Честитка од Кос за Денот на независноста: Цврсто го поддржувам вашиот пат кон ЕУ


Европската комесарка за проширување Марта Кос во објава на Икс упати честитка до македонските граѓани по повод Денот на независноста.  – Цврсто го поддржувам вашиот пат за приклучување кон нашата Унија. Ние сме со вас на секој чекор од тој пат, наведе Кос во честитката.  Претходно, честитки по повод, како што наведе, Националниот ден, упати […]

Филипче: Државата не е сопственост ниту на партиите, ниту на владата


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и лидер на опозицијата, Венко Филипче, во обраќање по повод 34-годишнината од независноста истакна дека 8 Септември 1991 година е еден од најважните датуми во македонската историја, кога граѓаните ја донесоа одлуката за независна држава. Според Филипче, државата „не е сопственост на партиите ниту е сопственост на владата“, туку им припаѓа на граѓаните, […]

Мицкоски: Прашањето за наталитетот е прашање за нашата егзистенција


 Денес мора да донесеме одлука – да не ја оставиме татковината да згаснува тивко, туку со сите сили да ги вратиме надежта, радоста и детската насмевка во секој дом. Но, истовремено мора да внесеме и надеж. Владата ова прашање го гледа како прашање на иднината на нацијата и затоа го поставува како еден од највисоките […]

ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат, порача Кошта


Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта денеска на социјалната мрежа Икс упати честитки по повод 8 Септември – Денот на независноста што денеска се одбележува во нашата држава. „По повод националниот ден на Северна Македонија, упатувам срдечни честитки до нејзиниот народ и власти“, напиша Кошта на „Х“. Посочи дека Европската Унија останува посветена на заедничката […]

Шекеринска како заменик-шеф на НАТО е во Софија. Разговараше за придонесот на Бугарија во алијансата


  „Бугарија е постојано меѓу сојузниците во Алијансата, кои со своите доследни акции го одржуваат и зајакнуваат нејзиното единство“, изјави во недела заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска за време на посетата на Софија. „Вашата земја има исклучителен потенцијал за развој на одбранбената индустрија, а најновите иницијативи поврзани со механизмот SAFE, како и неодамна објавениот […]

Јакимовски до Мицкоски: Дивоградбите се анархија


  Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, го прашува премиерот Христијан Мицкоски дали тој промовира анархија и беззаконие во државата. Повод за реакцијата на Јакимовски е изјавата на Мицкоски пред некој ден во Брвеница дека „неговата филозофија во животот е да гради, а не да урива“. Премиерот беше запрашан од новинар дали Македонија ќе го следи […]

Навистина ли е завршена автопатската делница Климештани –Охрид, или е само пропагандна приказна


  Свеченоста денеска крај Охрид изгледаше како предизборна сцена, затоа што беше објавено дека биле пуштени уште 17 километри од автопатот Кичево – Охрид. Според фотографиите што беа објавени од владата и Министерството за транспорт оваа свеченост покажува сѐ само не завршена делница на автопат. Од фотографии што ги дистрибуираше Министерството за транспорт се гледа […]

ВМРО-ДПМНЕ пресовите сега ги држи надвор, пред тешките врати на партијата


  Треба да се видат на камера тешките и големи врати на партијата, украсени со резби. И да се има можеби уште поголема почит за партијата која има толку многу имот. ВМРО-ДПМНЕ во последно време своите прес-конференции ги држи надвор пред зградата каде што е нејзиното седиште. Под контроверзниот балкон, кој во основа не служи […]

Декласифицирајте – му порачува СДСМ на ВМРО-ДПМНЕ


  И денеска од утринава почнува вербалната борба околу наводниот скандал со прислучувањето и следењето што го правела АНБ во времето кога Христијан Мицкоски беше лидер на опозицијата. Во соопштение СДСМ пак порача да бидат декласифицирани документите од АНБ „Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се извади од кашата во која самите се ставија, откако […]

Петровска за АНБ: Ќе се објават информации што на власта нема да и се допаднат


Барањето на СДСМ за целосна декласификација на документите предизвика нервоза кај власта, која се обиде да се претстави како жртва и падна во сопствената замка. Долгото доцнење со безбедносниот сертификат на претседателот на комисијата создава сериозни прашања за законското функционирање на надзорот, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на гостувањето во „Дневник“ на Сител телевизија. […]

Димовски за „360 степени“: Немаше потреба од овој циркус ако ги декласифицираа документите


Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, останува на тврдењето дека за време на неговиот директорски мандат тогашниот лидер на опозицијата и актуелен премиер Христијан Мицкоски не бил прислушуван и следен. Димовски ја даде изјавата во интервју за „360 степени“ што е прв ваков негов јавен настап по брифингот во АНБ од […]

Муцунски одговори на Софија, без доверба не е можна евроинтеграцијата


Интеграцијата во Европската Унија (ЕУ) останува врвен приоритет на надворешната политика на земјава и Владата останува на ставот дека тој процес мора да се води исклучиво според Копенхашките критериуми, е ставот на шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, по изјавата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, дека на Македонија треба да ѝ се гарантира […]

Левица за градоначалник на Битола ќе го поддржи независниот кандидат Зоран Николовски


БИТОЛА- Партијата Левица јавно даде поддршка за независниот кандидат за градоначалник за Битола, Зоран Николовски. Денеска веста ја објави советникот Горан Велевски со заедничка фотографија на која на Широк Сокак се седнати на кафе кандидатот Николовски, пратеничката Јована Мојсовска и битолските советници на Левица, Велевски и Гаврил Трајковски. -Почитувани битолчанки и битолчани, чест ни е […]

Бујар Османи: Секој што прави чекор кон ЕУ станува цел на напади


Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, смета дека земјата веќе ги има добиено сите неопходни гаранции од ЕУ и дека сега е време за одлучни чекори напред, а не за политички игри.   „Северна Македонија ги доби гаранциите во моментот кога ја дефинираше преговарачката рамка. Таму сите прашања се регулирани. Сега не треба да […]

СДСМ прашува: Дали Мицкоски за торби пари ги продал државните интереси на странски непријатели?


„Веќе втора недела Христијан Мицкоски и директорот на АНБ, Бојан Христовски одбиваат да ја дексласифицираат документацијата која би требала да го потврди случајот со наводното следење на ицкоски. Не само што власта нема храброст да ја дексласифицира спомената документација туку и прави се за да ја саботира работата на надзорната собраниска комисија за работата на […]

Петрушевски: СДСМ призна дека го прислушкувале Мицкоски


„СДС се заплетка и призна дека го прислушкувале и следеле претседателот Мицкоски, новинари и бизнисмени“, порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конференција. Според него, тие го дале најголемиот доказ дека државен апарат бил ставен во функција за тие да опстанат подолго на власт. -СДС најпрво тврдеше дека не прислушкувале, ниту следеле, за да сега […]

Манасиевски: Рашковски фатен со 20 илјади евра на граница за кои немал покритие


Поранешниот генерален секретар на Владата на Зоран Заев,  Драги Рашковски, во текот на вчерашниот ден бил фатен на граничниот премин Ново Село со сума од 20 илјади евра кеш за кои немал покритие, твтди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. „За Рашковски и СДС не е изненадување да бидат дел од некаков криминален или пак коруптивен […]

Филипче: Срамно и неодговорно е да губиме пари заради неправење реформи


Македонија е заглавена. Државата тапка во место, додека целиот регион – од Албанија до Црна Гора – забрзано се движи кон Европската Унија. Сè додека Владата бира да не прави ништо, нашите граѓани плаќаат со загубени можности, непочнати реформи и изолирана иднина, рече лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, за „Слободен печат“, давајќи […]

Катерина Цаневска ќе ја предводи советничката листа на СДСМ за Скопје


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“  посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ги изневери очекувањата на граѓаните и наместо исполнување на ветеното граѓаните добија пиаровски меур од ветувања кој за една година пукнал.    „Граѓаните беа излажани, им ветуваа враќање на името, подобрување на преговорите со ЕУ, справување со криминал. Наместо тоа, добија […]

АНБ истражувала сомнителни финансиски извори на ВМРО-ДПМНЕ?


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврди дека власта е против декласификација на документацијата, поради стравот да не излезат на виделина информации за сомнителни странски финансиски извори поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. „Имаше сомнителни извори на унгарскиот кредит, дали се тоа кинески или руски пари, никој не знае. Гледате каков е сојузот помеѓу Русија и Кина на светско […]