Почна изградба на градинка во близина на зградата на „Мерцедес“


Почна изградбата на нова детска градинка во Маџари Триангла, општина Гази Баба. Како што беше кажано на настанот, оваа нова градинка ќе има капацитет од 150 деца, што ќе овозможи поголема достапност на предучилишно образование и грижа за најмладите. Објектот ќе биде изграден на површина од 1.360 квадратни метри, сo 10 занимални, две јасли и […]

Авто-школите поскапуваат за неверојатни 40 отсто


Полагањето за возачка дозвола од Б категорија поскапе за речиси 10.000 денари, што остави многумина изненадени и револтирани, пренесува порталот Денар.  Ако досега кандидатите плаќаа околу 24.000 денари за целата обука во авто-школите, од овој месец цената скокна на 34.000 денари, а плус на тоа се додава и трошокот за изнајмување полигон, кој чини 250 денари […]

ЗХГ: Приоритет за ВМРО-ДПМНЕ е да си вработат партиски кадри како инспектори што ќе казнуваат за фрлање ѓубре


Ѓубрето нема да се намали ако се намали времето во кое смее да се фрла. Очигледно е дека за новата градска администрација контејнерите повеќе загадуваат отколку индустријата и дека приоритетот е да се удри по џебот на граѓаните, наместо да се удри по мултимилионските титански загадувачи, реагираат од Зелен хуман град, на одлуката ѓубрето од […]

Без струја денеска делови од Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај


 Без електрична енергија денеска ќе бидат повеќе делови од Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД. Без струја денеска од 08.30 до 13.00 часот, ќе бидат корисниците на дел од улица „Васил Стефановски“ и „20ти Октомври“, во Општина […]

Ѓорѓиевски му го покажа Скопје на Мицкоски , сега личело на метропола


Премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа беа во обиколка на главниот град. -Вечерна обиколка на Скопје со премиерот Христијан Мицкоски, кое сега конечно личи на метропола, како што доликува. Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема […]

Од утре стартува ноќната забрана за фрлање отпад – инспекторите ќе работат 24 часа


Од утре стапува во сила забраната за изнесување отпад по 22 часот, мерка што Град Скопје ја воведе со цел да се воспостави ред во управувањето со сметот и да се спречат злоупотребите на контејнерите. Контролата ќе ја вршат комуналните инспектори и редари, кои од утре ќе работат во три смени, односно 24 часа. Градот […]

Дел од општина Карпош утре без вода


Без вода утре од 9:00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Франклин Рузвелт“, „Рампо Левката“, „Дрезденска“ и Ученичкиот дом на Град Скопје „Здравко Цветковски“ – Скопје. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на три затворачи на улицата „Франклин Рузвелт“ број 37. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до […]

Герасимовски: Продолжуваме со редовно миење на улиците за чист и безбеден Центар


Општина Центар утринава спроведе интензивно миење на улиците во сите населби на територијата на локалната самоуправа. Цистерните и метларките на ЈП „ПОЦ“ ја миеја прашината на улиците и тротоарите, го освежуваа и расчистуваа просторот околу контејнерите. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочи дека редовното миење на улиците придонесува за намалување на загадувањето со ПМ-честички […]

Во Аеродром ќе се сади дрво за секои 10 метри квадратни новоградба


  Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави ново правило со кое секој нов проект за изградба ќе придонесува за зголемување на зеленилото во градот. Според правилото, за секои 10 м² новоградба, на јавните површини ќе се засадува еден нов садник. „Секоја нова градба ќе носи дел од природата назад во нашиот град“, истакна Митески, […]

Нема веќе фрлање ѓубре навечер: Ќе се казнува!


Град Скопје воведува ново правило – од 22 часот навечер до 6 часот наутро строго се забранува фрлање ѓубре. Одлуката, изгласана од советот на Градот на предлог на градоначалникот, има за цел да го подобри собирањето на отпадот и да спречи создавање диви депонии околу контејнерите. Секој што ќе ја прекрши забраната ќе се соочи […]

Симоновски: Непостапувањето во ВМРО-ДПМНЕ се цени – нови државни функции добиваат луѓе од УО на ЈП


Зошто ВМРО-ДПМНЕ им дава нови државни функции на претседатели на Управните одбори од јавните претпријатија во Скопје кои го гушеа градот со години и го претворија во депонија, сакаше денеска да знае советникот од СДСМ во Градот Скопје Горан Симоновски, на втората седница на Советот, на која на дневен ред беше и ребалансот на Буџетот […]

Објектот на поранешен „Мекдоналдс“ во Аеродром останува, но треба да се уреди


Општина Аердором денеска соопшти дека се отстранува дел од објектот на „Дежа ву“, односно затворената тераса, која неколку години функционираше и како игротека, па ги прашавме што се случува со објектот на поранешен „Мекдоналдс“ од другата страна на булеварот.  Од таму одговорија дека објектот е во приватна сопственост, но дека даден е налог за уредување […]

Се враќа тревникот до „Капитол мол“ – ја нема веќе „Дежа ву“ игротеката


Општина Аеродром информира дека тревната површина до ТЦ „Капитол мол“ повторно ќе биде целосно отворена и вратена на користење на сите граѓани. Утринава започна отстранувањето на објектот кој со години беше поставен на тревникот покрај булеварот „Јане Сандански“. Овој објект функционираше врз основа на Решение за поставување урбана опрема, издадено пред десетина години од Град […]

СДСМ ќе го поддржи ребалансот на Буџетот на Град Скопје


Во пресрет на најавениот ребаланс на Буџетот на Град Скопје, советничката група на СДСМ испраќа порака дека ќе настапи рационално и одговорно. Поддршката за ребалансот, велат, не произлегува од согласување со политиките на градската власт, туку од потребата да се обезбеди непречено функционирање на јавните претпријатија и да се заштитат граѓаните и вработените. Во разговорот, […]

Ѓорѓиевски ги откри имињата на новите директори на скопските јавни претпријатија


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера објави кадровски промени во четирите најголеми јавни претпријатија под ингеренција на Градот. Во емисијата „Само интервју“, тој истакна дека на чело на ЈП „Улици и патишта“ ќе застане Борис Настов, кој ја извршуваше истата функција на почетокот од мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска. Во „Водовод и канализација“ нов […]

Без вода Гинекологија Чаир и улиците „Дижонска“ и „Коста Абрашевиќ“


Без водоснабдување денеска од 09 часот ќе бидат жителите на улиците „Дижонска“ и „Коста Абрашевиќ“ и Гинекологија Чаир, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“.  Причина за прекинот е дефект на улицата „Дижонска 17“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот. 

Без струја делови од неколку скопски општини


Без напојување со електрична енергија времено во текот на денот ќе останат делови од неколку скопски општини.  Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, соопшти дека од 08 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. Павле Божинов во општина Гази Баба, од 08 до 12 часот […]

Без вода делови од Центар, Карпош и Бутел


Без вода денеска од 9 часот ќе останат дел од жителите лоцирани на улиците „Васил Ѓорѓов“ број 19, „Народен Фронт“ и „Христо Смирненски“ број 13, а од 10 часот дел од жителите од улицата „Александар Урдаревски“.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради уличен дефект на „Васил Ѓорѓов“ број 19, прекин во […]

Поставен камен-темелник за новата спортска сала во ООУ „Блаже Конески“


Со свечено поставување на камен-темелник денеска официјално започна изградбата на новата спортска сала во рамките на ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин, со што стартува втората фаза од доградбата на ова училиште – еден од најзначајните и најголеми капитални проекти во Општина Аеродром. На површина од 1.800 метри квадратни, втората фаза опфаќа изградба на современа спортска […]

На Денот на ослободувањето на Скопје, новиот градоначалник рече дека се бори против запоставеноста и нечистотијата


Денес, на годишнината од ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор, пред споменикот на ослободителите во близина на зградата на Владата, но претходно и на Партизанските гробишта во Бутел, бројни делегации положија свежо цвеќе. – Денес, оддаваме почит на паднатите херои пред Споменикот на ослободителите на Скопје и споменикот на генерал Михајло Апостолски. На 13 Ноември, […]