Заев и Ковачевски ја договараат владата со коалиционите партнери


  Новоизбраниот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со премиерот Зоран Заев, денес ќе одржат низа поединечни средби со претставници на коалициските партнери, кои се дел и од парламентарното мнозинство, дознава Фокус. Според високи партиски извори, средбите се со цел новиот партиски лидер и иден премиер Ковачевски да се консултира со партнерите во пресрет на […]

Лоазо: Северна Македонија вложи напори и треба брзо да ги почне преговорите


Не може да се откажеме од земји кои вложиле напори и да им кажеме „имавте проблем со Грција, а сега и со Бугарија“. На Скопје треба да му се даде сигнал и да ги почне преговорите со ЕУ, смета поранешната француска министерка за европски прашања Натали Лоазо. Лоазо, која е од партијата на францускиот претседател […]

Усовршувањето на Ковачевски на Харвард само за ВМРО-ДПМНЕ е факултетска диплома


Димитар Ковачевски ја фризирал својата биографија, тврди ВМРО-ДПМНЕ, во обид да го урне „харвардскиот имиџ“ на новиот лидер на СДСМ, иако на сите што се малку писмени им е јасно дека во неговата професионална биографија пишува дека бил на стручно усовршување од една година, а не дека студирал, магистрирал или слично на Харвард.      […]

Заев му го честиташе на Петков изборот за премиер на Бугарија


Премиерот Зоран Заев во телефонски разговор му го чести таше изборот на Кирил Петков за претседател на Владата на Бугарија, при што двајцата се согласиле да продолжат да работат на изнаоѓање прифатливо решение за деблокирање на постапката за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија. – На колегата Кирил Петков му го честитав изборот […]

Слаби шансите за одлука за преговори со ЕУ денеска, земјите членки во клинч


Министрите за европски прашања се состануваат денеска во рамки на декемврискиот Совет за општи работи на ЕУ на кој Северна Македонија се надева да го добие ветеното отпочнување на преговорите, но шансите се многу слаби, јавува дописничката на МИА од Брисел. Повеќе од година и половина откако лидерите на ЕУ дадоа зелено светло за изготвување […]

Скопје очекува храбар политички чекор од Софија


Во пресрет на почетокот на Советот за општи работи денеска во Брисел Скопје со порака дека блокадата на европските интеграции за Северна Македонија и Албанија е неправилна, неоправдана и создава недоверба во целиот регион. Се очекуваат храбри политички чекори од сите членки на Унијата, пред сѐ од Република Бугарија, но и од останатите партнери во […]

Генчовска: Во оваа фаза нема да има промена на позицијата на Бугарија кон Северна Македонија


За време на примопредавањето на должноста од техничкиот министер за надворешни работи Светлан Стоев, новата министерка за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска рече дека во оваа фаза нема да има промена на ставот на Бугарија и дека ќе се придржува до Договорот од 2017 година и декларацијата за Националното собрание, јави дописникот на МИА од […]

Што пишува во имотниот лист на новиот лидер на СДСМ?


Три стана, два автомобила, девизни и денарски депозити, акции и удели… Таква е накратко имотната состојба на новиот лидер на СДСМ, и веројатно иден мандатар и премиер,на Македонија, Димитар Ковачевски, објави Фактор. Сето ова може да се види од неговиот анкетен лист, кој тој го пополнил, а е објавен на веб страницата на Антикорупциската комисија.Овој анкетен […]

Што содржат нацрт заклучоците на ЕУ за Северна Македонија?


МИА дојде до нацрт заклучоците на Советот за општи работи кои во наредните часови би можеле да претрпат промени, пред министерскиот состанок утре на кој Северна Македонија очекува зелено светло за отворање на првата Меѓувладина конференција со ЕУ. Во воведниот дел стои временската одредница за отворање на првата меѓувладина конференција оваа година. – Советот со […]

Две третини од граѓаните во Македонија не им веруваат на политичарите


Политичката советодавна група Балканот во Европа (БИЕПАГ) од Грац објави големо истражување за регионот од кое се гледа дека огромен процент од граѓаните во Македонија не им веруваат на политичарите (68 отсто), а голем процент ни на институциите и, што е најинтересно – на војниците им веруваат повеќе отколку на медицинските работници (11 отсто). Она […]

Нема одвојување на Македонија и Албанија, велат во Брисел


Доколку Софија остане на блокадата на нацрт-заклучоците за Западен Балкан Словенија ќе објави список на земјите кој е за, а кој блокира   БРИСЕЛ – Во ЕУ сѐ уште нема согласност за заклучоци за проширувањето пред утрешниот министерски состанок, спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија е една од главните пречки, но не е единствена. Доколку […]

„Новата епоха“ на Мицкоски почна со старите навреди кон ривалите


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по изборот на конгресот рече дека негова лична филозофија бил „нов општествен консезус на рамноправни чинители“. Неколку часа подоцна, неговата партија го нападна Димитар Ковачевски дека бил пион на Заев   Љупчо Поповски Има ли надеж дека ќе се променат односите во македонската политика по неделниот избор на лидерите во двете најголеми […]

Османи – Трас: Западен Балкан останува приоритет за Обединетото Кралство


Министeрот за надворешни работи, Бујар Османи, за време на престојот во Лондон се сретна со државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Лиз Трас. Двајцата министри разговараа за развојот на билатералните односи меѓу двете земји, но голем дел од разговорот беше посветен и на регионалните […]

Спасовски: Идниот мандатар ќе одлучи кои ќе бидат на министерски позиции


Спасовски денеска изјави дека идниот мандатар ќе одлучи дали тој ќе остане на функцијата. – Ова не е прашање за мене. Тоа е прашање за мандатарот кој ќе одлучува за тоа кои ќе му бидат министри. Јас сум посветен да одработам тоа што треба да го одработам, а мандатарот во моментот кога ќе биде мандатар, ќе […]

Трајанов: Големите партии го користат потенцијалот на малите, а по изборите ги маргинализираат


Големите партии прават концепт да го искористат потенцијалот на малите партии, а по изборите ги маргинализираат, вели пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз за „Утрински брифинг“. Тој смета дека големите партии треба да ги надминат меѓупартиските дискредитации оти тоа се одразува врз државата со поларизираност на населението. Трајанов нагласува дека проблем е што четирите големи […]

Ковачевски и Мицкоски избрани во ист ден. Дали ќе си честитаат меѓусебно?


Ова е единствен случај во македонската политичка историја двете најголеми партии да изберат свои лидери во ист ден. Но сцената за нивниот избор беше сосема поинаква – Христијан Мицкоски беше избран речиси едногласно да ја предводи ВМРО-ДПМНЕ наредните четири години на конгрес на кој сите однапред го знаеја резултатот. Тој беше единствен кандидат. Владејачката СДСМ […]

Ковачевски е нов лидер на СДСМ, Ременски незадоволна од излезноста


Димитар Ковачевски е новиот лидер на СДСМ.На денешните внатрепартиски избори гласале вкупно 78,5 отсто од активните членови на партијата. Toj освои убедливо мнозинство , односно oд вкупно 44.406 членови што излегле на гласање, за Ковачевски заокружиле 37.649. За разлика од него, Фросина Ременски, која е поранешна потпретседателка на партијата, освои 2.836, а за Јован Деспотовски, актуелниот […]

Заврши гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ


Гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ заврши во 19:00 часот. На еден час пред затворањето на гласачките места, до 18:00 часот, на вонредните избори за претседател на СДСМ гласале 40.220 членови, односно 78,5 отсто од активно регистрираните. Од СДСМ соопштија дека гласањето течело мирно, демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини.   […]

Христијан Мицкоски речиси едногласно доби уште еден мандат


  Единствениот кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, попладнево беше акламативно избран за уште еден мандат на чело на партијата. На конгресот присуствуваа 493 делегати, гласале 492 од кои 489 за Мицкоски. Имало и три неважечки ливчиња. На конгресот под мотото „Нова генерација за нова иднина“, ВМРО-ДПМНЕ најави нова доктрина и кадровски освежувања. По […]

Со доктрина, а не со програма, ВМРО-ДПМНЕ ќе се враќа на власт (галерија)


Со новата понуда ВМРО-ДПМНЕ, како што вели Александар Николоски, претставува и левичарски и десничарски и центристички постулати   Во очигледно многу оптимистичка атмосфера (па дури и во некој сегмент еуфорична) ВМРО-ДПМНЕ денеска го одржува конгресот на кој треба да биде реизбран досегашниот лидер Христијан Мицкоски, да му даде поддршка на сегашното раководство и да ги […]