Пендаровски по повод 23 Октомври: Да ги надминеме предизвиците на нашето време, да си ја сакаме и чуваме државата


Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, во која наведува дека датумот на основањето на македонската револуционерна организација е пресвртната точка од која започна долгиот и макотрпен пат за создавање на независна македонска држава. – Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна […]

Честитка на Џафери по повод државниот празник 23 Октомври


Секој нов ден, носи нов предизвик, нови битки кои значат живот, кои го прават животот тоа што е, постојана борба за подобро утре за нас, за нашите млади поколенија и за нашата држава, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери по повод државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. -Дозволете во мое лично […]

Ангел Димитров: Станува сѐ потешко


Копретседателот на бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, професорот Ангел Димитров, го коментираше 15-от состанок на Комисијата, кој вчера и денеска се одржа онлајн. Димитров на новинарите на брифингот во бугарското Министерство за надворешни работи им рече дека станува сѐ потешко да ги информира […]

СДСМ: Мицкоски призна дека оставката на Ѓорѓиев е негово дело


Дебакл на Мицкоски, не додржа и призна дека оставката на членот на комисијата е негово дело, оценија од СДСМ откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика и останатите членови на Историската комисија да си дадат оставки. -Христијан Мицкоски денеска, случајно или не, призна дека оставката на членот на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу […]

Бугарските и македонските историчари ништо не договорија


Македонските и бугарските историчари денеска и вчера дискутирааа за повеќе прашања во рамки на 15-тата редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, што поради пандемијата со коронавирусот се одржа во онлајн формат. Како што брифираат за МИА од македонската страна во Комисијата, на средбата не […]

Владата отфрла какво било мешање во работата на Историската комисија


Владата и која било нејзина институција, ниту сега, ниту било кога, не влијаеле на работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, соопштија оттаму по оставката на Ванчо Ѓорѓиев од членството во неа и обвинувањата што ги изнесе.   „Владата во ниту еден момент ниту се мешала, ниту имала било какво политичко влијание во […]

Историската комисија излезе со соопштение за оставката


Македонскиот дел на Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија излезе со реакција по повод соопштението на членот на Комисијата, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, за негова оставка. Еве го соопштението во целост: „Во врска со соопштението за медиумите на нашиот почитуван колега д-р Ванчо Ѓорѓиев за неговата оставка од […]

Османи: Нема прогрес во преговорите за историјата за да има притисок


 Министерството за надворешни работи никогаш не правело притисок по однос на содржината на разговорите и одлуките што ги носат членовите на Комисијата за историско-образовни прашања со Република Бугарија. Вчера се одржа првиот ден од средбата. Се надевам дека денеска ќе има прогрес, членовите на Комисијата имаат прво и да се повлечат или да останат, и […]

Османи: Одвојувањето на Македонија и Албанија не зависи од нас


Одвојувањето на Северна Македонија и Албанија не зависи од нас, тоа e одлука на ЕУ. Процесот формално се заснова на индивидуални заслуги. Меѓутоа, отсекогаш била проценката дека се добива синергија, една сила повеќе доколку двете земји продолжуваат заедно, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Османи, нагласи дека, никогаш не бил поборник на одвојувањето, […]

ОБСЕ очекува да ги спроведеме сите препораки од ОДИХР за изборите


Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, денеска изјави дека  е важно да се спроведат препораките што се даваат пред и по изборите и очекува Северна Македонија целосно да ги спроведе. Во однос на борбата против корупцијата, таа, одговарајќи на прашање на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи, рече дека е одлично што […]

Ванчо Ѓорѓиев од Историската комисија со Бугарија си поднесе оставка


Членот на Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, Ванчо Ѓорѓиев, денеска поднесе оставка. Во своето соопштение, како дел од причините за таквата одлука навел – директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР, двојното водство во македонскиот дел од Комисијата и отстапка од утврдените принципи за […]

Министрите за одбрана на НАТО ги усвоија целите на способности за Северна Македонија


Министрите за одбрана на 30-те земји – членки на Алијансата за време на дводневните состаноци на Северноатлантскиот совет ги усвоија целите на способности за Северна Македонија, за прв пат по членството на нашата земја во Алијансата, соопшти Министерството за одбрана. Целите на способности, посочуваат, го покажуваат правецот во кој ќе се развиваат силите и капацитетите […]

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид во Скопје


Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид на покана на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија. Како што соопшти МНР, средбата со генералната секретарка, Шмид e во насока на продолжување на консултациите за подготовка на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. На средбата се очекува […]

Алтернатива нема да се приклучи на владејачкото мнозинство


Алтернатива нема намера да се приклучи кон владејачкото мнозинство.За можните предизборни коалиции велат дека се уште не разговарале со раководството во партијата и коалиционите партии. Ова е одговор по вчерашната ТВ дебата во која министерот за земјоделство Аријанит Хоџа каже дека може и да се повлече од министерското место за да влезе Алтернатива во владината […]

Морачанин: Ана Петровска сакаше да го дискредитира ДОМ и не успеа


Ние јасно кажавме уште пред почетокот на изборите рековме дека ние не располагаме со гласовите на граѓаните. Гласовите се нивни. Не е наше да повикуваме да гласаат за кого било. Ова нема да ја разниша владината коалиција, вели Маја Морачанин, претседателка на партијата ДОМ, во „Утрински брифинг“. -Ние јасно кажавме дека остануваме дел од владината […]

Шекеринска – Санино: Евроинтеграцијата не смее да се одолговлекува, време е ЕУ да испорача


Северна Македонија испорача резултати. Тоа го потврди и Извештајот на Европската Комисија, која ги пофали нашите резултати во реформите, транспарентноста, борбата со корупција, институционалниот развој. Сите тие резултати макотрпно ги обезбедивме, со многу работа и посветеност, соопшти на денешната средба министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која во Брисел се сретна со генералниот секретар на Европската служба […]

Шекеринска во Брисел на прв состанок со физичко присуство на НАТО министрите за одбрана од почетокот на пандемијата


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска и утре во седиштето на Алијансата во Брисел ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, организирани со физичко присуство за прв пат по членството на Северна Македонија во Алијансата. Шекеринска и министрите за одбрана на сојузниците на сесиите на Северноатлантскиот совет ќе донесат одлуки кои ќе ја […]

Џафери на Конференција во Атина, ќе се сретне со претседателот на грчкиот Парламент


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери од денеска учествува на дводневната Конференција на претседатели на парламентите на земјите – членки на Советот на Европа што се одржува во Атина, а планирана е средба и со претседателот на парламентот на Грција Константинос Тасулас, јави дописничката на МИА од Атина. На конференцијата, што е […]

Беса нема да се противи ако Алтернатива на Гаши сака да влезе во Владата


Алтернатива има мал број на гласови во Тетово, но доколку сакаат можат да гласаат за Теута Арифи, рече генералниот секретар на БЕСА Аријанит Хоџа, кој воедно е министер за земјоделство. -Ако со тоа (Алтернатива) сака да влезе во Влада, ние од Беса, исто така, немаме ништо против – вели Хоџа на ТВ 21. Тој смета […]

Во Брисел отворена изложбата насловена „Патот на Северна Македонија до НАТО“


Во седиштето на Алијансата во Брисел, попладнево министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја отвори изложбата насловена „Патот на Северна Македонија до НАТО“. – Задоволство ми е да ја отворам оваа изложба која го претставува нашиот пат кон Алијансата. Моментот на зачленување во НАТО беше момент за паметење, момент на гордост. Успеавме зашто бевме посветени и […]