Апасиев: Државата на супербогатите им простува илјадници евра, а 100% го даночи работникот за минималец


Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи ја појасни суштината на предложените измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување која во Собранието ја поднесе пратеничката група на Левица, а денес е на дневен ред на собраниска седница, се вели во партиското соопштение. Апасиев посочува дека во важечкиот закон постои како […]

Собранието ќе расправа за законските измени за укинување на техничката влада


Собранието ќе ја одржи 98. седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и предлог законските измени на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кои се се создаваат услови за елиминирање на објективните причини поради кои беше воспоставен моделот на преодна, односно техничката влада. Предложеното законско решение, со одложната […]

ВМРО бара да се забрани двојно државјанство за пратениците, Зајкова бара и за функционерите


Нели ви е преку глава од дволичноста и двојните стандарди на „големите“ партии? Законот треба да важи еднакво за сите! Како што важи за претседателот на државата, за јавниот обвинител, за амбасадорите – така да важи и за сите избрани и именувани лица. Без исклучок. Од денес! Еве, нека немаат двојно државјанство и пратениците, и […]

Мицкоски ги повикал иселениците во Виена „да размислат за враќање“


Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Виена остварил средба со нашите сограѓани од македонската дијаспора, со кои, како што објави, разговарале отворено за предизвиците, но и за можностите што ги имаме како држава. Мицкоски, како што објави на својот Фејсбук профил, на средбите повикал „да размислат за враќање, за инвестирање и за активно вклучување во развојот […]

СДСМ: Груевски веќе има унгарски и српски пасош


Последните информации доставени до СДСМ укажуваат дека Никола Груевски веќе поседува унгарски и српски пасош, се вели во соопштението од СДСМ. Според опозициската партија, ако бегалецот од правдата добил српски и унгарски пасош јасно е дека зад ова стојат неговите политички сојузници и заштитници, Орбан и Вучиќ, политичките ментори на Мицкоски. „Очигледно непостапувањето на владата […]

Македонија исчезна од агендата на Марта Кос


  Еврокомесарката за проширување Марта Кос вчера учествуваше во таканаречен Структурен дијалог за проширувањето во Европскиот парламент, при што ги наброја земјите кои напредуваат на патот кон ЕУ и тие што не напредуваат, но ниту во една од тие две групи не ја спомена Македонија, иако го спомена дури и Косово и можната кандидатура на […]

Ни потерница, ни барање за екстрадиција: СДСМ тврди дека власта и натаму го штити Груевски


СДСМ реагира на информацијата дека нема активна потерница против Никола Груевски , а нема ни барање за екстрадиција од страна на нашата влада, толкувајќи го тоа како обид на премиерот Христијан Мицкоски да го заштити и натаму од судска казна.   „Уште не постои важечко барање за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија.  Барањето поднесено […]

Владата на Мицкоски е прокси играч на Русија, обвинува ДУИ


  Опозициската ДУИ денеска ја обвини владата на премиерот Христијан Мицкоски дека работи за интересите на Русија, го саботира европскиот пат, ја уништила економијата и ја одржува групацијата „Влен“ заробена преку принуда и кривична изложеност на нејзините лидери. Ветувањата за „плата од 1.000 евра“ и „рекордни инвестиции“ се претворија во минимална потрошувачка кошница од 68.797 […]

Промоција на документарниот филм „Договор со историјата“ за Преспанскиот договор


Вчера на Филолошкиот факултет во Скопје се одржа промоција на документарниот филм “Договор со историјата“, сведоштво за случувањата околу потпишувањето на Преспанскиот договор – документ што според еден од авторите, новинарот Душко Арсовски, се уште предизвикува реакции во Македонија.Како што порача тој, тоа бил и поводот да се осврнат на ваков начин на Договорот и […]

Вицепремиерот Арбен Фетаи го нема, не доаѓа на владини седници


  Министерот за здравство Азир Алиу, кадар на „Вреди“, вечерва посредно ја потврди информацијата на неговиот претходник во ресорот, Арбен Таравари, дека вицепремиерот за политики за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, го нема во владата и не доаѓа на владините седници. Според Алиу, неговото отсуство не се должи на здравствени проблеми. Таравари неодамна во […]

СДСМ со поголема самодоверба прослави 35 години од формирањето. Филипче: Кај власта е срамот


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на свечената седница на Централниот одбор по повод 35 години од формирањето на партијата, порача дека блокадата на европскиот пат претставува најсериозната закана за иднината на државата и дека тоа е предавство на националните интереси. „Денес Македонија повторно е пред голем испит. ЕУ патот е закочен. Отворено и бесрамно […]

Груевски засега може да биде мирен во Будимпешта. За него нема меѓународна потерница од Интерпол


  Никола Груевски може да биде екстрадиран во Македонија ако тоа го побара нашата држава, но може и да остане во Унгарија. Барем засега. Откако победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар, минатиот понеделник на неговата меѓународна прес-конференција ги посочи двајцата поранешни полски министри и Груевски како азиланти од кои треба да се ослободи неговата […]

Сиљановска ќе бара „ново решение“ со Радев за спорот


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека изборните резултати во Бугарија се очекувани и оти со идниот бугарски премиер Румен Радев ќе трагаат по ново решение за билатералниот спор за откочување на нашите евроинтеграции.   Во одговор на новинарско прашање Сиљановска-Давкова денеска посочи дека со Радев како поранешен претседател не се согласувале за многу работи, но […]

Мицкоски веќе разочаран од Радев, сѐ уште не му честиташе победа


  Премиерот Христијан Мицкоски, кој изјави дека е „благо разочаран“ од одзивот на македонските граѓани кои се декларираат како Бугари на изборите оваа недела, по сѐ изгледа е разочаран и од Румен Радев, кој е сосема извесно дека ќе биде новиот премиер во оваа соседна земја. Ниту тој ниту пак претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, барем од […]

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ подготвува заеднички настап со српската опозиција


Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, обвини дека генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, имал средби со поранешни функционери од српската опозиција со цел формирање заеднички опозициски фронт, при што, според него, зад овие активности стојат Зоран Заев и Зоран Башановиќ. Манасиевски тврди дека минатата недела во Македонија Димитријевиќ се сретнал со […]

Казахстан ја гледа Македонија како клучна алка за извоз на европските пазари


Северна Македонија и Казахстан ќе ја засилуваат економската соработка и трговската размена. За таа цел, вториот македонско-казахстански бизнис-форум во Скопје, како и потпишувањето на два значајни документи, ќе дадат нов импулс на соработката меѓу бизнис-заедниците и ќе придонесат за зголемување на трговската размена. Ова беше заклучено на заедничката прес-конференција меѓу министерот за надвореши работи и […]

Стерјо Папули нов претседател на Партијата на Власите од Македонија


Вчера, на 18 април во Домот на културата „Билјана Беличанец“ – Кисела Вода, Партијата на Власите од Македонија го одржа својот VI Конгрес, на кој беа донесени клучни одлуки за идното политичко дејствување и организациско зајакнување на партијата. На Конгресот беше спроведено гласање за избор на нов претседател на партијата. Делегатите, во согласност со статутарните […]

Филипче: СДСМ е подготвен за избори во секое време


СДСМ е подготвен за избори во секое време – утре, наесен или догодина, а целта е враќање на власта во рацете на граѓаните и обезбедување демократска власт која ќе го продолжи европскиот пат на државата, изјави денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција. Филипче нагласи дека партијата ќе се бори […]

Мицкоски разочаран од нискиот одзив на македонските Бугари за изборите во Бугарија, посакува проевропски премиер


Премиерот Христијан Мицкоски е „благо разочаран“ од одзивот на македонските граѓани кои се декларираат како Бугари, да гласаат на денешните парламентарни избори кои што се одржуваат во оваа соседна земја. Истовремено, тој очекува бугарските гласачи да изберат проевропски премиер кој ќе биде „добрососедски ориентиран“ и посветен на исполнувањето на Копенхашките критериуми, а не на билатерални […]