Мицкоски не го дава Лимани, помил му е од Касами


Премиерот Христијан Мицкоски го потсети владиниот партнер од Вреди, Билал Касами, дека само тој како премиер е надлежен за кадровските решенија во Владата. Потсетувањето од премиерот следи откако  Касами изјави дека се подготвува можна смена на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, бидејќи не е задоволен од неговата работа во извршната власт. […]

Лејла Кадриу клевети и лаже: Обвинителката Јосифовска бара извинување од неа и најавува тужба


  Вчера реагираше обвинителот Гаврил Бубевски, а денеска обвинителката Елизабета Јосифовска на тврдењата на поранешната обвинителка Лејла Кадриу. Сите тројца беа дел од Специјалното јавно обвинителство, со тоа што Кадриу беше член на групата обвинители само два месеци и потоа беше отстранета од Катица Јанева. И Јосифовска, како и Бубевски, ги отфрли наводите на Кадриу […]

Според Филков во ДУИ има политичари од минатиот век


Министерот за правда Игор Филков ги отфрли денес обвинувањата од ДУИ дека го спречува  полагањето на правосудниот испит на албански јазик, поради што најавија и покренување кривична одговорност. Таквите изјави тој ги нарече национал-романтичарски теми битни за политичари од минатиот век. „Сметам дека национал-романтичарските теми се битни за оние политичари од минатиот век. Ние работиме […]

Филипче нема да дозволи ВМРО да го дели СДСМ


  Консолидацијата е клучна за јакнење на СДСМ. Тоа им го порача претседателот на партијата, Венко Филипче, на синоќешната средба во Штип на општинските организации од изборната единица 3. Тој нагласи дека нема да дозволи внатрепартиски поделби платени од ВМРО-ДПМНЕ. „Има некои луѓе коишто се амбицираат како некоја групација, меѓутоа не сакаат да дојдат и […]

Конститутивна седница на Националното собрание на млади


Во Собранието денеска ќе се одржи Конститутивна седница на Националното собрание на млади, согласно член 11 од Законот за младинско учество и младински политики. Како што информираат од обраниката прес-служба, по отворањето на седница и усвојување на дневниот ред ќе следи дискусија и усвојување на деловник за начин на работа и одлучување на Националното собрание […]

Пивоваров: Снимката на Трендафилов укажува на работа на „службите“


  Снимката со Слободан Трендафилов, претседателот на ССМ, како ги зема своите деца од училиште е професионална. Тоа укажува дека тоа е работа безбедносните служби, вели поранешниот шеф на военото разузнавање и професор по безбедност Владимир Пивоваров, во разговор за Рацин.мк. Видеото на социјалните мрежи го објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска. Според Пивоваров, снимката […]

СДСМ прашува: Каде е доктор Жан?


СДСМ прашува каде исчезна доктор Жан Митрев, откако со денови се ширеа спектакуларни тврдења дека екс и сегашниот лидер на СДСМ, Зоран заев и Венко Филипче, сакале да му ја земат болницата со притисоци.   -По измислените црни кампањи против претедателот Венко Филипче, со измилена зграда во Дубаи, златни визи, Венеција, скијање и скокови во […]

За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ видеото со децата на Трендафилов не е напад врз семејство


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска застана зад пратеничката Дафина Стојаноска која што на нејзиниот официјален фејсбук профил објави видео со претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов и неговите малолетни деца. Пратениците од владејачката партија сметаат дека видеото во кое се прикажуваат малолетните деца на првиот синдикалец, за што тој побара интервенција од полицијата и од надлежните […]

СДСМ тврди: Во тек е операција за враќање на Груевски


  Со големата кампања против поранешното СЈО почна координирана политичка операција за враќање на Никола Груевски и целосно уривање на правниот систем во државата, обвинува СДСМ. „Наместо во ‘Идризово’, ВМРО му планира враќање во Белата палата. Така изгледаат ‘реформите’ во ВМРО. Нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренција – се расчистува патот за единствениот претседател на […]

Мицкоски си кандидирал претставник на граѓанскиот сектор што ќе го избира Судскиот совет


Секој ден скандал околу правосудството. По хајката против ленче Ристоска, а сега и против целото СЈО, Блупринт групата за реформи во правосудството изрази сериозна загриженост за постапувањето на Владата во врска со изборот на претставник во работната група за прелиминарна селекција на кандидати за член на Судскиот совет. -Согласно одредбите од новиот Закон за Судскиот […]

СДСМ: Владата нема пари за плати, но има за нов авион


  Опозициската СДСМ вели дека е врв на безобразие на Владата кога тврди дека нема пари за повисоки плати, но ќе има за купување нов авион. „Додека над 200.000 работници едвај врзуваат крај со крај, додека синдикалната кошница надмина 66.000 денари, од Владата слушаме најави за купување авион за Мицкоски од стотици милиони евра. Ова […]

ДОМ: Стагнацијата во борбата против корупцијата е директна закана за демократијата


Демократска Обнова на Македонија (ДОМ) со загриженост ги следи податоците објавени од страна на „Транспаренси Интернешанл“ за перцепцијата на корупцијата во 2025 година, според кои Македонија е рангирана на 84-то место од 180 земји. Со скоро идентични поени како и минатата година овој извештај покажува дека нема суштински напредок во справувањето со овој децениски проблем […]

Бубевски ќе ја тужи Кадриу за лаги и клевети


  Јавниот обвинител Гаврил Бубевски ќе ја тужи поранешната обвинителка Лејла Кадриу за лаги и клевети изнесени во  интервју во интервју на ТВ Алфа. Тој најавува граѓанска тужба за клевета доколку не добие извинување во законскиот рок и истакнува дека сите наводи за неговото постапување се невистинити. „Најостро ги демантирам клеветите и измислените наводи изнесени […]

ЕУ ќе прави офшор центри за мигранти и азиланти во трети земји


  ЕУ се приближи кон создавање офшор центри за мигранти и баратели на азил, откако десничарските и крајнодесничарските европратеници се обединија за построги миграциски политики. Европратениците гласаа за законски измени што ќе им дадат на властите повеќе опции за депортирање на барателите на азил, вклучително и испраќање луѓе во земји во кои никогаш не биле. […]

Ист резултат на Македонија на „Транспаренси“. Нема напредок во борбата против корупцијата


  Со ист број поени – 40 – како во 2024,  Македонија се наоѓа на 84. место на Индексот за мерење на корупцијата на „Транспаренси интернешенел“ за 2025 година. На годишниот извештај на организацијата што ја мери перцепцијата за корупција во 182 држави во светот, Македонија не напреднала во борбата, затоа што ги има истиот […]

ЕУ работи на план за делумно членство на Украина уште следната година


  ЕУ работи на план без преседан што би можел да ѝ овозможи на Украина да добие делумно членство во блокот уште следната година, изјавија 10 функционери и дипломати за „Политико“. Тоа би ѝ овозможило на земјата да се приклучи пред целосно да ги спроведе реформите потребни за полноправно учество во работите на ЕУ. Прашањето […]

Словенечка министерка до работодавачите: Нека пробаат да живеат со 1.000 евра минимална плата


  „Сите агенции за кредитен рејтинг ја подигнаа оценката за состојбата на нашите јавни финансии на историско ниво“, изјави словенечката министерка за инфраструктура Аленка Братушек по владината теренска седница во Радовљица за време на регионалната посета на Горењска, објави РТВ Словенија. Таа, исто така, изрази задоволство што земјата ја заврши минатата година со малку помал […]

Три децении по атентатот на Глигоров: Била ли истрагата намерно попречувана?


  Три децении по атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров, денеска се организираше научна конференција на која беше констатирано дека и сега, по толку години, нема одговори на клучните прашања и дека станува сѐ појасно дека инспираторите ќе се дознаат дури откако ќе умрат, со очигледна алузија дека тие што стојат зад тоа сѐ уште […]

Пратениците на СДСМ ја напуштија собраниската седница откако законот за минимална плата не беше ставен на дневен ред  


  Додека пред Собранието траеше блокадата која ја организираше Сојузот на синдикати на Македонија за зголемување на минималната плата на 600 евра и на другите плати за 100 евра, внатре во собраниската сала траеше политичко надмудрување меѓу власта и опозицијата на истата тема. Епилогот е: не помина предлогот на пратениците на СДСМ да се гласа […]

Мицкоски како медијатор меѓу министрите Беким Сали и Игор Филков


  Премиерот денеска во улога на медијатор ги смируваше острите тонови меѓу двајца министри во владата поврзани со полагањето на правосудниот испит. Христијан Мицкоски дека полагањето на правосудниот испит на албански јазик е прашање кое мора да се решава исклучиво во рамки на Уставот и законите и изрази подготвеност тоа да се регулира за јазиците […]