ВМРО-ДПМНЕ го осуди Костадинов за „повик за убиство“ на Латас


  ВМРО-ДПМНЕ го осуди, како што оценуваат, повикот за убиство и линч врз новинар од страна на Костадин Костадинов повикувајќи го МВР да реагира и да го повика на распит.  „ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува овој говор на омраза од страна на Костадин Костадинов врз новинарот Драган Павловиќ – Латас и бараме итна разрешница. Ова е доказ […]

Еврокомесарката Марта Кос во посета на земјава, денеска и утре лидерска средба ЕУ – Западен Балкан


Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска и утре ќе престојува во посета на земјава. Таа ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, а ќе учествува и на лидерската средба ЕУ – Западен Балкан која во следните два дена ќе се одржува во Скопје, а на која ќе се разговара за Планот за раст.  За денеска […]

Данска го презема претседавањето со ЕУ со идеја за „силна Европа во светот што се менува“


Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска од утре, па до 31 декември 2025 година ќе претседава со Советот на Европската Унија, во кој период ќе работи на изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа.  – ЕУ се соочува со нов меѓународен поредок обележан со неизвесност, глобална стратешка и економска конкуренција и […]

Петровска до Мицкоски: Не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште, среќна нова 1949


Премиерот Христијан Мицкоски попладнево на социјалните мрежи собјави дека на суд ја добил тужбата преотив пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска. Пратеничката  Петровска во краток коментар на постот на Мицкоски му порача дека спорот завршил само во едно рочиште. „Премиере, само да напоменеме, не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште. Прв меѓу […]

СДСМ: Најдобриот виц годинава е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта


Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски, оцени СДСМ реагирајќи на пораките од конгресот на ЗНАМ, каде Димитриевски доби мандат и натаму да ја води партијата. -Максим Димитриевски за една година си ги погази сите изборни ветувања и целосно се потчини на Мицкоски. Без […]

Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене


Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи објави дека Граѓанскиот суд Скопје донел правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и актуелна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против него. – Уште една потврда дека на лагата ѝ се кратки нозете. Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која […]

Лојалниот партнер на СДСМ, генералот Николовски, на изборите ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ


  Каде што е власта таму треба да бидеме и ние. Ова е иделогијата на Партијата на пензионерите и нејзиниот претседател, генералот во пензија, Илија Николовски. Партијата на пензионери официјално соопшти дека излегува од досегашната коалиција со СДСМ и дека на наредните локални избори ќе настапи во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Николовски изјави дека таквата одлука […]

СДСМ го прашува Мицкоски зошто молчи за 150-те дивоградби во Чаир


СДСМ смета дека власта  ја штити урбаната мафија и криминалот со дивоградбите. Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје изјави дека повеќе од 150 дивоградби се пријавени во општина Чаир и  дека доказите се јавно објавени.    -Станува збор за масовна урбана мафија, над 150 објекти изградени […]

Димитриевски: Нема да прифатиме промена на Уставот без јасна дистинкција за македонскиот јазик


Лидерот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски денеска во изјава за медиумите рече дека немаат проблем да ги внесат Бугарите во Уставот, но дека нема да прифатат уставни измени доколку не се направи јасна дистинкција на македонскиот јазик и тоа да биде потврдено во европска институција. По завршувањето на вториот Конгрес на партијата, Димитриевски рече дека […]

Димитриевски: ЗНАМ стана сериозен политички субјект


Вториот Конгрес на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија денеска во Скопје го отвори в.д.претседателот на партијата Максим Димитриевски, кој лично и во име на раководството на партијата им се заблагодари на сите поединци и групи, кои учествувале во процесот на формирање на општинските организации и на Градската оргнаизација на партијата во Скопје. Тој во […]

СДСМ објави нов коруптивен тендер во МВР за лиценца за возачки испити


Пратеничката на СДСМ и поранешна министерка, Каја Шукова, објави денес нов коруптивен тендер во МВР за лиценца за возачки испити -Нов скандал во МВР е на повидок– нов случај на крајно сомнителен, коруптивен тендер којшто отвора сериозни прашања за злоупотреба на институциите за бизнис интереси и испумпување на парите на граѓаните.МВР, под раководство на министерот […]

Крстевски: Нема да дозволиме да се тргува со жртвите од Кочани


Јавноста во Кочани будно ќе го следи судскиот процес за трагедијата во Кочани и нема да дозволиме да се тргува со жртвите, вели вршителот на должноста градоначалник на Кочани, Венко Крстевски во интервју за Радио слободна Европа. За него е иритирачки тоа што за трагедијата во Кочани во која загинаа 62 лица никој не поднесе […]

ДУИ и ВЛЕН во кавга за електронскиот попис


ДУИ ја нарече остварување на едно од серијата националистички ветувања најавата на владата дека ќе организира електронски попис во земјата.   -Уште во 2022 година, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, јавно одби да ги прифати резултатите од пописот на населението, алудирајќи особено на фактот дека Албанците сочинуваат 29.5% од вкупната популација.Тој тогаш вети дека, штом ќе […]

Сиљановска ќе учествува на конференција за финансирање на развојот во Севиља


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија и ќе се обрати на првата пленарна сесија на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), којашто под покровителство на Организацијата на Обединетите нации ќе се одржи во Севиља. Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска-Давкова, вечерва, таа ќе присуствува на […]

Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија денес ќе одржува конгрес


Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија денеска во Скопје ќе го одржи вториот Конгрес.Како што соопштија од ЗНАМ, претседателот на Движењето Максим Димитриевски ќе има обраќање на Конгресот, а после завршувањето на работниот дел на конгресот, тој ќе даде изјава за медиумите. -Движењето ЗНАМ не е само политичка партија – тоа е завет, обврска и […]

Филипче од Берлин: Овде сум да ги бранам позициите на Македонија, „современ“ пред јазикот не смее да помине


Во рамки на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), разговарав со поранешниот германски канцелар, Олаф Шолц, на кого му изразив искрена благодарност за силната поддршка која Германија, под негово водство ѝ ја даваше на Македонија за евроинтегративниот процес, напиша лидерот на СДСМ, Венко Филипче од Берлин.   – Особено важно за нашата државата беше резолуцијата […]

Движењето ЗНАМ го поддржува предлогот на Мицкоски за електронски попис


Претседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска изјави дека го поддржува предлогот на премиерот Христијан Мицкоски за електронски попис на населението. Премиерот Христијан Мицкоски во четврокот одговарајќи на собраниската седница посветена на пратенички прашања предложи идната година да се спроведе вонреден електронски попис на населението, но го […]

ЗНАМ со свои кандидати за градоначалници во јули, за други општини го поддржува ВМРО-ДПМНЕ


Претседателот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија и актуелен градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски денеска во изјава за медиумите истакна дека до средината на јули неговата партија ќе ги обелодени кандидатите за градоначалници. – Ние досега неколку пати потврдивме дека ЗНАМ на овие избори ќе учествува со кандидатски листи за советници самостојно како нов […]

Филипче на конгрес на германската Социјалдемократска партија


Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче денеска ќе присуствува на конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), кој под слоганот „Промената започнува со нас“ се одржува во Берлин. Во рамки на конгресот, како што информира СДСМ, Филипче ќе има средба со актуелниот вицеканцелар на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл, кој воедно […]