Во Собранието шест нови пратеници на местото на избраните градоначалници


Собранието денеска на пленарна седница треба да ги верификува  мандатите на новите пратеници откако неколкумина народни избраници станаа градоначалници на локалните избори што завршија во неделата. Локалните избори 2021 донесоа промени во собранискиот состав откако четворица пратеници победија во првиот круг од изборите. Тоа се Костадин Костадинов од СДСМ, кој сега е градоначалник на Струмица. […]

Хоџа се заканува: Желино може да растури влада


     Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, испрати политичка порака преку совојот Фејсбук профил.  „Желино, во кое се роди една партија (како движењето БЕСА), може да биде и Желино кое растура една Влада“ – напиша Хоџа. ДУИ реагираше до ДИК со два приговори и за избирачки места во Желино каде разликата е […]

Гордан Георгиев негира дека има лидерски амбиции во СДСМ


По најавата на Зоран Заев дека ќе се повлече од лидерската позиција во СДСМ, името на поранешниот партиски потпретседател Гордан Георгиев се споменуваше како еден од можните кандидати за нов партиски претседател, кој, според последните измени на партискиот статут, треба да се бира на непосредни внатрепартиски избори. Георгиев се огласи по повод на ваквите, како […]

Вучиќ, Рама, Димитров: Доцнењето на ЕУ перспективата го чинеше регионот премногу


Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, премиерот на Република Албанија Еди Рама и вицепремиерот на Северна Македонија задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска потпишаа заедничка изјава „Иднината на проширувањето – поглед од регионот“ во рамките на Иницијативата за соработка на Отворен Балкан. Текстот на заедничката изјава го пренесуваме во целост: -Европската унија и нејзините […]

Димитров: Бугарското вето за Северна Македонија е и вето на европската политика на Балканот


Иницијативата Отворен Балкан е комплементарна со европската интеграција. Отворен Балкан значи дека границите ќе бидат помалку значајни и дека ќе се искористи потенцијалот за зголемување на економскиот раст, кој со поголемата стабилност се аргументи во прилог на евроинтеграциите, изјави вицепремиерот Никола Димитров на новинарско прашањ на прес-конференцијата по состанокот на иницијативата Отворен Балкан, јави дописникот […]

Општинскиот циркус со „Северна“ ќе ја однесе Македонија во изолација  


Во дипломатски кругови не ни сакаат да ја коментираат најавата на Мицкоски за Преспанскиот договор, бидејќи сметаат дека е несериозна и небулозна. Но штетите веќе почнаа да се бројат   Слободанка Јовановска Деновиве кога и општинските советници, кои треба да расправаат за зелените агенди со кои ги добија изборите, го почнаа мандатот со бистрење висока […]

Луѓето се најважни во „Отворен Балкан“


Вучиќ, Рама и Димитров договориле формирање на Совет за имплементација затоа што за некои од работите за кои одамна имаше согласност не се применуваат на терен, на границите   Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека на средбата со највисоките функционери на Албанија и Македонија е договорено формирање Совет за имплементација, чија задача ќе биде […]

Димитров во Белград на лидерскиот состанок со претставници на компаниите во рамки на „Отворен Балкан“


Како претставник на Владата на Северна Македонија, вицепремерот за европски прашања Никола Димитров утрово во Белград заедно со премиерот на Албанија Еди Рама, беа пречекани од претседателот на Србија Александар Вучиќ кој е домаќин на работниот состанок во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. Агендата за работниот состанок во Белград, како што соопшти СЕП, започна со средба со претставници […]

 Стевчо Јакимовски се извини за вулгарностите на прославата


Јас не ја пеев песната „Постела од рози“ од Куку леле со безобразните зборови, тоа беше приватна забава. Текстот го осудувам, но ги разбирам луѓето кои пееја така затоа што многу страдаа од поранешната општинска власт, порача преку социјалните мрежи Стевчо Јакимовски, новиот градоначаник на општина Карпош. Тој во детали објаснува како се случило познатата македонска […]

Шекеринска: Членството во НАТО не значи дека губиме интерес за соседите


 „Пандемијата климатските промени кои резултираа со природни катастрофи како пожарите и поплавите ја одбележаа последната година. Лажните вести и дезинформации кои го оптоварија целиот регион, мигрантската рута која минува низ нашиот регион, хибридните и сајбер заканите – ниту едно од овие прашања нема да се реши само од себе“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска […]

Ахмети не верува дека е загрозен договорот за „100 дена Албанец премиер“


По оценките дека со оставката на премиерот Зоран заев може да отпадне договорот на ДУИ за  „100 дена Албанец премиер пред парламентарните избори“, лидерот на партијата Али Ахмети во изјава за „Слободен печат“ вели дека овие тврдења се дневна политика и дека договорите не се прават за нивно укинување по моментални желби. – Ова не […]

Скопје домаќин на министерскиот состанок на регионалната иницијатива СЕДМ


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со колеги министри и високи претставници на министерствата за одбрана на земјите – членки на иницијативата SEDM (Southeast Defense Ministerial) денеска на состанок во Скопје ќе разговараат за клучните безбедносни предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот на Југоисточна Европа.  Министрите за одбрана и високите претставници на земјите – членки на крајот […]

Парламентарното мнозинство нема да гласа за предвремени избори, опозицијата бара нивно одржување


Парламентарното мнозинство нема да гласа за предвремени избори, објави вчера СДСМ, оценувајќи дека се потврдило оти најавите за ново парламентарно мнозинство од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се несотварливи и паднале во вода. Мицкоски, пак, вчера на прес-конференција побара брзи предвремени парламентарни избори кои, според него, ќе овозможат формирање стабилна влада, способна да се соочи […]

Бучковски: По заминувањето на Заев, групацијата на Црвенковски има амбиции да ја преземе СДСМ


Поранешниот премиер Владо Бучковски синоќа оцени дека по заминувањето на Зоран Заев, кој даде оставка на функциите премиер и лидер на СДСМ, неколку групации покажуваат амбиции да ја преземат партијата, а меѓу нив е и Бранко Црвенковски. – Има неколку групации кои беа незадоволни од начинот на кој СДСМ ја водеше политиката. Едната групација е […]

Морачанин: Оставката на Заев е затворена тема


Имавме конструктивна средба со премиерот Зоран Заев и тој е дециден за оставката и таа тема е затворена, вели претседателката на ДОМ, Маја Морачанин во емисијата „24 анализа“. Според неа, само прашање на време кога ќе започне формалната процедура со предавање до Собранието и потоа претседателот да го даде мандатот. -Премиерот беше одлучен во својата […]

Азески : Имаме толку кризи, само комета не не удрила по глава


Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во емисијата Топ тема на Телма порача дека бизнис заедницата е уморна од избори и од политички  калкулации. -Ние се залагавме за кампања за локалните избори од десет дена, а таа траеше шест месеци, рече Азески. Според него, по толку кризи, само комета не не удрила по […]

„Јутарњи лист“: ЕУ изневери многу земји, но Македонија речиси ја уништи


ЕУ веќе два дена не реагира на новонастанатата ситуација во Северна Македонија.  Оставката на премиерот ја менува целокупната политичка ситуација не само во Македонија, туку и пошироко   Европската унија изневери многу земји, но речиси уништи една. Неспорно е дека за евентуални нови тензии во Северна Македонија и за политичката нестабилност одговорна е – и […]

Димитров од Белград: Ние сме за европски Балкан


Регионалната соработка има исклучителна важност за остварување на заедничките стратешки определби на кои Владата е посветена без оглед на политичката ситуација, а потврда за тоа е и моето учество на овој состанок. Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кој во име на Владата на Северна Македонија, попладнево пристигна во Белград на работниот […]

ВМРО-ДПМНЕ продолжи и во Кисела Вода со циркусот „Северна“


Наместо фокус на теми кои се во интерес на граѓаните на локално ниво, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да го крши Уставот, порачаа со соопштение од СДСМ околу потпишувањето на свечените изјави на советниците на документи со старото име  Република Македонија.    -По Штип и Аеродром, денеска истото се случува и во Кисела Вода. Со непочитување на уставното […]

Заев почна со поединечни средби со партнерите од владата


Премиерот во оставка денеска треба да се сретне со Билал Касами од Беса, како и со Африм Гаши од Алтернатива заради окрупнување на парламентарното мнозинство   По заедничката средба со владините партнери во понеделникот премиерот Зоран Заев од денеска почнува и поединечни средби со коалициските лидери. Како што објави „Слободен печат“, повикувајќи се на владини […]