Повеќе од 60 скопјани казнети оти фрлале ѓубре по 22 часот


Над 60 граѓани во Скопје се соочија со парична казна од по 50 евра откако инспекторите ги фатија на дело фрлајќи ѓубре по 22 часот. Мерката за забрана на вечерно одлагање на отпад е веќе во сила од неколку месеци, а периодот на опомени и прилагодување заврши – сега инспекторите строго казнуваат. „Сител“ направи обиколка […]

Пет основни училишта и три детски градинки во Ѓорче ќе добијат енергетски ефикасни системи за греење


Пет основни училишта и три детски градинки во општина Ѓорче Петров ќе добијат енергетски ефикасни системи за загревање. Како што информираше градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска потпишале Меморандум за соработка со UNOPS во рамки на ЕУ-проектот „ЕУ за чист воздух“, со јасна цел – подобар квалитет на воздух и енергетски ефикасни јавни објекти. Проектот […]

Скопска зоолошка: Џуџестите мармозети добија близначиња


Скопската зоолошка градина утрово сподели прекрасни вести – добија принова! „Принова кај најмалите мајмунчиња на светот: Еден од нашите парови џуџести мармозети доби близначиња, информираат од Скопје ЗОО преку објава на Фејсбук. Џуџестите мармозети се сметаат за најмали мајмуни на светот и тежат најмногу до 100 грама. Токму затоа, како што посочија од Скопската зоолошка, и […]

Без вода улицата „Борис Трајковски“


Денеска, поради уличен дефект на ул. „Борис Трајковски“ бб (спроти Веро), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:50 часот до завршување со санација на дефектот.

Попладнево Скопје ќе биде блокирано поради протестот на ССМ (мапа)


Од Министерството за внатрешни работи информираат дека денеска од 17 часот во Скопје ќе функционира посебен режим на сообраќај поради најавениот протест на Сојузот на синдикатите на Македонија. Протестниот марш ќе започне во 17 часот пред зградата на Сојузот на синдикати на улицата „Мирче Ацев“, по што учесниците ќе се движат низ централното градско подрачје […]

Почнува реконструкција на спортските терени на кејот на Вардар


Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, синоќа изврши обиколка на кејот на реката Вардар, каде што официјално почнува реконструкцијата на спортските терени. Скопје, како што објави на социјалните мрежи Ѓорѓиевски, добива уште еден значаен проект за унапредување на јавниот простор и спортската инфраструктура. Проектот, како што соопшти Град […]

Прекинато водоснабдување во населбата 11 Октомври во општина Кисела Вода


Корисниците од населбата 11 Октомври во општина Кисела Вода, вечерва, се без водоснабдување поради уличен дефект на водоводна цевка на улица „Лазар Димитров“. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, водоснабдувањето е прекинато од 19:40 часот и ќе трае до завршување на работните активности. – Поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 100 на […]

Ѓорѓиевски и Љутков се фалат: Калето ќе биде жива културна сцена, а има ли кој да го смени знамето?


Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, се прошетаа повторно по Скопското кале, од каде ветуваат дека Калето ќе биде жива културна сцена, но прашањето е кога? Летоска беа со силна механизација од сите општини да го исчистат ѓубрето, а сега, неколку месеци подоцна појдоа да ја согледаат актиелната […]

Мицкоски: Реконструкцијата на спортската сала Расадник е при крај, следниот месец треба да се пушти во употреба


Реконструкцијата на спортската сала Расадник е при крај, и следниот месец треба официјално да биде пуштена во употреба, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општина Гази Баба. – Мислам дека е при крај и дека веќе следниот месец или месецот потоа најдоцна, треба и таа да се пушти во […]

Градот Скопје почна присилна наплата на данок на имот за 2021 година – должат 2,5 милиони евра


Градот Скопје на 9 декември 2025 година упати јавен повик до сите даночни и таксени обврзници, правни и физички лица, кои имаат неплатени обврски по основ на данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина за изминатите години, да ги подмират своите долгови во најкраток можен рок. Заклучно со 23 […]

Синдикати на автобуски и такси превозници: Разумно решение за повисока минимална плата, без штета на услугите за граѓаните


Сите засегнати страни разумно да пристапат за решение за зголемување на минималната плата, кое за износот од 200 евра што се бара може да се реализира единствено со субвенционирање од државата. Во спротивно ќе резултира со минимално или работење со загуби, велат од Синдикатот на приватни автобуси превозници на град Скопје. – Изразуваме голема загриженост […]

Клиничкиот центар добива две катни гаражи – 500 нови паркинг места


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека официјално започнува процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, со што трајно ќе се реши долгогодишниот проблем со паркирањето во овој дел од градот. „Денес, заедно со министерот за здравство Азир Алиу и стручните тимови […]

Локализиран пожарот кај Тутунскиот комбинат во Скопје


Пожарот кој избувна денеска во близина на Тутунскиот комбинат во Скопје е локализиран. Тој избувнал во импровизирана автомеханичарска работилница, при што причинета е само материјална штета, а повредени лица нема. Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томевски во изјава за МИА вели дека на терен интервенирале 10 пожарникари со три возила. „Пожарот […]

Музички настан полн емоции за Тоше Проески во ООУ „Лазо Ангеловски“ (галерија)


Во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, општина Аеродром денеска се одржа забавниот културно-уметнички настан „Тоше, те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше Проески. Настанот е инициран од жителите на Аеродром, а е поддржан од Општината. Ученици од сите основни училишта од Општина Аеродром со свои хорски, соло и трио изведби на песните […]

Голем пожар кај Тутунски комбинат во Скопје


Голем пожар избувна пред малку во близина на Тутунскиот комбинат во Скопје. Столбот од чад е видлив од повеќе делови на Скопје. На местото се пристигнати повеќе пожарникарски екипи, кои се обидуваат да го стават огнот под контрола. Според првичните информации, пламените јазици зафатиле објект и материјали во кругот на комбинатот. Некои од очевидците велат […]

Отворен конкурс за проекти што носат нова енергија на културната сцена на Општина Центар


Општина Центар распиша конкурс за финансиска поддршка на проекти од сите области на културата за 2026 година, со цел унапредување и збогатување на локалната културна сцена. „Општина Центар е препознатлива по својата автентична културна понуда, по креативните идеи и уметничките изрази што го оживуваат јавниот простор. Ги повикувам сите уметници, здруженија и организации од областа […]

Поради дефект без вода дел од Тафталиџе


Поради уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на улица „Хелсинки“ 54 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата „Нобелова“ и дел од улиците „Хелсинки“, „Виенска“ и „Лондонска“. Како   што информираат од ЈП „Водовод и каналиација“ – Скопје водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:15 часот до завршување на работните активности.

„Тоше, те сакаме“ – културно-уметнички настан во чест и сеќавање на Тоше Проески


Во аулата на ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче денеска, од 12:00 до 15:00 часот, ќе се одржи забавниот културно-уметнички настан „Тоше, те сакаме“, посветен на ликот и делото на Тоше Проески. Настанот е инициран од жителите на Аеродром, а е поддржан и коорганизиран од Општината. Предвидува свечено отворање и настап на деца од градинките, […]

Пред четири години ја реконструираше Арсовска, сега Ѓорѓиевски ја прекопува улицата „Перо Наков“


Целосна реконструкција на улицата „Перо Наков“ почна денеска во соработка на Град Скопје со општина Гази Баба. – Станува збор за улица од исклучително значење за локалното население и за целата општина, која со години беше во катастрофална состојба и претставуваше вистински предизвик за безбедно и нормално движење  – вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. […]

До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег


До сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура. По одделни котлини ќе има појава на магла, соопшти УХМР. Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе […]