ветото на Бугарија за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија, пренесе БНР. Предвидени се средби со претседателот Румен Радев и министерот за надворешни работи […]

Пендаровски: ЕУ треба да ја држи вратата отворена


Иднината на Западниот Балкан е во Европската Унија. Европската Унија треба да ја држи вратата отворена, не само заради потребата од сериозни резултати во делот на европските критериуми за демократија, владеење на правото, борбата против корупцијата, туку и заради можноста од користење на евентуалниот вакум од страна на надворешни фактори, кои промовираат геополитички концепти, кои не се базирани на општите европски вредности. Ова […]

Собранието ќе ја одржи 51-та седница, ќе заседаваат и четири собраниски комисии


Собранието денеска треба да ја одржи 51-та седница на чиј дневен ред се повеќе предлог-законски решенија од различни области. Пратениците треба да ги разгледаат и да гласаат по Предлог-одлуката за испраќање припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, Дополнетиот предлог-закон за изменување […]

И Заев и Мицкоски убедени во победа на локалните избори


И премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјавија дека очекуваат да победат со своите коалиции на претстојните локални избори. – Ние ќе победиме и на градоначалничките места, во вкупен број, и во вкупен број на советничките места во државата, и во вкупен број на гласови, а ќе победиме и во градот […]

Заев до Мицкоски: Одлучете се, дали сте за пописот или против?


Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев е убеден дека пописот успешно ќе заврши, наспроти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој смета дека има проблеми.Ние пописот ќе го спроведеме и тоа е разликата меѓу сегашната и власта на ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев. Мицкоски му врати дека во 2011 година, кога пописот беше прекинат, на власт беше […]

Заев и Мицкоски повикаа на масовна вакцинација


Премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во ТВ дуелот на Канал 5 повикаа на масовна вакцинација на населението. – Сега има доволно вакцини и треба сите да поттикнеме масовна вакцинација секако кај граѓаните коишто сакаат тоа да го направат и секако колективното здравје да го заштитиме – тоа е одговорна […]

Отфрлени две листи за градоначалници и шест за советници


 Потврдени се 303 листи за градоначалници и 567 за советници, информираа за МИА од Државната изборна комисија (ДИК). Има отфрлени две листи за градоначалници, односно во Охрид и Струга по една и шест за советници во Врапчиште, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Струга и Тетово. ДИК најдоцна до 23 септември треба да изврши жребување за редослед […]

Димитров бара новинарите да откријат како Миленкоски бил пратен во Виена


Министерството за надворешни работи нема надлежност да издава безбедносни сертификати, ни капацитет да врши безбедносни проверки, ниту има луѓе што се бават со тоа, бидејќи тоа го прават безбедносните служби, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. – Во нашиот систем може МНР да има некаков дополнителен филтер за да спречи вакви работи, но […]

Грчките медиуми тврдат: Пендаровски ќе ја притиска Атина да ги стави меморандумите на гласање


Грчките медиуми ја коментираат посетата на претседателот Стево Пентаровски на Атина како почетокот на новата страница во односите на Грција со Северна Македонија, но во сенка на ратификацијата на меморандумите за соработка што се чека. Ова последното, според нив,  е „трн“ во окото и причина за недоразбирања меѓу Атина и Скопје, но грчката влада – […]

Грчките тајни служби спречиле атентат против Заев


Американците презеле дискретна заштита на премиерот Зоран Заев и испратиле пораки до странските амбасади и до ВМРО-ДПМНЕ  дека „знаат“ што се подготвува Грчките тајни служби и владата во таа земја спречиле обид за атентат врз лидерот на Северна Македонија, Зоран Заев, неколку месеци по потпишувањето на Договорот од Преспа во летото 2018 година, и пред  […]