Филипче тврди дека ВМРО-ДПМНЕ има загубено 100.000 гласови


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва изјави дека имало драматичниот пад на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, дека има економски колапс во државата и лицемерното однесување на Владата, која наместо резултати, нуди само пропаганда. „Нашите информации се дека ВМРО-ДПМНЕ има изгубено 100 илјади гласови до сега. Таков пад на гласовите, таков дебакл до сега во историјата […]

Софија ги мобилизирала сите ресурси за заштита на бугарските ставови околу Македонија


  Бугарија ги мобилизираше „сите расположливи ресурси и воспоставени канали за заштита на бугарскиот национален интерес“, а примени и механизми на дискретна дипломатија за да ги убеди сите свои партнери во потребата од воздржаност и конструктивен пристап кон европската интеграција на Македонија. Ова го изјави министерот за надворешни работи Георг Георгиев како одговор на пратеничко […]

Сомнеж по сомнеж за сертификатот за англиски за директорот на АНБ, Бојан Христовски


  Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, на двапати го полагал испитот по ТОЕФЛ за англиски јазик, а кодот на центарот за тестирање каде што полагал не е во Пловдив, каде што е регистрирано јазичното студио „Јулија“, покажува истражувањето на БИРН. Како што објави „Призма“, тие воделе половина година правна битка со Антикорупциската […]

Данска нѐ моли да го зграпчиме моментумот на проширувањето на ЕУ


  Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере денеска во Скопје порача дека проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседавање со Европската унија, кое стартува на 1 јули, дека актуелните геополитички случувања уште повеќе го актуелизираат овој процес, како и дека нејзината држава ќе стори сѐ што е во можност за да го поттикне […]

Сопругата на шефот на полицијата во Штип и нејзината фирма донатори на ВМРО-ДПМНЕ, објави СДСМ


  Во рамките на својата акција за разоткривање на трагедијата во Кочани СДСМ денеска објави документи кои го компромитираат јавното декларирање на власта дека нема да има селективна правда. Согласно јавно достапните податоци на Заводот за ревизија во списокот на донатори на политичките партии, како донатор на ВМРО-ДПМНЕ во кампањите во 2020, 2021 и 2024 […]

Каде е тужбата за „Бехтел и Енка“, го прашува Филипче Мицкоски


  „Да се биде авторитарен значи да се биде врховист, а никако патриот. Врховизмот во начинот на владеење на Мицкоски е најголемото предавство кое еден Македонец може да го направи“.  Оваа остра реакција на лидерот на опозицијата, Венко Филипче, по синоќешниот говор на премиерот Христијан Мицкоски означува  забележителна промена во политичката артикулација на СДСМ во […]

Левица: Успешен третиот обид за надзорна расправа во Кочани


На седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот – со која претседава претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев –  усвоена е иницијативата за надзорна расправа за Кочани поднесена од истата партија. Од Левица велат дека пратениците на ДПМНЕ и ЗНАМ повторно координирано се обиделе да го опструираат барањето […]

СДСМ го нарече Мицкоски „врховистот во ВМРО-ДПМНЕ“


  Реагирајќи на вечерашното одбележување на 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ, опозициската СДСМ изрече остри квалификации за лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Таа го нарече „врховистот во ВМРО-ДПМНЕ“. Во соопштението на СДСМ се вели: „ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското ВМРО.  Историското ВМРО преку НОБ и АСНОМ е код на секој Македонец, а ова […]

ВМРО-ДПМНЕ го прослави роденденот со собир во амфитеатарот во Хераклеја


  Владејачката ВМРО-ДПМНЕ одбра да ги одбележи 35-те години од основањето на специфичен локалитет – амфитеатарот во Хераклеа крај Битола. Главен говорник беше лидерот на партијата Христијан Мицкоски. Тој рече дека целта на Владата е да изгради праведно општество во кое нема да има привилегирани, туку ќе има правда за сите. „Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја […]

Честитка од Заев до Ципрас за годишнината од Преспанскиот договор


  „Во ова време на војни и хаотичен свет, се повеќе сум среќен што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор, да изградиме трајно пријателство меѓу нашите соседни земји Северна Македонија и Грција”, пишува во пораката што поранешниот премиер Зоран Заев му ја упати на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас по повод седумгодишнината од Преспанскиот договор, […]

Данската министерка за европски прашања Мари Бјере во работна посета на Македонија


Министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере утре ќе престојува во работна посета на Македонија. Посетата е во пресрет на претседавањето на Данска со Советот на ЕУ. Бјере ќе се сретне со македонскиот колега, министерот за европски прашања Орхан Муртезани по што е најавена и заедничка прес-конференција. Како што информира Кабинетот на Муртезани, […]

Сиљановска: Изјавата на Радев не ми беше упатена мене


  Претседателката Гордана Сиљановска–Давкова денеска од Тирана не ја коментираше вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев во однос на ветото и преговарачката рамка, но нагласи дека тоа не значи дека се согласува. Јас, нагласи таа, тоа го истакнав во текот на разговорот. „Апсолутно репликата, ако така може да се каже, не ми е упатена […]

Софија и Скопје во нова спирала на влошување на односите


  Односите меѓу Македонија и Бугарија повторно влегоа во спирала на недоверба и заострување. Има две причини за тоа – извештајот на Европскиот парламент за Македонија, за кој Софија го обвини известувачот Томас Вајц дека бил пристрасен. И второ, пресудата на претседателот на сега згаснатиот клуб „Иван Михајлов“ од Битола. Оваа условна казна затвор за […]

Мицкоски не верува многу во зборовите на Радев, бара дела од Софија


  Премиерот Христијан Мицкоски бара од Бугарија дела, а не зборови, какви што кажа бугарскиот претседател Румен Радев вчера во Тирана. Мицкоски денеска од Битола изјави дека тоа што го зборуваат претставници на Бугарија ќе имаат можност да го докажат на 24 јуни со повлекување на амандманите во Европскиот парламент, и да ја прифатат иницијативата […]

Сијарто беше во Скопје, а по една недела Муцунски отиде во Будимпешта


  Размената на посети меѓу членови на Македонија и Бугарија оди на брза лента. Минатата недела унгарскиот министер за надворешни работи беше во Скопје каде што потпиша договор за стратешко партнерство со Тимчо Муцунски, а денеска македонскиот шеф на дипломатија е во Будимпешта. Тој е учесник на меѓународната конференција „Будапест глобал дијалог 2025“ во организација […]

Власта мора да ги достави патните трошоци и кириите на пратениците, реагира Левица


Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер ја уважи жалбата на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, со која таа реагираше дека Собранието континуирано одбива да ги обелодени патните трошоци и надоместоците за кирија на пратениците. Иако пратеничката во изминатите пет месеци поднесуваше официјални пратенички барања до генералната секретарка на […]

Седум години од потпишувањето: Што е имплементирано од Договорот од Преспа?


На 17 јуни 2018 година, пред точно седум години, во малото село Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји, Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија, Грција призна македонски јазик и македонска националност, […]

Радев: Бугарија нема да постави услови надвор од договорот, преговарачката рамка и двата протокола


Има Договор за добрососедство, пријателство и соработка од 2017 година и во него има два протокола. Има преговарачка рамка од 2022 година, европски консензус на сите земји членки и од власта на Северна Македонија, така што Бугарија никогаш не поставила и нема да постави услови надвор од тој договор, надвор од преговарачката рамка и надвор […]

Сиљановска: Билатерализацијата на интегративниот процес поголем проблем од соседите


Колку сме поединствени, толку ќе бидеме поотпорни на било какви предизвици. Верувам во регионалното единство и повикувам на јасен, силен, единствен регионален глас што ќе ја обликува нашата заедничка иднина во Европа, е пораката што ја упати претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска – Давкова на заедничката прес-конференција со албанскиот претседател Бајрам Бегај и бугарскиотр претседател […]

Сиљановска-Давкова во Тирана на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од ПСЈИЕ


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Тирана, Албанија каде што ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Како што јави специјалниот известувач на МИА од Тирана, таа ќе се обрати на пленарната сесија на тема: „Поттикнување на стабилноста […]