Тошковски ја „преживеа“ и третата интерпелација


Со 58 гласа „против“ и 19 „за“, пратениците на денешната седница не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од опозициската Левица. На гласањето му претходеше расправа на која подносителите на интерпелацијата, но и пратениците на опозицискиот СДСМ, упатија критики на сметка на министерот за внатрешни работи, обвинувајќи дека […]

ЗНАМ најмногу ќе настрада од реконструкцијата, Правда оди кај Вреди?


Владините партнери на синоќешната средба за реконструкција на Владата начелно договориле Министерството за здравство да оди кај ВМРО-ДПМНЕ, а Вреди најверојатно ќе го добива ресорот правда. ВМРО-ДПМНЕ го зема и ресорот евроинтеграции, а Вреди треба да се задоволи со ресорот спорт. Двете партии ќе ги разменат и министерствата за социјална политика и за култура. Смена […]

Тошковски се поистовети со МВР во расправата за интерпелацијата


  Непотизам, богатење, судир на интереси, неспособност и партизација. Врз тие неколку премиси претседателот на Левица, Димитар Апасиев, го темелеше образложението на интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Неговиот говор беше жесток, но не навредувачки и конципиран на поинаков начин отколку во други случаи на интерпелација на министри. Во одговорот, Тошковски ја поистовети […]

Ѓорге Иванов го наруши владеењето на правото: Што пишува во одлуката на Судот во Стразбур за аболицијата


  Без многу реакции помина вчера соопштената одлука на Судот за човекови права во Стразбур со која аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов беше прогласена за незаконска. Во големата апатија и депримираност што го зафатија македонското општество последниве неколку години, оваа одлука на Стразбур не ја поздравија ниту оние кои најмногу протестираа против аболицијата и […]

СДСМ бара Антикорупциска да истражи дали Јанушев има фирма во Бугарија, а не ја пријавил


  Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска од пред Антикорупциската комисија побара ова тело да истражи дали генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, има фирма во Бугарија и што и како работи таа. Барањето за испитување на случајот е поради тоа што Јанушев не го навел поседувањето на фирмата во анкетниот лист. „Бугарски капитал, фрима […]

Муцунски го повикал бугарскиот амбасадор во МНР, чека Софија да се извини


  Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, го повикал вчера бугарскиот амбасадор во Македонија, Желјаско Радуков, за да му изрази сериозна загриженост по објавувањето на дипломатската нота околу посетата на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски на Бугарија во јануари годинава, со окривање и на лични податоци.  „Јас да бев, мене да ми се […]

Интерпелацијата за Тошковски денеска на пленарна седница


Собранието денеска ќе ја одржи 106-тата седница на чиј дневен ред е и интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од ПП „Левица“. Поднесувачите на интерпалицијата пратениците: Амар Мециновиќ, Борислав Крмов, Димитар Апасиев, Јована Мојсоска, Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска […]

Унгарија ги паузира преговорите за членство во ЕУ на Украина и Молдавија


  Унгарија го одложи клучниот процедурален чекор потребен за да се поттикнат кандидатурите за членство во ЕУ на Украина и Молдавија, според двајца дипломати од ЕУ, пишува „Политико“. Киев и Кишињев достигнаа пресвртница на својот пат кон блокот кога земјите од ЕУ едногласно го одобрија, на 15 јуни, отворањето на првото формално преговарачко поглавје за […]

Аболицијата на Иванов била незаконска, одлучи судот во Стразбур


  Судот за човекови права во Стразбур се чини стави точка на сите дилеми во јавноста во Македонија во врска со помилувањата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, кои ја втурнаа во длабока криза државава. Судот донесе одлука дека помилувањата од 12 април 2016 година со повеќе 107 решенија за 56 лица, со кои тогашниот претседател […]

Опскурна Фејсбук група објави дипломатска нота со детали за зимувањето на сопругата и синот на премиерот во Бугарија во јануари


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави информации за ново нарушување во македонско-бугарските односи што дополнително ја компликува и онака сложената ситуација со македонските евроинтегративни процеси и навидум дава извогор за поголемо заладување на односите меѓу двете земји. На новинарско прашање дали во периодот што следи се очекува придвижување во дијалогот со Бугарија, премиерот Христијан Мицкоски […]

И на Гаши му го кажале истото во Софија: Треба да се направат уставните измени


  Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, денеска во Софија го слушна истото што бугарските претставници им го кажуваат на македонските: Македонија мора да го спроведе европскиот консензус од 2022 година за да продолжи по својот европски пат. Преговарачката рамка не може да се отвора, потребно е да се направат уставни измени и да се […]

Има или нема Игор Јанушев фирма во Бугарија? А и бугарски пасош. Тој молчи


  Многу имаат и фирми во Бугарија и пасоши од соседната држава. За некои тоа е непријатна работа. Тоа може да биде и за генералниот секретар на владата, Игор Јанушев, ако се потврдат некои неофицијални информации дека тој не само што има фирма во Бугарија, туку и дека има и бугарски пасош. Ваквите информации објавени […]

Мицкоски: Изборниот законик е при крај – ќе бидеме први на реформската агенда


  Сите законски решенија коишто се дел од реформската агенда се во парламентот, останува уште Изборниот законик, за кој се ближиме до конечно решение, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски. По промоцијата на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, одговарајќи на новинарски прашања Мицкоски посочи дека на денешната владина седница има  одлука којашто […]

Во среда пред Собранието интерпелацијата за министерот Тошковски, седницата за владината реконструкција ќе се закаже штом пристигне предлогот


Интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски е на дневен ред на 106. пленарана седница закажана за в среда 24 јуни, додека во четврток на 25 јуни ќе се одржат редовните пратенички прашања до премиерот и министрите. На денешниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието до крајот на јуни најави одржување и […]

СДСМ со нови критики за двете години на Владата: Ветувањата не се исполнети


  Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, денеска на прес-конференција изјави дека после две години од владата на ВМРО-ДПМНЕ народот живее потешко, поскапо и понеизвесно. „Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните. Единствено нешто што се забрзано се зголемува овие две […]

Албанците од Македонија и Косово не се дијаспора: Еди Рама приговара на нивното учество на протестите


  Илјадници Албанци од дијаспората, а и нивни сонародници од Македонија и Косово се дел од протестите во Тирана против изградбата на луксузното одморалиште на Џаред Кушнер. Албанскиот премиер Еди Рама вели дека тие се жртви на „политички каравани“. И дека тие не можат да се сметаат за дијаспора бидејќи живеат во свои сопствени држави. […]

Филипче за нови избори: Гласање ќе има кога на владата ќе ѝ снема пари


  Опозициската СДСМ нема да го „предизвикува“ ВМРО-ДПМНЕ за да се оди на предвремени избори и нема да му дава алиби на премиерот за можната намера да се оди на гласање. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција рече дека изјавите на премиерот Христијан Мицкоски на оваа тема се контрадикторни – најавува дека тие […]

До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, до 1 јули списокот ќе се најде пред пратениците


Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиуми рече дека до крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, а до 1 јули очекува списокот да се најде пред пратениците. Тој оцени дека вчерашната средба со претставници на ВРЕДИ поминала во добра атмосфера, но не изнесе детали во интерес на процесот. – Во интерес […]

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад- поднесовме 50 амандмани


Предлог-законот за судска служба на Министерството за правда, наместо да претставува реформски чекор напред, е опасен обид за враќање на судството две децении наназад и за дополнително зајакнување на влијанието на извршната власт врз судската власт, се наведува во соопштението од ПП Левица. „Токму затоа Левица поднесе 50 амандмани, изработени врз основа на предлозите и […]

Поддршката за ЕУ во Македонија е 60 отсто: Анкета на Европската комисија


  Поддршката за ЕУ во Македонија останува висока – повеќе од 60 отсто од испитаниците се изјасниле дека се за пристапување на земјата во Европската унија – покажуваат резултатите од најновите анкети за перцепција за проширувањето меѓу граѓаните во Западен Балкан, Источното соседство и Турција што денеска ги објави Европската комисија. „Во земјите-кандидати и потенцијалните […]