Груби: Пратениците кои сакаат да ја видат земјата во ЕУ треба да дојдат во парламентарното мнозинство


Ситуацијата е стабилна, Македонија е безбедна, патот на Македонија во Европската Унија е загарантиран и убеден сум дека пратениците кои увидоа дека беа ставени во заблуда ќе дојдат во парламентарното мнозинство. Владата е стабилна, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби пред отворањето на третото издание на […]

Трајанов: Бугарите ќе влезат во Уставот ако Македонците влезат во бугарскиот


Македонија ќе прифати измени на сопствениот Устав, само доколку се додаде македонското малцинство во бугарскиот Устав, вели Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, за софиски „Дневник“, во текстот под наслов „Новиот пристап на Софија кон Скопје е патека во ‘вистинска насока‘, но со опасни свиоци“. На прашањето – како ќе гласа во Парламентот доколку се […]

Османи од утре во работна посета на Брисел


Министерот за надворешни работи Бујар Османи од утре ќе престојува дводневна работна посета на Брисел, во чии рамки на покана на претседавачот со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, неговиот грчки колега Никос Дендијас, ќе учествува на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ПСЈИЕ. Како што соопшти МНР, на маргините на […]

Беса се жали на притисоци од ДУИ пред дипломатите


На состанок на централно претседателство на Движење Беса во Тетово е утврден партискиот став дека на последните локални избори се исполнети зацртаните објективи како што е победата во Општина Тетово и Општина Желино. За нив достигнување се и 26.000 освоени гласови кои ја потврдиле политичката тежина на мандатите на пратениците освоени на изборите во 2020 […]

Пендаровски: Состојбата во Собранието е пата-пата


Да почекаме од понеделник да видиме како ќе се развива ситуацијата по овој неуспешен обид за изгласување недоверба на Владата. Јасно е дека состојбата сега е пата-пата. Да видиме дали од понеделник ќе се формира ново, ќе се обнови постојното или ќе се зголеми ова што е досега мнозинство од 61 пратеник, изјави вечерва претседателот […]

Скопје и Софија фокусот од историјата треба да го префрлат на сегашноста и на иднината


Бараме нов пристап за решавање на проблемот меѓу Скопје и Софија, изјави за МИА копретседавач на бугарската коалиција Промената продолжува и поранешен министер за економија на Бугарија, Кирил Петков. – На Балканот живеат 65 милиони луѓе и кога би можеле да имате единствен пазар, слободна трговија, инфраструктурни врски и да летаме од Скопје до Софија за […]

Повторно активен официјалниот Твитер профил на министерот за надворешни работи Бујар Османи


Твитер профилот на министерот за надворешни работи Бујар Османи од утрово повторно е активен откако вчера тој на „Фејсбук“ објави дека профилот бил предмет на хакерски напад. -Од утрово е вратен профилот, освен неколку избришани твитови на прв поглед не е забележана никаква посериозна злоупотреба, соопштија од МНР. Османи вчера напиша дека случајот го пријавил […]

Хакиран профилот на „Твитер“ на Османи


Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил објави дека неговиот официјален Твитер профил бил цел на хакерски напад. „Сакам да ве информирам дека мојот официјален и верификуван твитер-профил, како министер за надворешни работи, @Bujar_O (Бујар Османи), денес беше предмет на хакерски напад и преземен од страна на непознати лица. Be известувам дека […]

На безгрижните денови на Груевски можеби им се ближи крајот


Животот на поранешниот авторитарен премиер во Северна Македонија, Никола Груевски последниве три години изгледаше вака: бегалец од правдата во својата татковина и барател на политички азил во Унгарија, заштитен од унгарскиот премиер Виктор Орбан. Меѓутоа, со неодамнешниот избор на Петер Марки-Зај, конзервативен градоначалник на Вашархељ, за лидер на здружената опозиција во Унгарија, кој се смета […]

Гаши: Не е добро сега да се оди на брзи избори


Сега не е добро да се оди на брзи избори, смета лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. Тој во гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат вечерва рече дека партијата е на ваков став со оглед на состојбата во која се наоѓаме, но и со тоа што во последните неколку години постојано сме во избори. […]

Бучковски: Изборите во Бугарија се исклучително важни за Северна Македонија и преговорите со ЕУ


Бугарските парламентарни и претседателски избори в недела се исклучително важни за нашите амбиции, но и за амбициите на САД и Европската Унија за Софија да ја отстрани блокадата за започнувањето на преговорите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ, изјави специјалниот претставник за Бугарија Владо Бучковски за бугарската агенција БГНЕС. Бучковски потенцира дека за нас се важни роковите за составување на владата […]

Билал Касами го исклучи Кастриот Реџепи од партијата


Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, преку статус на Фејсбук објави дека го исклучил од партијата и од сите партиски функции пратеникот Кастриот Реџепи. Одлуката ја оправда со вчерашнoто исчезнување на Реџепи и недоаѓање во Собранието каде што опозицијата требаше да ја руши власта, што беше договорено во партијата. Според Касами, пратеникот Кастриот Реџепи со […]

Алтернатива ќе одлучува дали е за избори или за зголемување на мнозинството


Пратеникот Скедер Реџепи од Алтернатива изјави дека од денеска претстојат два големи предизвика – едниот е сите политички чинители да седнат и консензуално да го донесат буџетот за следната година, па да одат на брзи парламентарни избори, а вториот да се прошири мнозинството. Реџепи најави дека партиските тела на Алтернатива деновиве ќе одлучат кои од […]

СДСМ му рече „не“ на ВМРО-ДПМНЕ за брзи избори


СДСМ го одби барањето на ВМРО-ДПМНЕ за организирање брзи парламентарни избори, откако вчера не успеаја да изгласаат недоверба на владата.   -Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните за да им се извини и да даде оставка. Криење зад брзи избори навистина нема смисла пред граѓаните по толку кажани лаги. Сега не е време за […]

Хоџа се повлече од функцијата министер


Аријанит Хоџа, министерот за земјоделство, од редовите на Беса, објави дека се повлекува од функцијата. На прес-конференцијата што се одржа пред Владата, Хоџа кажа дека оставката е поради нарушување на демократските вредности во државата, додавајќи дека од функција се повлекуваат и двајцата заменици-министри. „Kако што ветив минатата недела дека поради нарушување на демократијата на локалните […]

Борисов: ЕУ ќе ја понижи Бугарија за зелено светло за Северна Македонија, поради лошите политики на Радев


ЕУ ќе ја понижи Бугарија со цел Северна Македонија да добие зелено светло за почеток на преговорите и сето тоа е поради неуспешната надворешна политика на Румен Радев, изјави за Нова ТВ поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов. Како што јави дописникот на МИА од […]

Маричиќ: Лекциите од минатото се научени, а македонската иднина е европска


Нов ден, нова надеж, научени лекции и иста цел. Вчерашниот неуспех на ретроградните сили да ја урнат Владата е само дополнителна обврска за нас, да продолжиме во битката за нашата европска иднина, напиша денеска министерот за правда Бојан Маричиќ, на неговиот фејсбук статус. Од денеска, вели тој, целата енергија ќе ја насочиме кон решавање на […]

Грчките медиуми: Заев се спаси во последната минута


„Северна Македонија: Владата на Заев ја преживеа иницијативата за недоверба поради немање кворум во Собранието“, „Пораз за опозицијата во Северна Македонија, која не обезбеди 61 пратеник за да го „турне“ Заев“, „Северна Македонија: Како Заев го надмина предлогот за недоверба“, „С. Македонија: Трилер седница за гласањето недоверба на Заев“, „Северна Македонија – Заев се спаси […]

Ахмети се јави, надвладеала совеста


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по вчерашните случувања во Собранието, каде што пропадна гласањето недоверба на Владата, преку својот фејсбук профил порача дека преовладала свеста за прозападните вредности и за заедничките достигнувања: „Пријателството со САД и ЕУ, но и со земјите од регионот е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности. […]

Кастриот Реџепи ќе одржи прес конференција идниот понеделник


Пратеникот од Движењето БЕСА, Кастриот Реџепи најави дека во понеделник на прес-конференција ќе се појави пред новинарите. Тој ја повика неговата партија да не презема чекори кои ќе ги оштетат партиските структури и активности. -Следниве денови ќе имаме можност подиректно да ве информирам за сѐ. Во однос на медиумите и интересот, ги разбирам и ги […]