Муцунски ѝ се јавил на Надежда, побарал да се сретнат


  Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и се јавил денес на телефон на новата бугарска министерка Надежда Нејнски, за да и го честита преземањето на оваа позиција  и да иницира билатерална средба. „Денес остварив телефонски разговор со новоназначената министерка за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски. Упатив искрени честитки за нејзиното назначување и посакав […]

ФАЦ: ЕУ стравува од нови земји членки со право на вето


Руската војна против Украина ја покрена долго одложуваната политика на проширување на Европската Унија. Во 2022 година, Украина и Република Молдавија добија статус на земји-кандидатки, а една година подоцна им се придружи и Грузија. Ним им се приклучуваат шесте „вечни“ (потенцијални) кандидати од Западен Балкан, како и формално Турција. Во пракса, сепак, Анкара и Тбилиси […]

Мицкоски најави можно членство на Македонија во ЕУ веќе идната година


  Во врска со пристапувањето во ЕУ, премиерот Христијан Мицкоски вчера на ТВ Канал 5, рече дека постои опција Северна Македонија да стане дел од блокот, но без право на глас, што би се случило во 2027 година, како дел од сценарио поврзано со мировниот план за Украина. Изјавата на премиерот доаѓа еден ден откако […]

Белградски „Недељник“: Србија игра на картата за запирање на проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан


  Наместо да соработува со своите партнери во Европската унија за деблокирање на процесот на европска интеграција, Србија игра на картата на запирање или дури и дебакл на плановите за проширување на тој блок кон Западен Балкан, а за таа цел би можела да ја дестабилизира Црна Гора, објави белградскиот магазин „Недељник“, повикувајќи се на […]

Нема предвремени парламентарни избори, владината реконструкција најдоцна до јуни


Се додека граѓаните велат дека не треба да има предвремени парламентарни избори, нема да има, истакна вечерва премиерот Христијан Мицкоски. -Што се плашат од предвредмени избори? Јас им реков колку и да ни одговара – нас ни е приоритет државата и граѓаните . На ниту едно мерeње, граѓаните не даваат предност на тоа да се […]

Мицкоски конечно се изјасни – марихуаната запленета во Србија потекнува од Македонија


  Откако водеше дебата претходните денови со новинарите за потеклото на марихуаната запленета во Србија, премиерот Христијан Мицкоски вечерва рече дека „има индиции дека таа марихуана потекнува од Македонија“. Со тоа тој формално ги потврди изјавите од Србија за потеклото на петте тони марихуана кои ги цитираа овдешните новинари. „Според оние информации кои јас ги […]

Хрватска, Словенија, Црна Гора и Албанија имаат постари владини авиони од Македонија


  Можеби колегите претседатели на Гордана Сиљановска-Давкова од регионот имале чувство за хумор кога наводно зборувале за македонскиот владин авион или пак самата претседателка посака, како што сама кажа денеска, да ги насмее новинарите. Сиљановска денеска изнесе неколку неточни податоци за владиниот авион „Лирџет 60“ во дебатата за тоа дали треба да се купи нов […]

СДСМ: Извештајот на Вајц е потврда дека евроинтеграцијата е сопрена


СДСМ реагира на најновиот извештај на Томас Вајц од Европскиот парламент во кој повикува да се има чувство за итноста на реформите и бара поголема посветеност за евроинтегративниот процес.    -Извештајот на известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајс, е уште потврда на она што СДСМ со месеци го говори: Македонија е заглавена, […]

Сиљановска не гледа партизација – 67 отсто од амбасадорите биле дипломати од кариера


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во однос на предлозите за амбасадори, денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека е најдобро во пополнувањето на испразнетите амбасадорски места акцентот да се стави на дипломати од кариера. -Законот за надворешни работи ја утврдува постапката, таа започнува од министерот за надворешни работи, преку Владата па потоа ќе дојде кај мене. […]

Владата вели: семејството на Мицкоски не патувало со владиниот авион. СДСМ прашува: Тогаш, кој патувал со него


  Прес службата на Владата ги нарече „лажна вест“ тврдењата на опзѐоцисиката СДСМ дека семејството на премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит, Хрватска во август 2025. „Службениот авион стар 20 години е користен исклучиво од премиерот Мицкоски, без семејна придружба за негови службени потреби, и во период од две години само за четири патувања во […]

Жерновски: Митева потврди дека Мицкоски управува со судството, мојата пресуда ја дознав од неа место од судот


  Андреј Жерновски, бивш амбасадор и член на СДСМ, тврди дека портпаролката на Владата Марија Митева во вчерашната емисија „Само вистина“ потврдила дека власта управува со судовите.   „Вчера се случи нешто што досега не е видено во Македонија, тоа е да претставник на владата и тоа портпарол со скандалозно признание фактички потврди она што […]

Томас Вајц за реформите: Дајте реални и опипливи резултати, итно и без одлагање!


  Од суштинско значење за европската интеграција на земјата, особено во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери, а особено Владата, да постигнат опипливи резултати во клучните области, додека во исто време ЕУ и нејзините земји-членки мора да ги исполнат своите обврски, целосно да ја поддржат земјата, вклучително и преку активен дипломатски ангажман […]

Муцунски: Коридорот 8 е доказ дека со соседна Бугарија кога сакаме можеме да соработуваме


Сакаме да имаме активна комуникација и активен ангажман со Софија, доказ дека можеме да соработуваме е Коридорот 8. Имаме и конкретна комуникација со Европската Унија. Една од темите за кои дискутиравме со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Минхен беше процесот на потенцијално изнаоѓање решение со соседна Бугарија и тоа е нешто на коешто […]

СДСМ бара Мицкоски со документ да покаже кој патувал со него со службениот авион


СДСМ бара, ако авионот бил користен согласно прописите, Владата да објави кој патувал заедно со премиерот Христијан Мицкоски. -Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранско море, соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“, и дека „секое користење […]

Муцунски: Над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска  пред почетокот на Македонско-словачкиот бизнис форум, рече дека над 60 проценти од новите кандидати за амбасадори се професионални дипломати од редот на вработените во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ). Тој потврди дека на последната владина седница предложил повеќе имиња, коишто ќе ги […]

СДСМ: Со авионот Мицкоски ја расплака половина Македонија, ако падне СДСМ ќе биде крив!


  Христијан Мицкоски ја доведе до солзи половина Македонија, прокоментираа од СДСМ на изјавата на премиерот дека се откажува од купување на владин авион, па ако паднат зошто постојниот е стар, граѓаните да знаат од која причина се случило тоа.  „Авион морало да се купи за да служи во хуманитарни цели. Очигледно за него лично […]

Владата конечно ќе праќа амбасадори, по една година ќе имаме и амбасадор во НАТО!


  Испразенетите амбасади на Македонија во странство конечно почнаа да се пополнуваат, две години откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт. Иако спектакуларно беше донесена одлука да се вратат предвреме десет амбасадори, од кои повеќето беа професионалци со големо искуство и добра репутација во МНР, многу од повлечените останаа и натаму во амбасадите, но на пониско ниво, […]

СДСМ уште чека одговори за патувањето на Мицкоски со државниот авион во Сплит


  Опозициската СДСМ и денеска побара одговор од премиерот Христијан Мицкоски да даде детали за неговото патување лани во август во Сплит, Хрватска, и да каже кои други патници биле во воздухопловот. „Сѐ уште нема одговори колку чинеше луксузирањето на Мицкоски со владиниот авион и кој бил со него. Но, луксузирањето на Христијан Мицкоски врз […]

Панчевски поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители


Кандидатот за државен јавен обвинител Владимир Панчевски, кој не доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, најави дека ќе поднесе кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители за злоупотреба на службена положба. „Врз основа на чл.272 од Законот за Кривична постапка до МВР и Јавното обвинителство на РМ, по пат на допрен глас, […]

Панчевски ја објави потврдата од Основниот кривичен суд дека го исполнува условот за државен јавен обвинител


Чисто заради сите вас што ме поддржавте во оваа трка за правда! Историјата бележи! Ви благодарам на сите вас, добронамерни луѓе и пријатели желни Македонија да стане правна држава! – објави пред малку на ФБ екс претседателот на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски.  Неговата реакција доаѓа откако денеска Советот на јавни обвинители ја одби неговата […]