Курти денеска доаѓа во Скопје – МВР најави промени во режимот на сообраќај


Денеска (10.02.2026) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги […]

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање


Комуналните инспектори и редари на Општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени површини. На секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар. […]

Приватните превозници бараат посебен третман од „Безбеден град“ – автобусите се долги, ги „фаќа“ црвено


Приватните превозници во Скопје реагираат дека системот „Безбеден град“ неправедно ги санкционира автобусите. Според нив, не се зема предвид спецификата на сообраќајот на градските линии. Јовица Зафировски, претставник на приватните превозници, објаснува дека проблемот се јавува особено на раскрсници со трепкаво зелено светло. „Ова може да предизвика сериозни последици во јавниот превоз, бидејќи немаат доволен […]

Стан во Центар од 83 квадрати продаден за 246.000 евра, најмногу продадени станови има во Аеродром


Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159 станови повеќе од третиот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 27.522 листови за предбележување […]

 Општина Кисела Вода нуди постојано собирање кабаст отпад – ќе ве чини 1.500 денари


  Општина Кисела Вода, преку Јавното комунално претпријатие „Кисела Вода 2022-Скопје“, започнува со самостојно и континуирано собирање на пријавен кабаст отпад на целата територија на општината. До сега, според општината, оваа услуга се реализираше неколку пати годишно, во соработка со службите на Град Скопје, но од сега услугата ќе биде достапна континуирано, секогаш кога граѓаните […]

Дебар Маало добива уредена пешачка и резиденцијална зона


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на почетокот на градежните активности за реконструкција и пренамена на улицата „Мирослав Крлежа“ во пешачка и резиденцијална зона. „Станува збор за проект што се реализира на барање и по мерка на жителите. Ова е зафат што долго време беше најавуван и ветуван, но денес конечно се реализира на […]

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи


 Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“ АД Скопје, измената се спроведува согласно издаденото Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Град Скопје со број 15-13418/4, од 2 […]

Во делови од Скопје планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енергија


Од ЕВН Македонија информираат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од градот Скопје и неговата околина. Во периодот од 06:00-10:00 часот без струја ќе бидат корисниците на ул.Пајак, ул. Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие) во општина Центар, во период од 08:30-14:30 часот корисниците […]

За еден месец собрани еден тон текстилен отпад во Кисела Вода – најполн контејнерот од Расадник


За само еден месец собравме еден тон текстилен отпад во Кисела Вода, сподели градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. Таа вели дека ова е јасен доказ дека граѓаните ја препознаваат важноста на селектирањето и правилното одлагање. Посочи дека најмногу текстил е собран од контејнерот во населбата Расадник и дека во моментов се поставени 15 контејнери пред месните […]

Саем на македонска традиционална храна во Скопје: „Создадено со мерак, вкусно до последен залак“


Националната федерација на фармери (НФФ) денеска организира Саем на македонска традиционална храна под мотото „Создадено со мерак, вкусно до последен залак“. Настанот ќе се одржи во Скопје City Mall, во периодот од 10:00 до 20:00 часот. Саемот има за цел унапредување на пласманот на традиционалните производи и зајакнување на малите локални производители.  На настанот ќе […]

Карпошани ќе добијат Младински и Ресурсен центар


Советот на Општина Карпош заседаваше по осми пат, каде советниците разгледуваа 23 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока поддршка доби Одлуката со која општина Карпош отстапува дел од спортската сала „Партизан“ која е во нејзино владеење, на времено користење од 3 години без надоместок, за намена Младински центар – Карпош. […]

Вo јануари отстранети 2.765 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје


 ЈП Комунална хигиена-Скопје соопшти дека нивните екипи во текот на првиот месец од 2026 година подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. Отстранети се и  2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е […]

Дел од центарот на Скопје денеска без вода


Поради уличен дефект на цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Св. Кирил и Методиј“ бр. 48, денеска од 8:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата „Димитрие Чуповски“, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар во Општина Центар. Како што информираат од ЈП Водовод и канализација […]

Сите исто ќе плаќаат паркинг – нема повеќе повластени


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека не е планирано зголемување на цените за паркирање во главниот град, нагласувајќи дека фокусот на градските власти е воспоставување ред и еднаков третман за сите граѓани. На денешната прес-конференција, Ѓорѓиевски одговори на новинарско прашање поврзано со цените на паркингот и повластените услови за одредени институции и вработени. […]

Возачите на ЈСП ќе си ја плаќаат казната ако поминат на црвено


Речиси 150 црни точки ќе бидат обележани за поголема безбедност во сообраќајот на улиците, најави скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање. Прашан во врска со сообраќајните знаци, особено пред училиштата, бидејќи, според граѓаните, немало доволно сообраќајни знаци, не знаеле колку да возат, а имало поплаки и за инфраструктурата, Ѓорѓиевски се […]

„Езерце“ во Скопје е урнато. Ќе никне ли нов ресторан таму?


  Поранешниот ресторан „Езерце“, односно она што по години негрижа остана од него во Градскиот парк во Скопје, деновиве се урива до темел. Што ќе има на тоа место е дискутабилно, затоа што градоначалникот на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски тврди едно, а Општина центар сосема друго. Ѓеорѓиевски вели дека таму ќе имало „детско катче“, додека од […]

И Гази Баба субвенционира возачки дозволи


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски утрово сподели дека младите од општината добиваат 10.000 денари за полагање возачки испит Во објавата на Фејсбук, Стефковски информираше дека е објавен Јавен повик за субвенционирање на младите за полагање на возачки испит – конкретна мерка, за која вели дека е реална поддршка со јасна порака дека младите се […]

ЗХГ: Советот на Град Скопје дозволи наплата на паркинг во дивоградба што во Катастар се води како деловен простор


Мнозинството во Советот даде дозвола да се наплаќа паркирање во дивоградба, веројатно пост-фестум легализирана по едно евро квадрат. Објектот за кој дадоа дозвола да наплаќа паркинг во имотен лист не се води како Е2 Катна гаража, туку се води како Б4 Деловни простории, велат од Зелен хуман град. „Според Катастар објектот е во сопственост на […]

Униформи за средношколците, прочистувачи за водух, смарт-табли и мегапаркови најави Ѓорѓиевски во Скопје


Во рамки на буџетот на Град Скопје за 2026 година се предвидуваат средства за изградба на нови паркови, со цел зголемување на зелените површини и подобрување на квалитетот на живот. Како прв ваков проект е  најавен мегапаркот „Христијан Тодоровски – Карпош“ во општина Бутел, кој, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, треба да прерасне во новото „зелено […]

Дваесет објекти ќе се рушат за изградба на „Цветан Димов“, но дрвјата ќе останат


Со меѓуопштинска соработка, Градот Скопје ќе го финансира проширувањето на булеварот „Цветан Димов“ во Општина Чаир, а општината треба да ја изработи проектната документација. За проширување на овој скопски булевар, ќе биде потребно да се експроприртаат дваесетина објекти, а обврска за тоа зеде градонаќалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој, на денешната прес-конференција рече дека работата […]