Протоколот со Бугарија е еден од најштетните документи во нашата историја и тој нема никаква правна примена, вели Муцунски


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека развојот на состојбата со иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, поднесена до Уставниот суд од поранешната пратеничка на ДОМ Лилјана Поповска, ќе потврди дали уставните измени се единствената пречка за Бугарија за […]

Татјана Димитровска ја прати оставката до Собрание


  Кабинетот на претседателот на Собранието информира дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денес поднесе оставка од нејзината функција.  Димитровска е обвинета во предметот „Адитив“ за одавање државна тајна.  Според обвинението, од мај до декември 2024 година на неповикано лице обвинето во предметот „Адитив“ на друг начин му сторила […]

За градоначалникот на Крива Паланка кривичната пријава е заплашување пред изборите


Градоначалникот на Општина Крива Паланка, денеска одржа прес-конференција со цел, како што рече,  да ја разобличи најновата епизода од политичкиот притисок врз него и општинската администрација. Кривичната пријава поднесена од СВР Куманово против градоначалникот и двајца вработени во Општина Крива Паланка е оценета како правно неоснован и политички мотивиран напад, оркестриран од оние кои се […]

Левица бара оставка од сите членови на ДКСК


Денешната оставка на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, не претставува чин на морална одговорност, туку е директна последица од засилениот јавен, медиумски и политички притисок, особено откако Левица поднесе иницијатива за нејзино разрешување во Собранието, реагира Левица. Левица бара колективна оставка на целиот состав на ДКСК. Партијата смета дека овој […]

Гаши пуштен од болница, продолжува со работните обврски


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денес е отпуштен од Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, по дводневен престој и извршени медицински прегледи. Од неговиот Кабинет информираат дека здравствената состојба на Гаши е добра и стабилна и дека ќе продолжи со институционалните активности согласно препораките од лекарите. Во соопштението се изразува благодарност до директорот на клиниката, проф. […]

Тренчевска: Власта спроведува историска измама на пензионерите


Власта спроведува историска измама на пензионерите. Со последната одлука за зголемување од само за 1.000 денари, пензионерите се оштетени не еднаш, туку двапати – во септември 2025, и уште еднаш во март 2026. Зошто?, се посочува во соопштението од СДСМ од прес-конференцијата на пратеничката Јована Тренчевска. Како што наведе Тренчевска, со ваково линеарно зголемување од […]

ВМРО-Народна партија контра ВМРО-ДПМНЕ – ќе „трча“ со свој кандидат за градоначалник во Тетово


ВМРО-Народна партија, предводена од поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, најави самостоен настап на локалните избори во Општина Тетово што ќе се одржат во октомври. Од партијата информираат дека ќе учествуваат со своја советничка листа и ќе настапат со кандидат за градоначалник. Во официјалното соопштение се наведува дека ВМРО-НП ќе промовира кандидат со „обединувачки капацитет и визија […]

За Коцевски интерпелацијата на Левица е упад во самостојноста на Јавното обвинителство


 Јавниот обвинител на Македонија, Љупчо Коцевски, достави писмен одговор на интерпелацијата поднесена од пратениците Димитар Апасиев, Борислав Крмов, Реџеп Исмаил, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ и Сашко Јанчев. Во неа тој порача дека функцијата ја врши чесно и одговорно, со максимално почитување на начелата на транспарентност и отчетност, дека интерпелацијата е законски недозволена и дека институцијата […]

СДСМ: Мицкоски му слугува на ВЛЕН, нема ни еден кандидат за изборите во Западна Македонија


СДСМ порача дека е смешен  Мицкоски кога ги обвинува дека слугуваат на ДУИ и на тој начин  да го прикрие сопствениот срам. -Мицкоски кој како опозициониер тврдеше дека ќе кога ќе дојде на власт ќе расчистел со криминалот на ДУИ, прва работа што направи е да го пушти Артан Груби да избега. За една година […]

Се очекува претседателката на ДКСК денес да даде оставка


Само неколку денови откако обвинителството поднесе обвинение против претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, очекувањата се дека таа денеска ќе поднесе оставка од оваа позиција, потврдиле за ТВ Сител извори блиски до ДКСК. Според првичните информации, се очекува нејзината оставка да биде официјализирана во текот на денот, а потоа се очекува Собранието да […]

ДОМ револтирана: Пратениците покажаа отсуство на хуманост и емпатија за цивилите во Газа!


Демократска обнова на Македонија (ДОМ) изразува револт и длабоко разочарување од одлуката на Собранието на Македонија да не ја изгласа предлог-резолуцијата за овозможување непречен влез на храна и медицински средства за цивилите во Појасот Газа. Ова молчење на македонските пратеници е потполно недостојно за земја која ја носи традицијата на хуманизам и солидарност од нашите […]

„Вреди“ ќе има кандидат за градоначалник на Скопје


  Коалицијата „Вреди“ ќе има кандидат за градоначалник на Град Скопје, како и за Општина Чаир, во Струга ќе го поддржи независниот кандидат Менди Ќира, додека за другите општини при крај се анализите и разговорите, и се очекува наредната недела да бидат објавени имињата на кандидатите, изјави денеска вицепремиерот и министер за животна средина, Изет […]

СДСМ: Со толку бугарски државјани во раководството ВМРО-ДПМНЕ може да формира влада и во Бугарија


СДСМ реагираше на обвинувањата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, кој ги обвини дека работеле во интерес на Бугарија околу резолуцијата во Европскиот парламент.Притоа порачаа дека со толку многу бугарски државјани во раководството – ВМРО-ДПМНЕ може да формира влада и во Бугарија. -Откако секојдневно излегуваат информации дека целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ има резервна држава и […]

Лилјана Поповска бара оценка за уставноста на Протоколот со Бугарија


  Поранешната пратеничка и поранешна претседателка на ДОМ, Лилјана Поповска поднела иницијатива до Уставен суд за оцена на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија од 17 јули 2022 година во Софија. Поповска, во текст за „Плусинфо“ ги појаснува причините за поднесувањето на иницијативата до Уставниот суд. Таа […]

Само 16 пратеници во македонското Собрание гласале за хуманитарна помош за Газа


Само 16 пратеници во македонското Собрание гласале за хуманитарна помош за Газа, информира пратеничката од Левица, Јована Мојсоска. – Во моментов во Собранието само 16 пратеници гласаа за хуманитарна помош за Газа (од кои 6 пратеници на Левица) – односно Израел да дозволи влез на хуманитарната помош. Додека палестински деца умираат од од глад, македонското […]

Димитријевиќ: Почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ


Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ, обвини денес дека почнале  да се спровеедуваат нарачани кривични пријави против кандидатите на СДСМ и дека „режимот е на дело“. -ВМРО-ДПМНЕ започна со режимските практики пред избори. Кривичната пријава за градоначалникот на Крива Паланка е срамен притисок и црна кампања на власта против успешните градоначалници на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ […]

Муртезани во Берлин: Пристапните преговори мора да бидат заштитени од билатерални условувања


Процесот на проширување треба да остане заштитен од билатерални блокади и ревизионистички наративи и е неопходно воспоставување ефективни европски механизми за воведување и мониторинг на европските стандарди и експертиза, особено во доменот на историските и билатерални прашања, со цел да се обезбеди правичност и предвидливост на патот кон членството, истакнал министерот за европски прашања Орхан […]

Лефков: Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот


Откако Бојко Борисов вчера се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик се поставува прашањето каква е улогата на СДС, на Зоран Заев и Венко Филипче во сето тоа? – праша денес пратеникот Миле Лефков, за кој бугарски извори тврдат дека има 20 членови во семејството што аплицирале за […]

Арсовска бара да се уапси Ганиу за дивоградбите


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска напиша фејсбук статус со инструкции кои се чекорите за да се реши проблемот со дивоградбите во Чаир: –Таман работа господине Меџити јас да не давам решение за вие да си продолжите со криминалов. 1. Итно апсење на Висар Ганиу за зллосторничко здружување, фалсификување јавни исправи, перење пари, злоупотреба на службена […]

Алијансата за Албанците го обвини Азир Алиу дека не го почитува Преспанскиот договор


Во јасна демонстрација на кршење на Уставот и важечките закони, Министерството за здравство вчера го одбележа отворањето на Здравствениот дом во Илинден со две флагрантни прекршувања – отсуство на албанскиот јазик на официјалните табли и употреба на старото име на државата „Македонија“, наместо уставното име „Република Северна Македонија“, реагира Алијансата за Албанците на Арбен Таравари. […]