Сиљановска е шокирана од обвинителството за можниот шпионски скандал


  Претседателката на државата е шокирана од постапката на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое води истрага за наводниот шпионски скандал во нејзиниот кабинет. Гордана Сиљановска-Давкова во интервју за Сител рече дека со тоа ОЈО ГОКК не го почитувало членот 289 од Законот за кривична постапка во кој се вели дека сите […]

Што точно напиша Мерц во писмото за проширувањето?


Писмото на германскиот канцелар Фридрих Мерц до функционерите на Евриопската унија со кое предложи асоцијативно членство за Украина, а градуално пристапување за земјите од Западниот Балкан наиде на различни толкувања – од тоа дека ни ја затвора вратата за членство во иднина на нас, па до толкувањата дека сака да го забрза. Писмото, или како […]

Муцунски се сретна со Велислава, му ги повторила позициите за Бугарите во Уставот


  Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, по состанокот на НАТО во Хелсингборг, Шведска, се сретна со бугарската шефица на дипломатијата Велислава Петрова-Чомова. За средбата извести прва бугарската министерка порачувајќи на Икс дека Софија опстојува на барањето за „целосна имплементација на обврските преземени со консензусот постигнат во јули 2022 година“  и дека тој консензус останува […]

Африм Гаши и архиепископот Стефан на аудиенција кај папата Лав XIV


  Релациите помеѓу нашите две држави се беспрекорни, на највисоко можно ниво, и гледаме можност како во иднина да ги подобриме и зацврстиме овие односи – изјави претседателот на Собранието, Африм Гаши, попладнево во Ватикан по аудиенцијата кај папата Лав XIV и средбата со Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот pрестол. Во изјава за новинарите […]

Рот: Глупавата опструкција на Бугарија кон Македонија мора да престане!


  Глупавaта  опструкција на патот на Северна Македонија кон ЕУ од страна на Бугарија е неодговорна и мора да престане, напиша на Твитер поранешниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот. Според негова оценка, оваа опструкција ја  ослабува ЕУ, го дестабилизира Западен Балкан и им користи само на Русија, Кина и други авторитарни актери. „Новата […]

Судбината на 4iG е неизвесна по смената на власта во Унгарија. Што ќе стане со третиот мобилен оператор кај нас?


  Унгарија неодамна беше шокирана кога дозна дека тамошното министерството за одбрана склучило рамковен договор во вредност од 1.311.050.000.000 форинти (3,6 милијарди евра) со компанијата за вселенска технологија 4iG, која прерасна во ИТ гигант. Магазинот ХВГ напиша дека договорот е потпишан кон средината на март, еден месец пред изборите, од страна на компанијата на Гелерт […]

Муцунски од Шведска: НАТО станува се посилен


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО што се одржува во Хелсингборг, Кралството Шведска. Пред почетокот на состанокот, министерот Муцунски истакна дека средбата претставува важна можност, речиси една година по Самитот во Хаг, „да се види тоа што е постигнато од Хаг, но и во светло […]

„Панче Тошковски нема морал. Треба да поднесе оставка по толку жртви“, вели Каја Шукова од СДСМ


  Жртвите стануваат премногу. Исто толку семејства се уништени, МВР не функционира. Што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка, праша каја Шукова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ, по уште едно убиство на жена во Скопско. „Пред само неколку дена, 37-годишна жена беше убиена […]

Што значи за Балканот идејата на Мерц за проширување на ЕУ?


Писмото на германскиот канцелар Фридрих Мерц се прошири низ политички Берлин. Во обраќањето до претседателката на  Европската комисија  Урсула фон дер Лајен, претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, и кипарскиот претседател Никос Христодулидис, чие претседателство моментално раководи со Унијата, Мерц предлага да се внесе нова динамика во процесот на проширување. Во прв план во писмото […]

ДУИ тврди дека „десната рака“ на Меџити се богати на сметка на државни институции


ДУИ продолжува да го открива скриениот имот на Недим Рама, десната рака на Изет Меџити. Според партијата, иако има законска обврска, тој не пријавил никаков имот во Државната комисија за спречување на корупцијата. „Во денешниот случај откриваме дека до неодамна, Недим Рама со лицето Џелал Зендели беа сопственици на компанијата  ХОСТМК ЛТД ДОО Скопје, која […]

ВЛЕН: Против кого протестира Бујар Ахмети, против самиот себе или против својот чичко Али Ахмети?


Според ВЛЕН  политичката иронија го достигна врвот. Бујар Ахмети, внук на Али Ахмети, кој бил заменик-член во комисијата за полагање на правосудниот испит, испит што се одржува само на македонски јазик, бил забележан на протестот на студентите кои бараа можност истиот испит да го полагаат и на албански јазик. „Затоа се поставува прашањето: против кого […]

Филипче се дообјаснува: Никаква влада, никаква широка коалиција…


  Лидерот на СДСМ се дообјаснува околу понудата дадена на ВМРО-ДПМНЕ заедно да ја преземат одговорноста околу уставните измени и се што би резултирало од тоа подоцна. Тој негира дека она што сакал да го каже е дека ѝ нуди на власта широка коалиција. „Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав […]

Проширувањето  треба максимално да се искористи, вели Владимир Дробњак, хрватски експерт


Проширувањето е стратегиски одговор во услови на новата геополитичка реалност и инвестиција во стабилноста и економскиот раст – рече на денешното обраќање на панел-дискусијата на Националниот совет за евроинтеграции, Владимир Дробњак, поранешен главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската Унија и експерт на УНОПС. Тој пред присутните членови на Советот, претставници од академската […]

Филипче повика заедно на Кошта да му се каже дека ќе се направат уставните измени


  Европската унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, попладнево на прес-конференција. Филипче посочи дека актуелниот геополитички момент претставува една од најважните можности за државата да го продолжи европскиот пат и да стане дел од процесот на новото проширување на Европската Унија. […]

Сиљановска е збунета од изјавите на обвинителството за шпионската афера во нејзиниот кабинет


  Треба да се води сметка за презумпцијата на невиност додека се собираат податоци за наводната шпионска афера во кабинетот на претседателката. Вака Гордана Сиљановска-Давкова ги коментира наводите кои ја вознемирија јавноста дека некој од вработените таму собирал и енкриптирал чувствителни податоци и ги предавал на странска разузнавачка служба. Обвинтелството уште на крајот на 2025 […]

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што се молат оваа влада да не успее


„За сите оние кои се молат да не успее оваа Влада, а со тоа да не успејат и државата и граѓаните, за жал, имам лоша вест – ќе мора да сведочат на многу успеси кои ги прави оваа Влада“. Ова го кажа премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање за Реформската агенда. „Тоа што го говори […]

Антонио Кошта и Марта Кос ќе дојдат во Македонија за да ја врaтат на европската агенда


Новиот предлог на германскиот канцелар Фридрих Мерц, со кој се сугерира „асоцијативно членство“ за Украина и статус „привилегиран набљудувач“ за Западниот Балкан ќе се расправа на самитот ЕУ-Западен балкан што на 5 јуни ќе се одржи во Црна Гора и на кој ќе присуствува целиот политички „врв“ на ЕУ, како и лидерите на Франција, Германија, […]

Стојковски за предлогот на Мерц: Ова е обид да се редефинира формата на проширувањето


Предлогот на германскиот канцелар Фридрих Мерц објавен утрово, со кој се сугерира членство за Украина и некаков нејасен статус за земјите од Западен Балкан, и тоа додека се пишува договорот за пристапување на Црна Гора, наидува на различни оценки кај нас.  Според Андреја Стојковски од Преспа Институтот, предлогот на Мерц за „асоцијативно членство“ за Украина […]

Филипче ѝ понуди на власта заедно да ја преземат одговорноста за уставните измени


  Процесот на проширување повторно е високо на приоритетната листа на Европската унија, доколку не се качиме на овој воз, можно е вратите со децении натаму да бидат затворени за Македонија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната панел-дискусија во Собранието, на тема: „Геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликации за Западен Балкан“. […]

СДСМ најави кривична пријава и интерпелација против Гаши и нема да учествува во расправата за новото задолжување


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието, Африм Гаши поради континуираното кршење на Деловникот и злоупотребата на функцијата од страна на Гаши. Тој, исто така, најави дека најголемата опозициска партија нема да учествува во работата на матичната комисија за Финансирање […]