Макрон: Историјата се повторува на Западен Балкан


Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика ЕУ повторно да се залага и да инвестира во Западен Балкан во услови на нови тензии во областа и вклучување на регионалните сили кои сакаат да ја дестабилизираат Европа. „Денес има нови тензии во областа. Историјата таму се повторува, а понекогаш е и трагично“, рече Макрон, најавувајќи европска конференција […]

Митко Јанчев го поддржа Мицкоски за реизбор


Иако минатата година бараше оставка од Мицкоски поради поразот на парламентарните избори и  најавуваше дека планира да го преземе челното место во партијата, Митко Јанчев денес најави дека в недела, на конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, ќе му даде поддршка на Христијан Мицкоски. Според неговата изјава Мицковски постигнал добри резултати на локалните избори и затоа ќе го […]

Пендаровски: Корупцијата е неправедна, цената ја плаќаат најранливите


Корупцијата е суштински неправедна, бидејќи, воведувајќи двојни стандарди, ја поништува еднаквоста на сите пред законот. Таа го подрива општеството, економијата и државата, а цената за тоа ја плаќаат сите граѓани, особено најранливите категории. Северна Македонија напредува во борбата против корупцијата, но потребно е дополнително да се работи и сите вербални заложби да се реализираат во […]

Македонија може и понатаму да се потпре на германската поддршка


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска во Берлин оствари средба со Михаел Рот, актуелен пратеник во Бундестагот од редовите на СДП како дел од владејачкото мнозинство и довчерашен германски министер за Европа. – Во текот на нашата соработка, успеав одблизу да се запознаам со вредностите што ги застапуваше во текот на извршувањето на функцијата, како и со принципиелните […]

Димитров: За да стане глобална сила ЕУ прво треба да стане локална


 Ако Европската Унија се стреми да биде глобална сила, тогаш прво треба да стане „локална“, односно да го оствари своето влијание во Западниот Балкан, регион што во секоја смисла е интегрален дел, не само географски, истакна вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во своето обраќање на годишниот состанок на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), […]

Бугарското МНР не е информирано за француската иницијатива


Бугарското Министерство за надворешни работи вели дека не се информирани за француската иницијатива, што првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ја спомена денеска, информира бугарската агенција БГНЕС. -Во дипломатските кругови нема таков предлог, соопшти Брисел, пишува БГНЕС. Претходно, Груби изјави дека постои француска иницијатива за решавање на спорот […]

Пендаровски на Самитот за демократија: Нашата демократија се изроди по половина век авторитарно владеење


Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на пленарната сесија на Самитот за демократија, што се одржува виртуелно во организација на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден. -Оваа година, Северна Македонија одбележува три децении од Денот на независноста, од времето кога ја прифативме демократијата и ги заштитивме со нашиот Устав – слободата, основните човекови права […]

ВМРО-ДПМНЕ најавува нова доктрина и кадровски промени по конгресот на 12 декември


 ВМРО-ДПМНЕ најавува нова доктрина и кадровски промени по Конгресот на којшто ќе се избира нов лидер на партијата в недела. Од партијата исто така брифираа дека лидерот Христијан Мицкоски на самиот Конгрес в недела ќе најави сериозни кадровски освежувања што ќе се случат по Конгресот, во согласност со новите политики на ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на […]

Груби: Постои оптимизам за добивање позитивен сигнал на декемврискиот Самит на ЕУ


Апсолутно постои оптимизам за преговори и за добивање позитивен сигнал на декемврискиот самит на ЕУ за отпочнување на преговори за нас и за Албанија во првите месеци од следната година, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. – Ние работиме, одговорите на нивните барања се веќе испратени […]

Констатирани оставките на министерот за земјоделство и замениците министри за образование и за култура


Собранието денеска на почетокот на 54. седница ги констатираше оставките на министерот за земјоделство и на заменик-министрите за образование и за култура. Констатирани се оставките на министерот Арјанит Хоџа, заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани и заменик-министерот за култура Седат Сулејмани. На дневен ред на денешната пленарна седница се повеќе точки, меѓу кои и […]

Битолските социјалдемократи бараат министер во новата влада


Единствениот министер, битолчанец, во Владата на Заев е Горан Милевски, министерот за локална самоуправа од редовите на ЛДП. Битола за жал има и само еден пратеник во Парламентот од СДСМ, Бисера Стојчевска   Анета Блажевска БИТОЛА – Заминувањето на Зоран Заев и промените на челната позиција во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги разбранува страстите, па […]

Се откажа контроверзната посета на косовскиот заменик-министер за правда


 Посетата на косовскиот заменик министер за правда на Блерим Салаху на Скопје е одложена, потврдија  од Министерството за правда во Скопје.Салаху требаше да го посети затворот „Идризово“ и да оствари средба со раководството на установата. Вчера заменик-министерот за правда Агим Нухиу потврди  дека денеска ќе има средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, но демантираше […]

Нов обид на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања „да излезат од 10-11 век“


Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања денеска и утре ќе го одржи 16. по ред состанок во онлајн формат поради пандемијата со корона вирусот. На претходната средба која се одржа во изборен период во двете земји – кај нас меѓу двата круга од локалните избори, а во Бугарија за време на кампањата за […]

Ременски: Борбата на суети во СДСМ мора да заврши


Операционализирани чекори за враќање на социјалдемократијата кон изворните корени – работничките и синдикалните движења и организации, правата на работниците, социјалната еднаквост преку враќање на законското решение за прогресивен данок, особено во време на економска, енергетска, ковид и социјална криза, кршење на „железниот закон на олигархијата“, децентрализација на партиската организација и деконцентрација на моќта и одлучувањето, […]

Димитров во посета на Германија, ќе се сретне со министерката за Европа, Ана Лирман


Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска и утре ќе престојува во посета на Сојузна Република Германија каде ќе се сретне со високи претставници на новоформираната германска Влада.   Меѓу другото, предвидена е средба со новата државна министерка за Европа – Ана Лирман, која на првиот ден од преземањето на функцијата од […]

Мицкоски едно, Николоски друго за блокадата на Бугарија


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, изјави дека Бугарија не е проблем за Македонија на патот кон ЕУ, а Мицкоски вели Македонија е жртва во спорот со Софија, но дека за една недела ќе ги почнела преговорите со ЕУ   Нејасно е кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за блокадата на Бугарија на патот на Македонија кон […]

Софија бара Албанија да биде одделена од Македонија за ЕУ


Ништо ново од Бугарија. Софија бара Албанија да биде одвоена од Македонија во патот на двете земји кон ЕУ. Службената влада ја усвоила позицијата на Бугарија за состанокот на Советот за општи работи на 14 декември, два дена пред самитот на европските лидери, според која нема промена на ставот – повторно ќе стави блокада за […]

Врвен дипломат ќе биде главен советник на Олаф Шолц за Западен Балкан


Заедно со изборот на Олаф Шолц за германски канцелар и трипартитната владина коалиција денеска беа именувани и двајцата клучни советници на Шолц кои треба да учествуваат во обликувањето на идната политика. Она што што е важно за Македонија и за целиот регион на Западен Балкан е што на едно од двете клучни места во кабинетот […]

Нухиу: Косовскиот заменик министер нема да се сретне со осудените


Заменик-министерот за правда Агим Нухиу потврди дека утре ќе има средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, но дека не е предвидена средба со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“.   Во изјава за МИА, Нухиу попладнево рече дека ќе се сретне со Салаху и оти е предвидена средба со раководството на затворот „Идризово, […]

Чернева: Дaвањето ЕУ пари на Бугарија да не се врзува со односите со Северна Македонија


Планот за закрепнување и развој како инструмент не може да се поврзува со ниту едно билатерално прашање меѓу поединечни земји, изјави за БНР Весела Чернева, шефица на канцеларијата на невладиниот Европски совет за надворешни односи. Сепак, политички, според Чернева, тоа веројатно може да се поврзе. Таа додаде дека факт е дека Бугарија во моментов е […]