Се запалила скара во Лептокарија, пожарот е угаснат


Претпладнево на социјалните мрежи се појави видео во кое можеше да се види пожар во ТЦ Лептокарија, во општина Карпош.Најновите информации говорат дека пожарот е изгаснат. Пожарот во населбата Лептокарија во општина Карпош е изгаснат. Горела скара во угостителскиот објект „Гиро Хоусе“. На интервенцијата учествувала БППЗ на Град Скопје со 1 ПП возило и три […]

Се санираат последиците од невремето во Градски парк, вели скопскиот градоначалник Ѓорѓиевски


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од Градскиот парк со порака дека по силното невреме што пред некокку дена го зафати главниот град, Градскиот парк повторно го враќа својот сјај. – Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема. Благодарение на брзата реакција […]

ИЈЗ објави препораки за заштита од топлото време поради најавата за високи температури од утре до 7 август


 Избегнување директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и светлобојна капа, останување во затворени и климатизирани простории, при престој на отворено во тој период да се прават чести одмори под сенка, да се внесува умерена количина храна, да се избегнува […]

Невремето уништи делови од коритото на Серава – активирана гаранцијата


Големото невреме во Скопје, нанело штети на коритото на реката Серава која тече низ Општина Бутел, а кое беше чистено и уредувано во март годинава. Затоа што изведбата имала гаранција од 10 години, а невремето во Скопје, успеа да го оштети по само неколку месеци, Општина Бутел ја активираше гаранцијата за санирање на штетите на […]

Целосно се реконструира мостот „Естакада“ во Гази Баба


Целосно се реконструира мостот „Естакада“ – важна сообраќајна врска за Гази Баба и за цело Скопје, соопшти Град Скопје.   остот „Естакада“ се наоѓа на еден од најфреквентните влезови и излези од градот и претставува значајна сообраќајна артерија за илјадници граѓани кои секојдневно се движат кон и од општините што гравитираат во овој дел на […]

Изработени 53 поводници за прошетки на кучиња во „Лајка“


Јавното претпријатие „Лајка“ – Скопје, „Европска куќа“ и Алпинистички клуб – Скопје успешно ја реализираа креативната „upcycling работилница“ на Средно Водно, каде старите алпинистички јажиња добија нов живот како издржливи поводници за кучињата згрижени во прифатилиштето, соопштија попладнево од јавното претпријатие. – На работилницата учествуваа голем број граѓани кои преку својата креативност и ангажман придонесоа […]

ЈП Паркинзи на Општина Центар отвори нова канцеларија за грижа за корисници


ЈП Паркинзи на Општина Центар официјално ја отвори новата канцеларија за грижа за корисници, современ простор наменет за побрза, поквалитетна и поефикасна услуга за сите корисници на претпријатието. Како што информираат од ЈП ПОЦ Центар, во рамки на инвестицијата е изведен целосно нов и модерен ентериер, воведен е современ административен систем за управување со редот […]

Тројца заболени со западнонилска треска се во критична состојба


Заклучно со 30 јули 2026 година, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска.   На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба.   Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството […]

Ќе се постават камери на сите детски и спортски игралишта во Бутел


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информираше дека е започна целосна реконструкција на сите детски и спортски игралишта на територијата на општината. Според него, ќе бидат санирани сите оштетени и неупотребливи делови, со цел игралиштата повторно да бидат безбедни и функционални за најмладите и за сите рекреативци. „Детските и спортските игралишта се наша заедничка грижа […]

Општина Гази Баба гради четири нови детски градинки: Ќе нема повеќе листи на чекање


Општина Гази Баба продолжува со инвестиции во предучилишното образование преку изградба на четири нови детски градинки, со цел да се обезбедат повеќе места за згрижување на децата и да се намали недостигот од капацитети. Првиот човек на општината Бобан Стефковски информираше дека изградбата на градинката во Трубарево е целосно завршена и веќе згрижува 60 деца. […]

Културна титула, некултурна намера


Културната титула треба да носи достоинство, отвореност и европска мерка, додека пак некултурната намера почнува кога зад неа се бара простор за трошење 21 милион евра без целосна јавна контрола. Обидот во Собранието  „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“ да се турка низ „посебен модел“ е удар врз самата смисла на проектот. Тоа […]

Без вода дел од општина Центар


Без вода во текот на денов ќе биде дел од општина Центар, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиени информации од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според најавата, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11 часот за корисниците на делови од улиците „Бел Камен“, „Водњанска“ и „Шарски Одред“.

Без струја делови од Карпош и Центар


Без струја во текот на денов ќе бидат делови од општините Карпош и Центар, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиени информации од „ЕВН Македонија“.  Без електрична енергија во општина Центар предвидено е да останат улица „Железничка“ број 20, 22, 22-а, 26 и 30 и улица „Герман“ број 26 и […]

Едносменска настава за учениците од VI до IX одделение во ООУ „Димитар Македонски“ во Лисиче


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, каде што интензивно се работи на создавање услови за воведување на едносменска настава од 1 септември, согласно со насоките и препораките на Министерството за образование и наука. Летниот распуст се користи за уредување и адаптација на […]

Десетта фаза прскање против комарци во Скопје по порастот на случаи од западнонилска треска


Град Скопје ја спроведе десеттата фаза од дезинсекцијата против комарци на подрачјето на главниот град, опфаќајки аерсолна и теристичка заштита. Оваа акција доаѓа во период кога во Македонија се потврдени осум случаи на западнонилска треска, а вирусот се шири низ Европа и регионот, каде во соседна Грција се регистрирани четири смртни случаи кај постари лица. […]

„Киноверзум“ во Кисела Вода се санира, еве кога повторно почнува со работа


Силното невреме проследено со обилни врнежи кое неодамна го погоди главниот град, предизвика штети на објектот и опремата и на киното „Киноверзум“ во Кисела Вода, кое е лоцирано во Домот на култура „Билјана Беличанец“. Од „Киноверзум“ тогаш информираа дека привремено нема да работат на оваа локација, поради санација на просторот и опремата. Денес, доаѓа убава […]

Работници уништиле пешачки мост во Градски парк во Скопје – пренесувале багер


Граѓани на социјалните мрежи реагираат дека еден пешачки мост во Градскиот парк е целосно уништен, откако работници кои работеле во паркот се обиделе да преку него да пренесат багер. Но, според сведоштва на граѓаните, даските попуштиле па сега мовчето е целосно уништено. „Оти паркот не е доволно уништен, ете сега и мостот го искршија со […]

Уште 10 училници и спортска сала добива ООУ „Блаже Конески“


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин, каде што се реализира втората фаза од еден од најзначајните капитални проекти во областа на образованието во Општина Аеродром. Градежните активности се одвиваат според предвидената динамика, а со реализацијата на проектот Аеродром ќе го добие едно од […]

Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик


Општина Центар го објави Јавниот повик за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица кои претрпеа штети од силното невреме што го зафати подрачјето на општината на 21 јули 2026 година. Физички и правни лица со недвижен имот на територијата на Општина Центар, ќе бидат обештетени согласно донесениот Правилник, исклучиво за оштетени кровни […]

Костадиновска-Стојчевска: „Скопје 2028“ е ново „Скопје 2014“


Скопје ја победи црногорската Будва во 2023 за Европски град на културата за 2028. На церемонија во Домот на европската историја во Брисел, присуствуваа тогашната  градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, тогашната министерка за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и други учесници кои ја подготвуваа апликацијата.Главниот концепт на кандидатурата беше „Culture over Division“ – култура над […]