Мета: Не би сакал Албанија да се одвои од Северна Македонија на патот кон Европската Унија


Не би сакал никогаш да се разделиме бидејќи не само што сме две соседни земји, туку сме исклучително заинтересирани Македонија да има прогрес, и доколку се движат побрзо од Албанија, нека има прогрес, и Албанија нема зошто да ја влече Македонија назад, истакна претседателот на Албанија, Илир Мета. Во вечерашното гостување на ТВ 21, тој […]

Радев не го смени тонот, Македонија не исполнила ништо (ВИДЕО)


  Четири години по потпишувањето на договорот од 2017 година, Северна Македонија не го направила тоа што е потребно за негово спроведување, но исто така не ни гарантирала исполнување на обврските, оцени  претседателот на Бугарија, Румен Радев, по речиси петчасовната седница на Консултативниот совет за национална безбедност. Како главно, тој порача дека давањето согласност за […]

СДСМ ќе има четири министерки, се враќа и Славица Грковска


  Централниот одбор на СДСМ вечерва ги одреди кандидатите за министри во новата влада на мандатарот Димитар Ковачевски. Нема изненадувања околу имињата. Министерка за одбрана треба да биде пратеничката Славјанка Петровска, која во техничката влада беше заменик-министер за внатрешни работи. Сегашната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, си оди од функцијата со признание за нејзиното лидерство […]

Лазаров за Бугарија: Стратешко партнерство се заслужува, не се наметнува


Недостигот на разбирање и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија негативно влијаат врз деловната клима и трговските односи меѓу двете држави. Потребен е развој на економијата, проекти и инвестиции кои ќе го поплочат патот на политиките за полесно да дојдеме до решение, смета претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Кирил Лазаров. Во интервју за „Локално“, Лазаров […]

Започна средбата кај Радев, Џамбаски се заканува дека владата „ќе падне“


Започна средбата на Консултативниот совет за национална безбедност на Бугарија посветена на односите со Македонија и ветото за започнување на преговори со Европската Унија. Во исто време претставници на ВМРО се собра пред зградата на Претседателството и протестираа против можната промена во бугарската позиција. Се очекува на средбата да се  потврди дека Бугарија нема да […]

Франција ќе ја следи временската рамка на Софија околу блокадата


  БРИСЕЛ – Висок дипломатски извор за МИА денеска објасни дека француското претседателство сака да го надмине спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, и дека треба да ја почитува временската рамка дадена од страна на Софија. На прашање дали Франција сака и планира да ги одржи првите меѓувладини конференции за пристапните преговори со Северна Македонија […]

Седници на највисоките раководни тела на СДСМ за составот на новиот владин кабинет


Седници на Извршниот и на Централниот одбор на владеjачката СДСМ ќе се одржат денеска во седиштето на партијата во Скопје на кои треба да бидат потврдени кадровските решенија за составот на новата влада. Како што потврдија од СДСМ за МИА, седница на Извршниот одбор е закажа за 18 часот, по што во 20 часот ќе […]

Партијата на Каракачанов се заканува со референдум ако Петков попушти пред Македонија


Бугарската националистичка партија  ВМРО-БНД повика на мирен собир денес додека заседава Консултативниот совет за национална безбедност (КСНС) кој ќе расправа за Македонија.  Од партијата предупредија дека ако бугарските власти им го свртат грбот на националните интереси поради деловни зделки со Скопје, партијата ќе почне процедура за национален референдум по тоа прашање. Како што соопштија од […]

Ќе му се врзат или одврзат рацете на Радев на денешниот состанок во Софија?


  Средбата со Радев за Скопје ќе биде првиот тест за надворешната политика на новиот бугарски премиер Кирил  Петков и за неговите односи со претседателот Румен Радев,  оценуваат локалните медиуми во Бугарија.   „Денови пред потврдената посета на премиерот Кирил Петков на 18 јануари, овој чекор е важен бидејќи ќе зависи дали Бугарија ќе може да […]

Захариева го критикува Радев за свикувањето на Советодавниот совет за национална безбедност за Северна Македонија


Поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија и пратеничка од опозициската ГЕРБ во бугарскиот парламент Екатерина Захариева го критикуваше претседателот Румен Радев поради свикувањето на Советодавниот совет за национална безбедност за Северна Македонија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Захариева за БНТ изјави дека Советодавниот совет за национална безбедност не бил свикан од […]

Анализа: Политичарите присутни на социјалните медиуми само кога сакаат нешто да соопштат, мислењата од граѓаните речиси се неважни


Подобрувања, но и падови во користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери во 2021 година. Потребна е изработка на усогласени правни процедури за примопредавање на корисничките сметки на јавните институции на социјалните медиуми како места каде се обезбедува понепосредна демократија и можност за граѓаните, организациите и компаниите, а особено малдите, да се вклучат […]

Нова влада до крајот на неделава


Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада Димитар Ковачевски се очекува утре до Собранието да го достави предлогот за состав на владиниот кабинет и новата владина програма, а на крајот од неделава да се одржи собраниска седница за избор на владата. Во интервју за МИА, Ковачевски вели дека подготовките за новата влада […]

Претседателот на Албанија Илир Мета од денеска во посета на Северна Македонија


Претседателот на Албанија Илир Мета од денеска ќе престојува во тридневна официјална посета на Република Северна Македонија. За време на посетата, Мета ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски, потврдија од кабинетот на шефот на државата. Од  Министерството за внатрешни работи известуваат дека поради официјалната посета на албанскиот претседател Мета, ќе бидат преземени мерки за […]

За Ковачевски секој е заменлив


  Секој е заменлив, особено доколку во одреден момент повеќе не е на висина на задачата. Тоа е основен принцип на ефикасно управување и новата влада ќе се води по него, вели во интервју за МИА, новиот мандатар, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Тој потврдува дека речиси е определен целиот состав на новата Влада, а […]

Ковачевски очекува да изгради пријателски односи со Петков


  Мандатарот за состав на нова влада, Димитар Ковачевски е подготвен да отвори нова страница во односите со Бугарија за време на посетата на Кирил петков и очекува да изгради конкретен и пријателски однос со бугарскиот премиер. Ковачевски во интервју за МИА вели дека очекува со петков во Скопје да ги утврдат основите за натамошните […]

Предизвици за 2022 година во односите меѓу  Македонија и Грција


Низа средби и посети на највисоко ниво, некои од нив и со историски карактер, потпишани договори за соработка, заложби за продлабочување на соработката,  ја одбележаа 2021 година во македонско – грчките односи, кои се чини дека влегоа во нормален тек, се движат во нагорна линија, мразот веќе одамна е скршен, а довербата сѐ повеќе се […]

Француската амбасадорка во Бугарија нуди посредување меѓу Софија и Скопје


Француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин, изјави дека за нејзината земја прашањето за проширувањето на ЕУ со Северна Македонија и Албанија е исклучително важно и како претседавач со ЕУ во првата половина на 2022 година Франција ќе понуди посредување за справување со спорот меѓу Софија и Скопје. На овој начин, како што вели во изјавата […]

Можен тридневен сообраќаен хаос во Скопје, доаѓа Илир Мета


Министерството за внатрешни работи известува за посебен сообраќаен режим во  Скопје  во наредните три дена, понеделник, вторник и среда, поради официјалната посета на претседателот на Албанија Илир Мета на Северна Македонија. МВР во наведените денови ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на сообраќајниците  на поширокото централно подрачје на Скопје. СВР Скопје апелира  до сите […]

Премиерите да ги надминат недоразбирањата – отворено писмо на граѓани од Македонија и Бугарија


Граѓанското здружение за бугарско-македонско пријателство „Под едно небо“, заедно со Институтот за балкански перспективи, Бугарскиот културен клуб – Скопје и Бугарско-македонска стопанска комора упатија отворено писмо до премиерите на Бугарија и на Република Северна Македонија, во кое ја поздравуваат желбата на двајцата премиери за промени и за искористување на следните месеци за постигнување позитивни резултати. […]