СДСМ за Кочани: Зошто Мицкоски го штити началникот Томо Донев?


СДСМ денеска продолжи со серијалот прес-конференции насловени како „Вистината за Кочани“. – Зошто обвинителството ги амнестираше од одгворност сите актуелни полициски функционери на ВМРО-ДПМНЕ од најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во Кочани во кој загинаа 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени? Дали обвинителството ги заштитува од одговорност овие луѓе […]

Економијата е пред колапс, доцнат плати, дали Буџетот е празен?


Додека премиерот Христијан Мицкоски зборува за некаква силна економија и Македонија како четврта еконмомска сила во Европа, државата се наоѓа пред историски најсериозната економска и финансиска криза каква што не се памети во земјава од нејзиното осамостојување, порача денес СДСМ. -Сите индикатори кои се однесуваат на стабилноста на економијата и финансискиот сектор укажуваат на тоа […]

Вајц го повлече гласањето за нацрт извештајот за Македонија


  Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, побара да се одложи гласањето за извештајот за Македонија, што ги крена страстите во нашата држава и во Бугарија. Иако нагласи дека цврсто стои зад тоа што го пишува во извештајот, тој реши да им даде шанса на европарламентарците кои ја спореа неговата работа, сите од […]

Утре почнува изградбата на граничниот премин Преспа


Со многу симболичен јавен настан на Преспанскиот регион, во четврток, 5 јуни, официјално ќе започне имплементацијата на проектот BorPres2, кој вклучува воспоставување нов граничен премин меѓу Грција и Северна Македонија во регионот Преспа. Проектот, со вкупен буџет од 7,7 милиони евра, е финансиран од програмата Interreg VI-A IPA Грција-Северна Македонија 2021-2027 и е признат како […]

Собранието ќе ја продолжи 51. седница


Собранието денеска ќе ја продолжи 51. седница на која меѓу точките на дневен ред се Предлог на закон за прогласување на Просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона, по скратена постапка – Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година. За законот за прогласување на просторот […]

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии


Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија. Пред членовите на Комисијата за одбрана и безбедност се Предлог на законот за прогласување на Просторот околу Собранието на Република Северна Македонија за безбедносна зона, […]

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе гласа за Извештајот на Вајц за земјава


Членовите на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент на денешната седница треба да гласаат за усвојување на Предлог-извештајот за 2023 и 2024 година за земјава подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц.   Во документот се потсетува на потребата од одржување на моментумот и кредибилитетот на процесот на европска интеграција и се забележува дека […]

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори


ВЛЕН вечерва во Скопје го промовираше Централниот изборен штаб во пресрет на локалните избори кои треба да се одржат во октомври, годинава, а Аднан Азизи е избран за шеф на штабот. – Денеска сме тука да го промовираме поставувањето на Централниот штаб на ВЛЕН. Со овој орган уште еднаш потврдуваме дека ВЛЕН се унифицира како […]

Левица: Шефицата на кабинет на Меџити зема пари од три институции


Се е  исто, само други се на власта. Ова е поентата од соопштението на политичката партија Левица од кое произлегува декла ВЛЕН има своја „Бесмира Ејупи“, која иако беше презентерка се прослави откако беше објавено од колку институции зема пари додека ДУИ беше на власта.    –Партизацијата и цедењето државни пари од буџетот за истакнати […]

На Европскиот парламент му се случува „Скопјегејт“, Бугарија го враќа ударот?


  Порталот „EUalive“ објави долг извештај за случувањата околу извештајот на Томас Вајц во Европскиот парламент, кој треба да биде разгледуван утре, а во кој се тврди дека „странска влада“, т.е. Македонија влијаела недозволиво на неговата содржина и дека тоа покренало бран обвинувања и реакции од бугарските европарламентарци и од Софија, па и барања за […]

Одете, па разберете што сакаше да каже Сиљановска за Извештајот за напредокот


  Некогаш зборовите на политичарите се толку заплеткани што изгледаат совршено неразбирливи. Така денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарско прашање за европскиот извештај за напредокот на нашата земја, што треба да се објави утре, го рече ова: „Овојпат како да има многу поголема ангажираност, посветеност и одговорност, можеби зашто се зборува за извонредно познавање, […]

СДСМ поставува нови прашања за Кочани, сега за инспекторката за економски криминал


  Организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, во денешното продолжение на прес-конференциите на партијата за Кочани праша дали најголемиот страв на власта е дека ако се соочат со правдата виновниците и актуелните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, истрагата ќе стигне до највисоките струткури во власта на чело со премиерот? „Дали Христијан Мицкоски ја штити главната инспекторка за […]

Марта Кос се понуди за олеснувач меѓу Македонија и Бугарија


  Наша политичка цел е да ги започнеме преговорите со Северна Македонија по кластерот „Основни вредности“, штом ќе бидат усвоени потребните уставни измени, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос во воведното обраќање на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент посветена на проширувањето на ЕУ, состојбите во Украина и соседската […]

ДУИ ќе настапи со отворени листи на идните парламентарни избори


Поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи од ДУИ, најави дека партијата на следните парламентарни избори ќе излезе со отворени листи. Според Османи, со ваквиот начин граѓаните ќе имаат можност не само да избираат партија, туку и конкретни кандидати кои ќе ги претставуваат во парламентот. „Граѓаните мора да имаат право да изберат не само партија, […]

Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за ланската година на 51. седница на Собранието


Пред пратениците во рамки на 51. седница на Собранието е Годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година. Во Извештајот објавен на собраниската веб-страна се посочува дека во текот на 2024 година, Советот во рамки на 39-те одржани седници извршила избор на судии и претседатели на судови, избор и […]

Таравари: Националистичкиот пристап на ВМРО нè враќа во менталитетот на комунизмот


  Претседателот на Алијансата за Албанците и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари, во подкастот „Интеркултура“ на ИМА со Роберт Алаѓозовски зборуваше за причините за напуштање на владината коалиција, состојбата со правата на заедниците, социјалната кохезија, меѓуетничките и интеркултурните односи, како и за блокадата на европските интеграции. Тој истакна дека, иако меѓуетничките односи не беа […]

Антикорупција мора да го даде на увид на БИРН сертификатот на Бојан Христовски, одлучи Управниот суд


  Управниот суд ја отфрли тужбата на Антикорупциската комисија, против Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, затоа што оваа институција му наложи на ДКСК да му даде увид на БИРН во документите за директорот на АНБ, Бојан Христовски, објави „Призма“. Со оваа одлука, останува да важи решението на […]

И началничката Марија Цветковска меѓу заштитените околу Кочани


СДСМ продолжи со објабвување на детали околу пожарот во Кочани посочувајќи актуелни функционери кои требало, според нив, а не се нашле во рамките на истрагата на Јавното обвинителство на Љупчо коцевски. -Институциите не си ја завршија својата работа, институциите на прогонот се заложници наа Христијан Мицкоски кој од првиот ден ја попречува истрагата за пожарот […]

Проверено: Тимчо Муцунски не е меѓу првите седум министри од Европа кој разговарал со Марко Рубио во Стејт департментот


  На секој политички успех треба да му се додаде уште нешто за да изгледа поголем. Така премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави „Тимчо Муцунски е помеѓу првите седум министри за надворешни работи од Европа кој што на билатерално ниво беа примени од страна на Државниот секретар Марко Рубио во Стејт департментот во САД. Средбата траела […]

Мицкоски: Европа има шанса да исправи историска неправда


Премиерот Христијан Мицкоски уште еднаш ја коментираше резолуцијата во Европскиот парламент со која треба да се признае посебниот македонски идентитет и јазик, но исто така го  коментираше и амандманот на бугарски европратеник  јазикот и идентитетот да бидат опишани како „сегашни“. „Сега очекувам Европа да даде одговор. Европа сега има шанса. Сега нема едногласие. Европа има […]